Уморна сум од се`. Деновиве бев под голем стрес и притисок и на раб на нервен слом. Нервите ми попуштија. После се`, собирам сили да продолжам напред и да пробам колку толку да заборавам на сите проблеми. Ја иструрив нервозата на погрешни лица и сега патам поради тоа. Ми простија, бидејќи знаат во каква состојба се наоѓам, но мене сеуште ми тежи камен на срце. Ништо не може да го врати кажаниот збор и веќе стореното дело. Понекогаш толку многу се мразам и посакувам се` што досега (не)намерно сум згрешила дупло да ми се врати. Како јаготка на шлагот, дома 24/7 има гости. И тоа нешто страшно ме иритира. Да се разбереме..јас сакам луѓе, сакам кога куќата ми е полна со луѓе, но се` во граници на нормалата. Има моменти кога не сакам гужва. Кога едноставно сакам да бидам сама. А тоа овде не е можно. И што е најлошо, се шетаат од соба во соба. Како во хотел. Ја имаат целата слобода. И не знам дали ние дома сме виновни што дозволуваме да биде вака или па тие немаат основна култура. Јас колку и да се чувствувам своја и слободна, во нечија куќа, никогаш не сум си дозволила да се шетам од соба во соба или да седам дур да се раздени.Ај преку ден разбирам, ама и навечер. Баш кога најмногу сакам да се одморам од секојдневните обврски и да си ја смирам главата... Ми треба рехабилитација. По можност неколку месеци...
Не е до нас, понекогаш плановите ни одат во погрешна насока, понекогаш е тешко да ги оствариме нашите сонови.
Ова утро, и покрај несоницата, и премореноста, полна ми е душата! Едноставно, делчето од сложувалката, по 7 месеци, конечно се вклопи на вистинското место. И налик има на вујче од Америка.
Во животот се менуваат годишни времиња... Има ден и ноќ, има среќни и тажни моменти, има падови и подеми, пред нас видици, патишта, глетки, луѓе низ ходниците на животот со свои животни приказни. Секој сам си одбира свој животен пат. На мојот животен пат го имав најсилниот водич. Ја имав Љубовта, мојата вечна придружничка. Танцувајте на сопствената музика И јас танцувам на мојата живели. Сдк тоа сакав да кажам Spoiler
Сакам да кажам дека луѓево тотално се збудалени..Не ми е сфатливо како може човек да не сака љубов,да не сака да биде сакан,почитуван...Зошто човек би глумел дека сака некого ако не е така,која е причината што имаат корист од тоа..Отидов 200 километри за да ја видам мојата најдобра другарка сакав да ја изненадам а не знам што се случи што наеднаш се смени за 360 степени..А колку само ми докажуваше дека ме сака највише од се,е каква е таа љубов што исчезнува за 5 дена..Смачено ми е од луѓево
О не... само тоа не ни го земај, честа да ги читаме твоите осудувачки мислења. Немој, те молам, само тоа не. Озбилно, што очекуваш да добиеш на приложен хејт? Хејтот влече хејт, научно е докажано. Позитивните мисли, коментари и дела исто така влечат туѓа среќа, насмевка и радост, па ако некому правиш добро, голема е веројатноста дека ќе ти напише колку си добра, паметна и убава, ама ако мислите ти се „грда, одвратна, злобна“, уште поголема е веројатноста дека ќе направиш грда гримаса додека го зборуваш тоа и сите ќе те гледаат како неподобна. Ах, нема повеќе смисла моето постоење на виртуелен интернет форум, место за дискусија и спротиставување мислења и ставови, за напаѓање и бранење на идеи, Дореми, членката со најкреативно име си заминува, си заминувам и јас.
Ги сакам старите предмети, се приврзувам за нив и грижливо ги чувам. Секој од нив е дел од мене, од мојот животен пат, од тоа што сум јас.Низ годините на раст и созревање создадов збирка од спомени со свои приказни од кои научив дека и најмалиот предмет затурен во некој агол кога ќе го доловам побудува сеќавања што разнежнуваат. Погледот фрлен кон старата дрвена нишалка која е стара неколку децении, но само бројчано, а визуелно е толку добро сочувана што секој би се изненадил од нејзината функционалност после толку години.Тенки дрвени парчиња во крем боја составени во вид на кутија на која страничните делови ја украсуваат црвени и жолти топчиња.Уникатна и убава изработка, производ на старите времиња каков што денес не се наоѓа.Ја добив како подарок за роденден од мојата баба. Деновите кога се нишав на неа се исполнети со неописливи емоции. Се чувствував моќно, возвишено, како да сум го допрела небото во сите нијанси, небаре сум ги совладала сите препреки кои денес не се преминуваат лесно.Сонце, воздух, расцветани дрвја и погледот на сонливиот мачор кој ме демне под големата сенка.Безгрижни денови, радост и среќа како во бајките. Копнеам за миг да се вратам во минатото и повторно да го живеам духот на времето. Се би било полесно ако не е сложено.Колку ќе беше едноставен животот ако со еден залет ја постигнавме целта?Ама тоа е возможно само во детството, во моментите исполнети со игра и насмевка. Денес таа е место на кое се раѓаат нови спомени. Еден ден мојата внука ќе се врати во минатото и ќе ја раскаже нејзината приказна.До тогаш, ќе ги совладува небесните пространства и ќе ги запознае животните убавини од детска перспектива. А јас со секоја глетка копнеам да направам ретроспектива на деновите од детството и повторно да се занишам како некогаш. Но, сега знам дека ќе ми треба повеќе од еден залет за да успеам. Ништо не е совршено како тогаш... Освен спомените.
Се чувствувам празно. Никогаш не сум се чувствувала вака. Не сакам да зборувам, ниту да читам, ниту да слушам. Сакам тотална тишина, која што ќе може да го опише тоа што ми се случува. Имам дупка во срцево. Ми недостига. Ми недостига моето насмеано лице кое никој не моѓеше да го растажи бидејќи имав сѐ што посакував. Ми недостигаат малите слатки тајни. Ми недостига приготвувањето на ручек заедно со мајка ми. Ми недостигаат долгите искрени разговори. Ми недостига смеењето до болка. Да, тоа е прилично огромна дупка. А јас не знам како да ја пополнам.
Комшиската мачка пак се катерила по мојата кола ноќеска. Ќе ја исперам, да не ме мрзи да станам Заладува. Цело јато гуски прелетаа сабајле на мене над глава. Ќе бегаат, не се будали да мрзнат. Така да би можела само. Ич не го сакам студеното, ич ич ич, ама ич! Бран е, сигурно, бран да го однесе. Маж ми одбројува веќе денови до божик. Детиште, одамна не е тепан Ај да станам. Оп! ...Ај уште пет минути, ден година
Конечно се наспав Станувам,гледам колку е часот,13:10 Среќна сум,среќна сум,среќна сум Денеска е денот кој го чекаме цела годинаа цела годинааа Ќе одам кај симпатијава на гости. Кинџурење како видовита краљица Клеопатра тајм. Шала на страна,имам тремичка малку Ај,ваљда ќе имаат нешто благо па ќе ми пројде И кажувам на мајка ми,одма почнува да ме спрема ко за на свадба Па вака кажи му,па онака кажи му... Срцка. Одвај чека некој дечко да си фатам па да бидам сречна како сречен ден Кога почнав ЛоЛ и Дота да играм викаше дека сум била мажтастична (секси збор) и ме завика ЛоЛита,ама сега дозна зошто и мирна и е душичката
Јас всушност имам повеќе страни. Не, не сум дволична. Ниту четирилична Само сум разнобојна Да кажам, како дрвјата, тие се менуваат зависно од годишното време. А јас зависно од околината. Запознајте ме * Мојата тивка страна. Оваа е за меѓу нови луѓе што не ме познаваат и дома. Буквално, цело време молчам. На другите им изгледам срамежливо, а всушност тоа е само недостик на самодоверба. Страната кога се припитомувам меѓу народ. * Мојата саркастична страна. Оваа е меѓу луѓе што не ми се допаѓаат. Ова е кога сите сакаат да бидат сакани и прифатени, а на мене ич не ми е гајле за тоа Spoiler Едноставно не се замарам и си терам по свое. * Мојата (омилена) позитивна и забавна страна Оваа е меѓу луѓе што ме познаваат. Најголемиот оптимист, цело време насмеана, цело време зборам глупости, се шегувам, фина со сите... * Мојата мрачна страна. Оваа е за кога сум сум сама. Кога сум депресивна и мрачна, тогаш кога не сакам никој до себе.
Изутрина дома сврати, една мрза што ме фати. Со часови не ми дава, ни за миг да кренам глава. И крај пердув ако минам, да го скријам, ќе се шинам. Или зјапам или дремам, денот минал - абер немам. Мрзата ме стега, стега, јас ја „бркам“ а не бега. Нозе, раце, се' ми врза, ужасна е таа мрза. Како ме мрзи, еј. Која флегма сум денес. Другарка ми вика, ај да идеме негде, не ми се седи дома. Па и мене не ми се седи дома. Ми се лежи! Сум се уплеткала во фротиркава, ме мрзи да се отплеткам. А и не знам што ќе ми е фротирка. А и ме мрзи тука да пишу