Таа Пале од Велес, со години трпела насилство од сега бивш партнер. Тој волот дека нели либерален ја млател, она пријавувала, ама дека он многу моќен полицаец и ништо не му можела. Нели дека сме еднакви во државава мажите и жените. На крај во самоодбрана го закла и арно ЗА ЧУДО НЕКОЕ, судот ја ослободи Пале. Еве по втор пат ти објаснив. Ова е само еден пример од нашето секојдневие. Во Струга жена по име Јилдиз Веапоска од Дебар, што отиде да се пораѓа, ја породиле царски, уз пат и го повредиле бубрегот и го извадија, па не и ни кажале, она покасно дозна, а мајсторот доктор, во меѓувреме и директор на Струшка Гинекологија, едино што го разрешија од функција директор. И кажи ти дека сме еднакви мажи и жени во оваа држава. Кај и да е Саудиска Арабија по либералност ќе ја надминеме.
Џабе му објаснуваш, нашиот свет и неговиот во кој живееме се небо и земја. Скоро и да не познавам маж да рече за друг маж дека не е либерален. Ама реалноста е друго. Очигледно ние розовите наочари одамна ги имаме извадено.
Оди кажи и го ова на жена 8 часа што работи на линија 3 смени, или на жена во конференција, продавачка и сл.
Изгледа членот не го разбира зборот либерализам, мисли дека тоа е кога будали прават што сакаат без да сносат одговорност, се однесуваат како шерифи и нормално Македонија ќе ја смета за најлибералната земја (општество) штом критериумот му е таков.
https://forum.femina.mk/threads/Мажите-во-Македонија-и-во-странство-–-два-различни-поима.9326/ Ве замолувам да подолжите во соодветната тема.
Да, имам, не читаш? Гајле им е, пошто јас не сакав деца 9/10 ми рекоа не сум имала ПРАВИ вредности Да, уште ни свиркаат по улица. Да, уште МНОГУ жени се финансиски зависни од мажите, уште во многу семејства имотот на синот оди. Уште жените трпат семејно насилство, уште жените се очекува да се и работнички и домаќинки, уште немаме еднаква сексуална слобода, уште во парламент се доминантно мажи, уште не сме имале ни премиерка, ни претседателка. Уште на раководни места се многу повеќе мажи од жени. Абе само форумов да го читаш, не мора подалеку, ќе сфатиш колку НЕ, не сме еднакви ниту земјава е либерална, мажите па уште помалку На крајот, ми е гајле какви се мажите во Швајцарија, мене тукашните ме прашуваат дали сум ебена и дали ќе раѓам, тука, во Македонија, само мајки можат во Козле да лежат со деца, татковци не. Уште мајките се повеќе родител од татковците (а нема зошто, единствено што татко не може е да дои, се' друго може), па повеќето поима немаат кашичка да направат. Зошто би знаеле уствари, за што имаат жена? И да бидам искрена, на овие години сега, можам да бидам само со некој што прележал детски болести. Мамас бојс подалеку. Озбилно.
А зошто при развод, децата по автоматизам и припаѓаат кај мајката, а не кај таткото? Значи има нешто посебно во таа терминологија наречена "мајчинство", само кој да ти каже Ивана
Затоа што од искуство маживе стотинка поима немаат од чување деца. И не, не им се одзема старателството на мажите, апсолутно можат децата да бидат со заедничко старателство, имам пример во фамилија. Кај двајцата родители подеднакво живеат, ама тој не е клошар што ќе ги тупне на мајка му, стварно сам ги чува.
Во нашава држава законите се врзани во крпче, освен ако не е дрогирашка и апла на улица, тогаш му припаѓаат на таткото или во случајот мајката да ги одбегнува на некој начин, како што бев случај јас.
Не е возможно законски, разбираш? Законот вели дека децата по автоматизам и припаѓаат на мајката, а таткото има право да ги гледа деца само одредени денови во неделата. За таткото да добие целосно старателство врз децата, мора да докаже дека мајката не е способна (финансиски, психички) да се грижи за децата. Значи такпв е законот во цел свет, а на запад е многу построг во однос на мажот. Таму дури и одземаат имот кој ќе му припадне на децата.
@Gornn @Stark Јас знам дека законски е доколку родителите меѓусебно не се договорат кај кого ќе бидат децата, тоа одлука ја донесува судот. Секако, одлука базирана на проценките од социјалните служби. Не секогаш децата одат кај мајката и секоја приказна е различна.
Има, патријахат 2 милениумски. Ептен е комплексно да одржиш дете што ти си го направил во живот, верувам. Овој зетов бивш изгледа еднорог е, што подеднакво си ги гледа децата.
Во западниот свет жената е многу повеќе привилегирана во однос на мажот, има случаи каде што на мажот му е одземен целиот имот и пари и пикнат е во затвор поради непринципиелно вршење на должности кон децата. Жената може многу лесно да го пикне мажот во затвор со само една пријава дека ја тепа или ги малтретира децата, што не е случај доколку е обратно. И? Што ти е поентата? Кога не беше бивш не ги гледаше?
Ги гледаше, затоа се договорија на заедничко старателство и кај двајцата подеднакво живеат. Туку децата припаѓаат на мајките затоа што лесно можат да докажат дека со дибеци биле мажени. Бебе ајде, ама дете, ако таткото е инволвиран еднакво, ќе добие еднакво. Ама најчесто не е. И тоа нема врска со законите, прочитај си го сам законот за семејство, не ми верувај на мене