Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Треба некој да ги номинира/предизвика :D
     
  2. KatFem

    KatFem Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    658
    Напротив, баш денес 5-6 пријатели на моја возраст објавија видео на фб :)
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Уморна сум од се`.
    Деновиве бев под голем стрес и притисок и на раб на нервен слом.
    Нервите ми попуштија.
    После се`, собирам сили да продолжам напред и да пробам колку толку да заборавам на сите проблеми.
    Ја иструрив нервозата на погрешни лица и сега патам поради тоа. Ми простија, бидејќи знаат во каква состојба се наоѓам, но мене сеуште ми тежи камен на срце. Ништо не може да го врати кажаниот збор и веќе стореното дело.
    Понекогаш толку многу се мразам и посакувам се` што досега (не)намерно сум згрешила дупло да ми се врати.

    Како јаготка на шлагот, дома 24/7 има гости. И тоа нешто страшно ме иритира.
    Да се разбереме..јас сакам луѓе, сакам кога куќата ми е полна со луѓе, но се` во граници на нормалата. Има моменти кога не сакам гужва. Кога едноставно сакам да бидам сама.
    А тоа овде не е можно. И што е најлошо, се шетаат од соба во соба. Како во хотел.
    Ја имаат целата слобода. И не знам дали ние дома сме виновни што дозволуваме да биде вака или па тие немаат основна култура.
    Јас колку и да се чувствувам своја и слободна, во нечија куќа, никогаш не сум си дозволила да се шетам од соба во соба или да седам дур да се раздени.Ај преку ден разбирам, ама и навечер. Баш кога најмногу сакам да се одморам од секојдневните обврски и да си ја смирам главата...

    Ми треба рехабилитација.
    По можност неколку месеци...
     
    На Lella, QweenSM, Gea и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Сакам предизвик во Барам филм. Некој италијански со Џорџ Клуни, ако не е ни италијански, ни со него.
     
  5. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Не е до нас, понекогаш плановите ни одат во погрешна насока, понекогаш е тешко да ги оствариме нашите сонови.
     
  6. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.482
    Ова утро, и покрај несоницата, и премореноста, полна ми е душата!

    Едноставно, делчето од сложувалката, по 7 месеци, конечно се вклопи на вистинското место.
    И налик има на вујче од Америка. :lol:
     
    На Barbie20 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Во животот се менуваат годишни времиња...
    Има ден и ноќ, има среќни и тажни моменти, има падови и подеми, пред нас видици, патишта, глетки, луѓе низ ходниците на животот со свои животни приказни.
    Секој сам си одбира свој животен пат.

    На мојот животен пат го имав најсилниот водич.
    Ја имав Љубовта, мојата вечна придружничка.
    Танцувајте на сопствената музика :sun: :f:
    И јас танцувам на мојата :d: живели.
    Сдк тоа сакав да кажам :hai: :*
    [​IMG]
     
    На vinozito1, Katerinceee, Barbie20 и 13 други им се допаѓа ова.
  8. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам дека луѓево тотално се збудалени..Не ми е сфатливо како може човек да не сака љубов,да не сака да биде сакан,почитуван...Зошто човек би глумел дека сака некого ако не е така,која е причината што имаат корист од тоа..Отидов 200 километри за да ја видам мојата најдобра другарка сакав да ја изненадам а не знам што се случи што наеднаш се смени за 360 степени..А колку само ми докажуваше дека ме сака највише од се,е каква е таа љубов што исчезнува за 5 дена..Смачено ми е од луѓево
     
  9. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    О не... само тоа не ни го земај, честа да ги читаме твоите осудувачки мислења. :o Немој, те молам, само тоа не. ;(

    Озбилно, што очекуваш да добиеш на приложен хејт? Хејтот влече хејт, научно е докажано. Позитивните мисли, коментари и дела исто така влечат туѓа среќа, насмевка и радост, па ако некому правиш добро, голема е веројатноста дека ќе ти напише колку си добра, паметна и убава, ама ако мислите ти се „грда, одвратна, злобна“, уште поголема е веројатноста дека ќе направиш грда гримаса додека го зборуваш тоа и сите ќе те гледаат како неподобна. :emo:

    Ах, нема повеќе смисла моето постоење на виртуелен интернет форум, место за дискусија и спротиставување мислења и ставови, за напаѓање и бранење на идеи, Дореми, членката со најкреативно име си заминува, си заминувам и јас. |-)
     
    На Lella, Cka и lunicka им се допаѓа ова.
  10. oneday

    oneday Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    456
    Пол:
    Женски
    Денес ми е роденден :dance: :party: :hug: :makeup:
     
    На Ivy89, Barbie20, Lella и 3 други им се допаѓа ова.
  11. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.034
    Допаѓања:
    36.186
    Пол:
    Женски
    Ги сакам старите предмети, се приврзувам за нив и грижливо ги чувам.
    Секој од нив е дел од мене, од мојот животен пат, од тоа што сум јас.Низ годините на раст и созревање создадов збирка од спомени со свои приказни од кои научив дека и најмалиот предмет затурен во некој агол кога ќе го доловам побудува сеќавања што разнежнуваат.
    Погледот фрлен кон старата дрвена нишалка која е стара неколку децении, но само бројчано, а визуелно е толку добро сочувана што секој би се изненадил од нејзината функционалност после толку години.Тенки дрвени парчиња во крем боја составени во вид на кутија на која страничните делови ја украсуваат црвени и жолти топчиња.Уникатна и убава изработка, производ на старите времиња каков што денес не се наоѓа.Ја добив како подарок за роденден од мојата баба.
    Деновите кога се нишав на неа се исполнети со неописливи емоции.
    Се чувствував моќно, возвишено, како да сум го допрела небото во сите нијанси, небаре сум ги совладала сите препреки кои денес не се преминуваат лесно.Сонце, воздух, расцветани дрвја и погледот на сонливиот мачор кој ме демне под големата сенка.Безгрижни денови, радост и среќа како во бајките.
    Копнеам за миг да се вратам во минатото и повторно да го живеам духот на времето.
    Се би било полесно ако не е сложено.Колку ќе беше едноставен животот ако со еден залет ја постигнавме целта?Ама тоа е возможно само во детството, во моментите исполнети со игра и насмевка.
    Денес таа е место на кое се раѓаат нови спомени.
    Еден ден мојата внука ќе се врати во минатото и ќе ја раскаже нејзината приказна.До тогаш, ќе ги совладува небесните пространства и ќе ги запознае животните убавини од детска перспектива.
    А јас со секоја глетка копнеам да направам ретроспектива на деновите од детството и повторно да се занишам како некогаш.
    Но, сега знам дека ќе ми треба повеќе од еден залет за да успеам.
    Ништо не е совршено како тогаш... Освен спомените.
     
    На Barbie20, Valerin, AnaKarenina и 8 други им се допаѓа ова.
  12. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.247
    Пол:
    Женски
    Се чувствувам празно. Никогаш не сум се чувствувала вака.
    Не сакам да зборувам, ниту да читам, ниту да слушам.
    Сакам тотална тишина, која што ќе може да го опише тоа што ми се случува.
    Имам дупка во срцево. Ми недостига. Ми недостига моето насмеано лице кое никој не моѓеше да го растажи бидејќи имав сѐ што посакував. Ми недостигаат малите слатки тајни. Ми недостига приготвувањето на ручек заедно со мајка ми. Ми недостигаат долгите искрени разговори. Ми недостига смеењето до болка.
    Да, тоа е прилично огромна дупка. А јас не знам како да ја пополнам.
     
    На Aneto10, Katerinceee и Barbie20 им се допаѓа ова.
  13. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Комшиската мачка пак се катерила по мојата кола ноќеска. Ќе ја исперам, да не ме мрзи да станам :D

    Заладува. Цело јато гуски прелетаа сабајле на мене над глава. Ќе бегаат, не се будали да мрзнат. Така да би можела само. Ич не го сакам студеното, ич ич ич, ама ич! Бран е, сигурно, бран да го однесе. Маж ми одбројува веќе денови до божик. Детиште, одамна не е тепан :!:

    Ај да станам. Оп! ...Ај уште пет минути, ден година :)
     
    На Twinkles, QweenSM, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  14. AziskaStrslenka

    AziskaStrslenka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    412
    Допаѓања:
    3.509
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    Конечно се наспав :D Станувам,гледам колку е часот,13:10 :rock:
    Среќна сум,среќна сум,среќна сум :D Денеска е денот кој го чекаме цела годинаа цела годинааа :rofl:

    Ќе одам кај симпатијава на гости. Кинџурење како видовита краљица Клеопатра тајм. Шала на страна,имам тремичка малку :wasntme: Ај,ваљда ќе имаат нешто благо па ќе ми пројде :rofl:

    И кажувам на мајка ми,одма почнува да ме спрема ко за на свадба :D Па вака кажи му,па онака кажи му... Срцка. Одвај чека некој дечко да си фатам па да бидам сречна како сречен ден :D Кога почнав ЛоЛ и Дота да играм викаше дека сум била мажтастична (секси збор) и ме завика ЛоЛита,ама сега дозна зошто и мирна и е душичката :lol:
     
    На Doozy, Ivy89, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Јас всушност имам повеќе страни. Не, не сум дволична. Ниту четирилична :rofl: Само сум разнобојна :angel: Да кажам, како дрвјата, тие се менуваат зависно од годишното време. А јас зависно од околината. Запознајте ме
    * Мојата тивка страна. Оваа е за меѓу нови луѓе што не ме познаваат и дома. Буквално, цело време молчам. На другите им изгледам срамежливо, а всушност тоа е само недостик на самодоверба. Страната кога се припитомувам меѓу народ.
    * Мојата саркастична страна. Оваа е меѓу луѓе што не ми се допаѓаат. Ова е кога сите сакаат да бидат сакани и прифатени, а на мене ич не ми е гајле за тоа :D
    Едноставно не се замарам и си терам по свое.
    [​IMG]
    * Мојата (омилена) позитивна и забавна страна :sun: Оваа е меѓу луѓе што ме познаваат. Најголемиот оптимист, цело време насмеана, цело време зборам глупости, се шегувам, фина со сите...
    * Мојата мрачна страна. Оваа е за кога сум сум сама. Кога сум депресивна и мрачна, тогаш кога не сакам никој до себе.
     
    На Butterfly-Girl, julie77, Ivy89 и 10 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.116
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека нозете ми се воспалени поточно мускулите. И незнам дали да продолжам да вежбам
     
  17. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    5.755
    Пол:
    Женски
    еве ме мене нашколо прв ден :) уште првиот час да не го промаршев се ќе беше добро :D поздрав :*
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ако сите те сакаат, тогаш правиш нешто погрешно.
     
  19. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.093
    Еве ги бе,Сара Мејс по обичај прва ;)
    http://vistina.mk/2014/08/21/sara-mejs- ... govori-li/
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Изутрина дома сврати, една мрза што ме фати. Со часови не ми дава, ни за миг да кренам глава. И крај пердув ако минам, да го скријам, ќе се шинам. Или зјапам или дремам, денот минал - абер немам. Мрзата ме стега, стега, јас ја „бркам“ а не бега. Нозе, раце, се' ми врза, ужасна е таа мрза.

    Како ме мрзи, еј. Која флегма сум денес. Другарка ми вика, ај да идеме негде, не ми се седи дома.
    Па и мене не ми се седи дома. Ми се лежи! :drunk: Сум се уплеткала во фротиркава, ме мрзи да се отплеткам. А и не знам што ќе ми е фротирка.

    А и ме мрзи тука да пишу
     
    На Moonstone.17, kate21, Captain-Omni и 12 други им се допаѓа ова.