Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    На есента се уште не и кажав здраво,а копнеам за шумот на листовите под моите нозе во градскиот парк и цврените прсти од врелиот чај.
    А толку ги љубам овие денови кога времињата си го менуваат местото,тогаш во ковчеже со црвена боја ги запишувам спомените од годишото време кое заминува,а денес ги замислувам боите кои ќе го прекријат градов а тој нежно ќе им се предаде,се до последниот ден се додека есента не се измори.

    Тонам во светот на книгите,понекогаш затанувам на некоја клупа од темно дрво за да украдам страници,да поминам со прстите низ кориците да го вдишам тој свет,денес знам дека книгите копнеат да најдат пат до нечие срце да останат таму во длабочините подлабоки и од оние на океанот,а ти секогаш да ги раскажуваш некому,на некоја девојка која чека воз во некое рано есенско утро или на некој постар пар кој тивките вечери ги минува во паркот,и никогаш не е важно кому и тогаш кога на некоја полица ќе ги прекрие слој од прашина и навидум заборав,тие ќе живеат.

    Хартијата никогаш не е само парче хартија,никогаш не е само празен простор,таа е жедна,жедна за безброј стихови напишани во некој стар од времето заборавен воз,стихови напишани седејќи на дрвени скали во центарот,стихови напишани за улиците на стариот град.
    Хартијата е чувар,платно на кое е насликан светот.
     
    На Anonymous996, Ivy89, hermosa и 26 други им се допаѓа ова.
  2. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Од сите бивши досега, за кои после раскинување имам речено "Ќе ме бараш ти мене, ама касно ќе е", само еден ми се враќа цело време и баш во моменти кога сум скршена и имам потреба од љубов.
    Љубов ли е? :wasntme: :rofl:
     
    На SparkyAngel, Sanjichka007, Marossa и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Човек може секого да сослуша, да даде некому совет, ама кога станува збор за него, никаде го нема.Чудна работа.

    Ај добро јутро :geek:
     
    На SparkyAngel, Mahidevranfan, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.906
    Секогаш кога некој ме судеше , коментираше за мене или моето однесување, секогаш ама секогаш многу лично го сфаќав тоа. Во последно време сфаќам дека некои од коментарите не се предизвикани од мене,туку од нив,од нивните несигурности,детски потреби и нерационални желби. И полесно ми е. После долго време дишам со полни гради. И знам дека ако се борам ќе успеам и дека единствената борба што ја имам е меѓу јас од денес и јас од утре.
     
    На bittersweet, The.Crab, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.755
    Оној што знае да те расплаче дури срцето да те заболи е баш оној кој што може и нај среќна да те направи !
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Летниот распуст помина премногу брзо.
    Ехе, времето лета.
    До пред две недели, кога ќе се разбудев мислев дали да јадам пред компјутер или пред телевизор, а сега мислам дали прво да учам биологија или историја.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.843
    Пол:
    Женски
    Дали има смиреност после нерви ? Дали ќе ми стигнат апчињата овај месец ? Кога ќе престанам да имам огромни болки ? ;(
    Тешко е да си женско, посебно во тие денови. Што ќе беше ова да не можам да станам од кревет, па уште настината ахх леле ;(
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      19,8 KB
      Прегледи:
      362
    На AziskaStrslenka, MademoiselleB, tinka-mace и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.414
    Пол:
    Женски
    Како јас да го напишав ова во некоја тема.
     
  9. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.609
    Пол:
    Женски
    Мразам да ги спарувам чорапите на маж ми, сите се црни,сиви или тегет, со по некоја ситна шара од страна, а ги има зилион... И мразам кога после 5 часовно спарување, под дифолт ми остануваат најмалку 3 различни, сами, осамени, сингл чорапчиња без својот пар...И мразам кога баш залутаниот партнер на сингл чорапот се заглавил некаде во барабанот на машината за перење и наредната тура алишта ми ја пеплоса...и мразам кога се брзаме да тргнеме некаде, му давам најмалку 3 пара чорапи да обуе, а барем по една од нив на прстот или петата задолжително имаат компир. Мразам кога во иста ситуација, задолжитело пред некоја свеченост, јас ќе ги протнам ноктите во последниот пар здрави хулахопки...или одам некаде, собувам чевли, а од палецот на ногата веќе пошла „петља“...И мразам кога му даваш чорапи, ги врти гледа, разгледува и прашува „Ова мои чорапи ли се?!“ Не бе, ти дадов да ги обуеш жабиците на баба ми, ебате.
    Оооооо, тегет чорапа...
     
    На galapce, bittersweet, The.Crab и 18 други им се допаѓа ова.
  10. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.675
    Допаѓања:
    29.482
    Пол:
    Женски
    Вообичаено не се мешам во вакви работи ама истото и јас го забележав неколку пати и и прочепкав низ мислењата,голем дел од нив од точка до точка и се копирани, а 100% сум сигурна дека не е истата девојка. Навистина е жално да се китиш со туѓи перја. :?:
     
    На eliesaab, Sanjichka007, Dreams.678 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.702
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Тоа сакав да го кажам (поточно, покажам) Јас утре одам со Беки. Се работи за животи! Кажете СТОП за насилство-експериметнирање врз животните-убивањето на животните!
     
    На AziskaStrslenka, Sunshine.Sunshine, Arthur и 16 други им се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Бивши.
    Одсекогаш сум имала необјаснива и потајна желба,за повторна средба со бившите.
    Со оние кои повеќе ми значеле,а сега веќе не.Оние најпрви,пред 4-5 години,па се до по пресните.
    Чисто онака да си се изнамуабетиме,да видам колку се изменил во неговите ставови и сфаќања.
    До каде е со животот,да се посмееме за нашите денови,и колку се сеќава на заедничките моменти.
    Каде сме згрешиле,што би било кога би било,што му сметало ...
    Да му кажам дека секогаш ќе се сеќавам на некои детали,кои до ден денес ми го растреперуваат срцево.
    Па макар и да му признам дека сум среќна во сегашнава врска.

    Имам и уште една друга посурова желба,која може да ја произведе само мојот расипан мозок.
    И ниту еден друг.
    Необјасниво многу сакам,да си помуабетам со бившите на моето сегашно момче,море и со сите бивши на моите бивши.
    Да ги соберам сите,да се начукаме,и да се отвориме една со друга.За тоа кој бил поголем гомнар.
    Кој каде ја употребувал истатата тактика и политика.Да му се изнапцуеме така од срце.
    Толку имав да кажам
     
    На Doozy, Scar.Tissue, Anna-Banana и 10 други им се допаѓа ова.
  13. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Очајно ми требаат пари!!! :worried:
     
  14. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    ммм мене веќе подого време ми требаат ама никако да најдам :(
     
  15. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ми иди да си легнам и да се разбудам во МАрт онаму ко че расцветаат кокичињата и јас со нив/
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.015
    Допаѓања:
    164.759
    Колку мизерува мојата генерација.
    Очигледни работи се промовираат како различност.
    Грамар нацис, сезнајковци, оние спротивно од течението на реката, секаде и секогаш, олицетворение на егоманијаци.
    Ајде се промовира читање и топ 10, сега се најдоа неколку паметни да кажат што НЕ сакаат да читаат, чисто како новитет и да ја промовираат својата поразличност.
    Јас ќе ви кажам што читаат они - ништо! Големо ништо и без претпоставки, хвалоспевањето на нивниот ум е само лажна маска, се што наводно знаат се преводи, украдени реченици, украдена генијалност и автентичност.
    Епа мојата генерација (така си ги рачунам сите од 20 до 35 години, луѓе од мојата ера, најпродуктивни години кога најмногу сме способни да ги менуваме работите) е таква. Лажна, лицемерна, манипулативна, егоистична, плагијаторска, со еден збор за тасе не не бива.

    Пријатно.
    А до тогаш читајте ги генијалците кои пишуваат што не сакаат да читаат, а впрочем ништо не читаат освен дневна политика и пропаганда во трка со себе си да смислат начин како да се подметнат на маса народ за да си го нахранат своето его, кое мање више добива размер на мини чудовиште.
     
    На Captain-Omni, Marinka99 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  17. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    БОЖЕ НЕ МИ ТРЕБА НИШТО ДРУГО ОСВЕН МОИТЕ ДА СЕ ЖИВИ,ЗДРАВИ И СЕКОГАШ НАСМЕАНИИИИИИИ! :)
    А ЈАС ЗА СЕ ЛОШО ШТО НАПРАВИВ ЌЕ СЕ ОДОЛЖАМ И ЌЕ СЕ ПОПРАВАМ, ТИ ВЕТУВАМ!
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Dory

    Dory Нов член

    Се зачлени на:
    12 септември 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    "Многу луѓе глумат дека ме сакаат,но и јас глумам дека им верувам"
    Значи нема потреба да глумиме,во денешно време секој секого го знае,но будала е оној кој мисли ако покрај неговото глумење на љубов и разбирање некој ќе му поверува.
    Лично јас во животов имам многу такви личности од кои веќе :puke: ..
    Поубаво ќе си поминеш со некој што не ти е крвно сродство отколку со тие...таквите!
    Значи до вас таквите:Ве молам најискрено да излезете од мојов живот додека имате време,престанете да мислите за мене и живејте си го вашиот живот,ако веќе го имате !!! :envy:
     
  19. natasa-natka

    natasa-natka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    :// Љубоморниот не страда поради тоа што го гледа... туку поради тоа што си го замислува.
     
    На Lovely93, WarriorAngel, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  20. feminium

    feminium Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    1.740
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.