1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Мажите во Македонија и во странство – два различни поима?

Дискусија во 'Сингл' започната од si.exs, 12 ноември 2011.

  1. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Инспирирана од темата: "Останаа ли машки во Скопјево?",решив да отворам тема во која ќе направиме споредба на машкиот род во Македонија и дечките од странство.
    За да има смисол темата,нека коментираат само тие што биле одреден период во странство или пак живеат таму и имаат некои факти да образложат каде се подобри мажите,како од карактерен така и од физички аспект,секако земено во предвид дека секогаш постои исклучок. ;)
    Целта ми е да се издвои менталитетот како главна особина на народите,притоа давајќи му акцент на мажите.
    Се надевам дека ќе ви се допадне темата,ако не слободно клуч. :)

    Еве јас ќе почнам.
    Живеам еден месец во странство и се уште не сум ги проучила добро машките,( ако воопшто некогаш е возможно тоа :wasntme: ) но ќе направам некоја споредба со генерализирање од досегашниот впечаток...
    Да почнам од физички изглед.
    90% од машката популација вежбаат редовно,тоа им е навика од мали нозе. Освен што со тоа имаат добро тело,воедно имаат каде-каде подобро здравје од Македонците. Значи ретко кое машко има пивски стомак,а уште помалку (женски) гради. :D
    Друго што сакав да кажам е нивниот карактер.
    Секако секој човек има посебен карактер,но во глобала имаат некои сличности сите. Фб-кот за нив не е начин за освојување на девојки,туку начин за хитно и кратко комуницирање,т.е. договарање со луѓе кои веќе ги знаат подолго време во живо. Не постои такво договарање за едно кафе неколку години,за на крај дотичниот да нема храброст да излези со девојката или пак обратно. Имаат поголема самодоверба од нашите македончиња и не им е гајле за туѓото мислење. Ти идат во кафич и одма ти се пуштаат,не се мислат со месеци,години итн итн... ;) Културата им е каде-каде на повисоко ниво од кај нас. Прво и основно е што не зјапаат кога ќе видат некоја со деколте,како да не виделе жена во животот. |( Друго...менталитетот е премногу различен од нашиот. Нема турски заостанати размислувања во врска со жените.Не се курви ако имале некој пред нив,т.е. ако не се девици,ниту пак ако имале 5-6 сериозни врски.Истото важи и за мувањето. Женското можи да се мува исто како и што можи машкото.Без никакви предрасуди,без табуа. ;)
    п.с се'уште сакате да останите во Македонија? :P
    Ете ви уште една причина плус за емигрирање. :lol:
     
    На Love...music, elisabeta, baby-doll и 9 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Во која држава има такви момци? Само во бајките.
     
    На LokY и antilla им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Мисли си ти дека само во бајките го има тоа :nod:
     
    На Ygritte, Hellen, baby-doll и 4 други им се допаѓа ова.
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Јас сум моментално во Италија. И се што гледам тука можам да кажам дека е факт декА има и те каква разлика со момциве наши македонски.

    Овде машките поголем дел се искомплексирани од женските зашо (да не претерам) секоја втора трча по пари секоја сака луксуз и бара луксуз.
    Италијанциве од една страна гледаат и прават се јадни да им удоволат на девојките . За мене искрено се папучари у најголем дел.
    А и некако душава не ми дава да им верувам на овие овде. Незнам зашто неможам да се прилагодам на вакви ствари.
    Искрено би избрала Македонец за дечко, некако посигрна се осеќам кога сум со некој свој , со некој со кој сум делела парче земја што се вика и иста култура .

    Имав и од Италија тип еден нишо сериозно ама ја не можам со овој тип на машки со овој менталитет нивен. Некако мн поразлични ми се и несигурни, неможам да им верувам .
     
    На Love...music, Bibko и antilla им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Имав дечко од странство, преселен уште од мал во друга држава, израснат во друга средина. Демек видел повеќе, осетил повеќе, покултерен... Не беше ништо од тоа. Викаш интернетот го користат само за набрзина да се слушнат со некој ептен близок? Ех, колку само ми пречеше тоа. колку се обидував да ја искоренам оваа негова навика и не успеав. Замисли да имаш врска на далечина и да немате што да разговарате ако не е нешто што онака, мора да се спомне. Да му кажев дека некој ми се пушта упорно секој ден, верувај, нема да му беше гајле. Баш затоа што не обраќаат внимание на такви муабети. Ми беше ок затоа што мислев дека ми годи таква отворена врска, ама очигледно си се лажев самата себе. Сум немала некои многу долги врски, таа ми е се уште најдолгата врска што сум ја имала, ама никогаш не би ја повторила. Немам сила да се расправам со тој нивни менталитет и карактер. Сакам нежности. Сакам некогаш и јас да бидам на некој на прво место, а не само каде ќе се пие и со кого. Можеш ли да замислиш како е да се радуваш дека после 4-5 месеци конечно ќе го видиш, да излезеш само за него, иако си го поминала цел ден во кревет, и тој да ти каже да идеш на роденден кај другар му, таму да се најдете. Знаеш, барем момците кај нас не се толку "модерни", немаат толку „модерни“ проблеми. Какви психолошки ср*ња се изнаслушав, само јас си знам.
    Фала, ама не ми треба фраер од странство. Си имам јас тука некој што знае да ме направи најсреќната девојка на цел свет само со една коскокршачка гушка. Можеби пред нешто повеќе од една година се плашев дека можеби го направив погрешниот избор, ама сега знам дека никогаш не би се вратила назад. :)
    Едит: И заборавив. Имаше пивски стомак и „женски“ гради :rofl:
     
    На Love...music и Spell им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Од Македонец и македонка нема подобри во секоја смисла.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    si.exs Хм... А зашо јас немам таков впечаток од оние странци шо ги имам запознаено?
    Не стварно, во која држава живееш ти и реална ли е воопшто :wasntme: ? 90 посто од машките имале добро тело и развиен абдомен? :^) 90%? :x Тешко дека ќе ти поверува некој

    Абе ајде, немојте само за нечиј прекрасен менталитет да ми зборите. На концертот на Лени Кравиц во Охрид пред три-четири години гледам млади дечки Англичани, да ми простите на изразов ама буквално уринираат среде улица без ич око да им трепне кој се ги гледа, пошо нормално, дошле некаде кај шо нема џандари на секој чекор па решиле сето тоа најдобронамерно да си го искористат за да си го покажат високиот културолошки капацитет и нивото на почит према мештаните. ;)
    Летово исто така група Германци, 20-тина години отприлика, се смеат ко недозреани балавци и дофрлаат на улица без трошка почит мислејќи си сите женски тука паѓаат на нив само затоа што се нели... странци |( .
    Виена. Краток престој. Луѓето си се пријатни, имаат култура на однесување, супер град, сакам да живеам таму :tmi: ама далеку од тоа дека сите мажи имаат "Аполонова телесна конструкција" Таквите луѓе се ретки не само овде, туку и таму.
    Не оговарале, немале предрасуди. Точно е дека не оговараат затоа што немаат време за тоа. А за предрасудите, еден човек на планетава не постои што нема никаква предрасуда. Само што ете како менталитетот игра улога, таму постои таква култура што повеќето луѓе предрасудите не си ги искажуваат во јавност за разлика од нашиве овде кои се повеќе склони кон пазарџиски муабети |( , заради слободното време кое го имаме и заради безработицата.
    И а дојди некој Србин овде, голем дел од Македонкиве наши одма скокаат врз него |(
    И после низ Србија и Хрватска ќе слушнеш некои такви заскитани муабети како македонките биле радодајки пошто нели тие се покултурни од нас :x
    WildCherry ако одиме според генерализации тоа за Италијанците имаш право. Штета што идеалот за совршен латино-маж не е ни мој тип. :lol: (не дека и таму се сите исти, ако почнеме со стереотипи, тогаш попрво треба да веруваме дека сите Италијанци традиционално се мафијаши).
    Една семејна пријателка се омажи за Италијанец... Абе душичка, за се и оди по ќеиф, сите желби и ги исполнува. Цело време зборува како му е мило што си нашол жена која го почитува заради него самиот, а не заради парите наместо некоја лесна спонзоруша. Дека е богат и згоден, вистина е. Ама и таа не заостануваше, софистицирана, образувана, секогаш средена уште пред да го запознае него.

    Значи поентата ми е, секој човек си е карактер за себе и секој си го бара она што најмногу му одговара. Не ми е мене гајле дали е типот Балканец или Европјанин се додека ги задоволува моите критериуми. Зашто тоа дека овде сите биле вакви или онакви, а таму сите биле божества или што ти јас знам, навистина е бајка. А девојкиве често си живеат во филмчиња, го гледаат само она што сакаат да го видат. Не е првиот странец на кој што ќе наидеш принцот на бел коњ или клонот на Бред Пит.
    Уф, постов испадна подолг отколку што мислев.
     
    На Regina.Phalange, sweety90, nightingale и 12 други им се допаѓа ова.
  8. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Бpаво Антила!
     
  9. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Девојки, тоа што го реков за спортот ,дека се приморани да вежбаат од основно па дури и кога се студенти е точно.Како и се останато...Штом вежбаат очигледно е дека имаат добро тело,а под добро не мора да значи совршено. ;) Не сфаќајте се толку буквално,секоја поединка е различна.

    Друго што сакав да кажам е дека нема потреба некој да ми верува или да не ми верува,ниту пак јас да лажам.Тоа што сум нов член не значи дека не ве следам подолго време или дека не сум била порано активна под друго корисничко име. т.е. сакам да кажам дека нема потреба од такво однесување кон новите членови. :)

    Всушност бидејќи бев повикана од тебе антила, ќе морам да ти одговорам. Иначе немаше воопшто да се мешам ,бидејќи секој човек си има свое индивидуално мислење и нема потреба од наметнување на својот став.
    Дел од твојот пост го насочи кон друг правец и потенцира работи кои не сум ги спомнала во постот.
    Никој не рече дека таму машките се идеални,туку реков само дека се подобри во тие работи што ги споменав од Македонците. Исто така потенцирав дека во странство сум само еден месец,и ова е впечаток кој го имам добиено од толку малку време. Ниту имало време да бидам во врска со странец па да знам да возвратам на таквите муабети со факти.
    Значи да разјаснам,не зборував какви се мажите во врска,бидејќи за тоа немам факти ниту такво искуство.Зборував за менталитетот,културата,нивната самодоверба,директноста...А не за верноста,искреноста,чувствата итн...
    Тоа е тоа,јас се уште си стојам на тоа што го кажав. ;)
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Муживе во Шведска се паин ин асс. Мртви коњи, фаќале жени со игнорирање, ма немојјј. Нема емоции, нема топлина. Џабе се метро фраери дотерани у секој поглед кога им фали емоција. Еве година и нешто сум овде не ми ни текнува, пре би ошла да штипнам некое Шпанче што ќе ме насмее ама овие северов самоубиство. Се сложувам со Атила у секој поглед, особено она со Англичанине, сегде се такви, немаат основна култура и мислат се ќе качат на таквио. Ужас.. Македончињава јес да кај одредени менталитетон им забегава ама секогаш и секаде има исклучоци, ама имаат бре чувства.. да ми те грабне, штипне, гушне.. има некоја чистина не знам..
     
    На antilla му/ѝ се допаѓа ова.
  11. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Имам другарки во странство, девојки згодни, културни, интелигентни и финансиски средени и двете мака мачат да си најдат дечко. Реченица што често ми ја повторуваат е НЕМА МАШКИ :D, викаат тие што се фини се или зафатени, или геј или нешто им фали. Едната живееше со најпаразит машко што може да се замисли (тука би пукнал срам) сѐ она му правеше а овој ко паша цел ден се легачи и нишо не работи (не беше Балканец). Среќа го шутна коа и скисна легачењето. Другата наоѓаше згодни типци ама карактер НУЛА :D.

    Од мое искуство не се странците ништо подобри од нашите, ако ти се падне фин и тука и во странство ќе ти биде ок, ако не исто нема да чини.

    Ама од наша девојка пофина нема за тоа мислам сите имаме консензус :D.
     
  12. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Не се залетувајте дека на запад е се бајка. Посебно дека таму живеат совршените мажи. Индивидуално е, и тука и таму не може да се глобализира. Но факт е дека менталитетот двои. Да, се по либерални во секој поглед но ќе кажам исфрустрирани до коска. За кај нас тоа можам да кажам е ретко. Многу поголема е веројатноста да налетате на психички лабилна личност од маж таму него тука. Можеби ќе ве гледа како кралица и ќе ви дели емоции на секоја минутка но тоа кратко трае. И тогаш доаѓа ладен туш. Иако и тука може да се случи истото но барем постои каење кај нив на некој начин. По површни се во странство и не се толку приврзани за се што е блиско ... еве збориме за врска и се што носи таа. Додека тука иако се прават сите фраери на батерии, сепак не се површни ни толку дрвени. Но како и да е фин маж може да постои и тука и таму како што кажа Икс мен, само треба да ја имате целата среќа на светов за да налетате на еден таков.
     
    На srcekrsacka, joelle, antilla и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    ААААААА.... :envy:

    Прво и основно

    МАЖИТЕ НА ЦЕЛ СВЕТ СЕ ИСТИ ...

    сите сакаме згодни девојки
    сите сакаме фудбал
    сите сакаме пиво

    *исклучок на геј ... НА ГЕЈ :!:

    второ и основно

    Мажите дури и се полоши во некои делови од странство ...
    во Америка претпоставувам дека од тамо ти се филмовите , како што гледаш секој втор маж чека секс после first date или сл... тука не чекаат оти знаат дека нема да добијат :!:

    Мажите во странство силуваат , тепаат жени исто како и тука
    Мажите во странство се праат сељаци низ диско исто како и тука
    Мажите во странство имаат скапи коли на тато и мама како и тука
    Мажите во странство се играчи и чуда тамо поими лоши како и тука
    Мажите во странство се покултурни како и некои тука
    Мажите во странство те плескаат за газето на улица како и тука

    Можам уште 100 примери , не сме различни ...


    АМА
    девојките се различни.... не мислам физички изглед , туку внатрешен

    На пример девојките во Србија , Бугарија ... пола Европа се по-отворени во разговор ,

    тука на пример се пушташ на некоја (да не бидам погрешно НА НЕКОЈА , не се мисли дека сите се исти)и оваа мртва неке ни збор да каже , а тамо брее и да си грд ке ти прави муабет наместо корпа дечко нема за тебе простор до мене ...


    Така да уште еднаш ке повторам


    МАЖИТЕ ВО МКД И СТРАНСТВО НЕ СЕ РАЗЛИЧНИ ПОИМИ
     
    На Naked Gun, lackygirl и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  14. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    yipman за тоа со жените дека се подиректни се согласувам,ама тоа го кажувам и за мажите како пример.Зошто за жените можи да е точно ,а за мажите не? :D
    Конкретно за тоа зборувам,и мажите и жените се подиректни во странство. ;) И секако дека се си има свои доблести и негативни страни.Се сложувам и со julie 77 дека не се приврзуваат толку ,иако тука секоја втора се жали дека дечкото не ја сакал,дека ја изневерил и слично. Што значи дека сепак во тоа и нема некоја голема разлика,подобро да увидиш дека партнерот не е приврзан толку кон тебе,отколку некој да се прави дека те сака,дека не можи без тебе и на крај да ти го скрши срцето. И секако дека како што сте пронашле Македончиња што знат да сакаат,така има и странци што знат да сакаат. :)
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.626
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Si.exs Изгледа за кратко време ке го промениш мислењето.
     
  16. antilla

    antilla Популарен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    381
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    si.exs Јас ништо од мојот пост не насочив кон погрешен правец, а кога веќе почнавме за менталитетот и можев, затоа што примери имам безброј, но немаат баш толку директна врска со ова па нема да одам оф топик.
    Ти можеби си сакала да кажеш нешто друго, ама остави поинаков впечаток. :) Изреагирав на темава од проста причина што ми е веќе доста од таа холивудска приказна и лажните идеали за совршенството на западот кои не само што мислам, туку знам дека со реалноста си немаат благе везе (не наметнувам мислење, туку изразувам став)
    И знам дека спортот е задолжителен во училиштата и универзитетите во повеќето западни држави ;) , исто како што знам дека и дебелината таму зема поголем замав отколку кај нас. И не сум забележала кај странците дека се нешто поразвиени од нашиве мажи, а пивски стомаци и "женски гради" сум забележала (иако тоа со градите е повеќе генетски сум видела и машки кои покрај стомачните имаат и гради :D ). Има згодни мажи секаде, ама не се 90 посто такви никаде, аман.
    Цело време се обидувам да кажам дека различни луѓе има секаде. Не можеме туку така да категоризираме. Постојат и мажи кои наседнале на тоа продавање слама во филмчињата и кои упорно и упорно генерализираат. А зошто на пример еве мене некој да ме става во ист кош со секој што живее овде? :wasntme: Не дека сум имала таков проблем, ама пример.
    Мажите овде, мажите таму или жените- два различни поими, тоа ептен стереотипно ми делува некако :^) Ти ја разбирам поентата, само не се баш такви работите, Македонија и Запад црно-бело.
    П.С. Ако нешто од мојот претходен пост го сфати како напад, знај дека не ми беше тоа намерата, уште помалку ми е намерата да шиканирам нови членови, ако се земе во предвид дека и јас сум релативно нова и имам претстава од прилика за што зборуваш. Иако ете ти си била поранешен корисник :)
    edit Само да си се надоврзам, пример со половина од постот на Јипман се согласувам целосно, ама од каде што почнува за жените гледаме за шо зборам, генерализации
    пак едит |( Тоа за дебелината што го кажав погоре да не испадне сега дека викам сите Американци и Европјани дека се дебели, туку зборам ако одиме по таа логика за физичката активност и спортувањето и оти од тоа произлегувало дека тие подобро изгледаале, ете статистичките податоци говорат нешто друго
     
  17. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Заклучокот е дека очигледно не зборуваме за иста држава,затоа имаме различно размислување. Значи како што има разлика од Македонија до Америка ,така има разлика од Америка и до друга држава. :)
    За дебелината немам што повеќе да искоментирам,бидејќи и машки и женски се со нормална тежина тука ,тек-тук некој исклучок. И ова не е само мое мислење туку и на другите цимерки (македонки),кои студираат во истата држава. Така да,не си создавам илузии,како за дебелината така и за другите работи кои ги кажав. :)
    p.s државата не можам да ја кажам заради анонимност. :wasntme:

    @ Витомир
    не си го менувам мислењето,туку додадов една негативност која ја увидов во досегашниот престој таму,a не ја споменав во мојот пост ,од причина шо сметав дека е единствена во однос на нивните позитивни карактеристики. :D Исто така и не можам многу да коментирам за тоа колку се приврзуваат луѓето таму и колку постојат исклучоци од тој аспект,бидејќи тоа се уште не сум го доживеала на своја кожа.Ете затоа не го искоментирав тоа со приврзвањето,ниту пак можам да сум сигурна во нешто што не сум го почувствувала.. :) Така немој да си и ти сигурен во нешто што не си видел.Уште од самиот почеток спомнав да коментираат тие што биле во странство или живеат во странство и имаат факти врз долгорочно набљудување,а не да се даваат само претпоставки врз "тридневна екскурзија во Париз". :D


    Како и да е сепак ќе речам секоја држава е различна.Можеби мажите тука се подобри од нашите (не совршени значи :!: ,никој не е совршен),а во Швајцарија полоши. :D Значи насловот не ми е општо земено сите држави под поимот странство ,туку одредена држава во која сте биле споредена со Македонија. :)
    До некаде и јас можеби не убаво се изјаснив.
    И секако прифаќам и други ставови,бидејќи како што се изјаснив секоја држава си е посебна приказна сама по себе. ;)
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Значи на тебе поентата на темата не ти беше колку се подобри мажите во странство, туку колку се подобри мажите во некоја одредена држава која што не сакаш да ја наведеш. А од друга страна, самата кажуваш дека можеби некаде во странство мажите се полоши отколку во Македонија :?: Јас не сфаќам :wasntme:
     
  19. si.exs

    si.exs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    139
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Темата е секој да си искаже свое мислење за мажите во држава во која живеел споредено со македонците. Прашалникот и извичникот ја прават смислата на насловот поинаква. Всушност тоа доаѓа нешто слично како :"Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!...Што мислите вие за ова?".Тоа што е во спојлер не беше умислено да го земите за основа за коментирање,туку само мое индивудално мислење за одредена држава. :) Затоа и го ставив во спојлер.
    Јас само ја почнав темата и си кажав мислење за Х држава,не значи дека истото мислење го имам кога ќе ги споредам мажите од Иран со македонците. :^) :D

    едит:
    @antila , :) можеби Американците вежбаат,но заборави една многу важна работа за нив зошто има екстремно дебели Американци,а тоа секако е брзата храна. И самите знаеме дека вежбањето нема голем резултат ако не внимаваш на храната.Не велам дека тука не јадат брза храна,но Американците се познати низ цел свет по тоа дека ја обожаваат брзата храна и конзумираат во големи количини. :)
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.106
    Допаѓања:
    88.097
    Пол:
    Женски
    Мажите во Македонија и во странство - два различни поими?!

    Имав дечко од Канада и ќе кажам само едно нешто - Сфаќам зошто тие таму стануваат полнолетни на 21, а нашиве на 18. :wasntme:
     
    На senjorita-v, Trnche и KuklickaSk им се допаѓа ова.