Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Ако е точна статијава, тогаш колку и да се противи @Cosmi , пред некој ден ја читав за тоа колку потенцираше да се учи македонскиот јазик , џабе е. Ептен звучам сурово, но од сите страни гледаш што му прават на македонецот , штом го избришале македонскиот јазик , изгледа следен чекор да ја избришат и државата , жално, но како поминува времето се полошо станува.


    Ја тагирав Косми , оти настана тензија на форумов со уште неколку форумџики , но џабе толку притиска она да се учи тој македонски јазик ко тоа не зависи од тебе, гледаш дека светот сака да те избриши, да не постоиш како нација.


    Книга која во Германија (конкретно Франфурт) ја делат на деца на дојденци, за да научат некоја песничка и на јазикот на нивните родители. Македонскиот го нема никаде (пошто бетониран) ама затоа има занимливи гео-политички новитети.

    [​IMG]

    [​IMG]



    Од кога се изедначува КОСОВО со МАКЕДОНИЈА ко немаат допирна точка.

    Темава е многу сензитивна и иде на нерви. Ама за тоа сами сме си криви сите македонци и тие што сме иселени и тие што останале да живеат у Мк. За жал никогаш не научивме да живееме сплотено како народ, да си помагаме едни со други и затоа сите од страна ќе не газат.

    Штета.
     
    На poi, christinnn, ZAHRA и 7 други им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.910
    Допаѓања:
    23.796
    Многу се радувам кога ќе видам дека одредени луѓе кои заслужиле, им пропаѓа бизнис, им откажуваат клиенти или ќе изедат казна од инспекции. И знаеш дека повеќе ја немаат онаа гадна самодоверба.
    Само така, и полошо да доживеат:mm:
     
    На hermosa и Gosh им се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.357
    Допаѓања:
    190.293
    Одбивам да преземам колективна вина за нешто за кое виновниците се помалку или повеќе познати.
    Се викаат власт на државата. Нити сум била власт нити сум земала пари да спроведувам државни политики. Види колку лекторати за македонски јазик има во светов, за да биде појасно. Тоа како ги укинуваа лекторатите, со колку пари живееа/живеат лекторите и кого праќаат по амбасадите, исто така не е моја вина. Ниту твоја.
     
    На Billy Idol, christinnn, Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Pa8la

    Pa8la Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2023
    Пораки:
    632
    Допаѓања:
    1.602
    Пол:
    Женски
    Не бе џабе се удираат во гради колку се Македонци и патриоти, не треба да заборавиме, а ни земаа држава.
    Ама сега ќе кажат ние сме дозволиле, кои ние, јас, Петранка и Трајанка го сменивме името?
    Ние сме родени во Македонија, не во Северна Македонија. И за државјанство како ќе ни пишува-Северомакедонци?
     
    На sleepingbeauty, poi и Herrera им се допаѓа ова.
  5. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Обожавам да те читам оти знаеш да ги анализираш работите како стојат реално. Јас сум лута на политиката што ја води Америка која сака да диригира и сум сигурна дека и тие притискаат врз нашите политичари , па нашиве се во тесно и цело време попуштаат .....добро од друга страна се алчни за пари нашиве па си го продаваат газот.



    Ова со името Северна ми иде на нерви, за секунда ме нервира. Да ти кажам една дешавка : пред некоја недела беа во Мк на одмор чичко ми и стрина ми и на аеродромот во Скопје не сакале да ги пуштат да ја напуштат Македонија со италјанскиот пасош ....им барале по секоја цена МАКЕДОНСКИ пасош .....а нивниот пасош е истечен и не сакаа да го сменат во нов каде пишува СЕВЕРНА. И буквално се расправале на пасошка контрола , до степен да се обратат и на италјанската амбасада што ги третираат така. И на крај попуштиле нашиве и ги пуштиле да поминат.

    Многу мразам кога некој на сила те притиска да правиш нешто што не сакаш.
     
    На poi, ZAHRA, Pa8la и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.059
    Допаѓања:
    131.075
    Пол:
    Женски
    Не се само властите виновни, туку и народот.
    И тој тука, и тој заминатиот.

    Само на тастатура се покажува гнев, а на улиците ги нема луѓето или се во мали бројки.
    Со седење не се менува ништо.
    Грците и Французите кршат и палат кога властите носат одлуки кои не им се допаѓаат.
    Македонците седат и плукаат само зад екран.
    Едни се од типот „не ми е гајле за другите, ако не ми чини ќе бегам надвор“, други се од типот „не се бунам оти партијата ќе ме избрка од работа“.
    Со вакви нема да се видат промени.
    Оние на власт го знаат тоа и само си се смешкаат трошејќи народни пари.
     
    На Mrs. right, Okica, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Точно. Ова го потврдувам оти 90 % од родниниве останати во Мк работат преку партија. Си ќутат, си држат место, има такви со приватни бизниси кои се фалат дека одлично им оди посебно ко имаш поддршка од власта.

    И не, не им љубоморам, шо сакат нека прават со тие партии, само сакав да ти потврдам дека е точно тоа што го имаш напишано.


    А најточна до сега се има покажано изреката РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ.
     
  8. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.357
    Допаѓања:
    190.293
    И грците и французите гледам го превртеа светот, од кршење и палење.
    Грците конкретно, беа маша... или експеримент, за некои политики, кои скоро приметив имале многу интересен импакт на финансиските политики врзани со еврото. Ама пошто тоа е многу долга тема, со барем 20 години меморија, за да биде појасно - нема земја кајшто сум отишла, да не сум сретнала емигриран грк. Од бес напуштил некој златно сонце за да работи во хотел во мрачна скандинавија.
    А ако е народот виновен-еве кажи, кога последно те прашале, за кој лекторат твоите даночни пари да ги уплатат. Или за тоа како да гласаат во ун. Или за тоа што ќе ти пишува во графа националност. Пошто мене не ме прашале.
    Јас само треба да трошам 2 саати во пошта/нотар/овластен орган понекогаш, дури да ја најдат под која буква/име е земјата кајшто сум се родила. Што покрај тоа што е парадоксален дебилизам е и фалсификат-јас во никаква Северна не сум се родила.
     
    Последна измена: 3 декември 2023
    На Billy Idol, christinnn и Herrera им се допаѓа ова.
  9. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Како човечки род еволуираме од тоа да придаваме преголема одговорност на личноста за влијанието врз другите луѓе до тоа целосно да се апсолвираме од одговорност, барем во секојдневие (надвор од криминал и неетички измами). Го губиме attention span дури и за слушање, разбирање на било кого освен самите себе, затоа што е потешко, понапорно од being entertained, веќе сме полни со сопствените мисли и чувства, немаме место за туѓите. Осцилираме меѓу чист хедонизам и престимулираност, неспособни балансирано да ги „ожнееме“ придобивките на двете состојби - љубов кон животот и напор кој нѐ тера да се развиваме и растеме и без кој добрите моменти би ја немале истата вредност.

    Си создаваме светови каде што постоиме само ние и единствен кому можеме да згрешиме сме самите ние; дури и во тагата сме егоцентрични. Да, единствената личност со која ќе сме цел живот сме самите ние; единствената контрола врз дејства (до некаде) ја имаме само врз самите нас; меѓутоа не живееме во вакуум за единствениот извор на интерес да сме само индивидуалното јас..

    Можеби отсекогаш така функционирал возрасниот свет, само не сум го имала капацитетот да го сфатам тоа, а можеби и тешко ми е да гледам поинаку поради сопствената резигнираност :).
     
    На theowndemon, Tinaaa и Gosh им се допаѓа ова.
  10. Anabelle.Amorette

    Anabelle.Amorette Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    3.089
    Допаѓања:
    44.390
    Пол:
    Женски
    Студено ветре гали образи.
    Крцкаат суви лисја.
    Студен филџан, врело кафе.

    Навидум тишина, а умот разбрануван.

    Вака е секоја есен.
     
    На hermosa, Celltica, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.434
    Допаѓања:
    90.803
    Пол:
    Женски
    @Herrera
    Каква врска има учебников што го објавил офф нет стручњакот ?

    Гледајте децата дома да си ги научите на мајчин јазик вие наместо лажен патриотизам и политики.
    Инаку имате и наставници по македонски во Германија што ги плаќа министерство.
     
  12. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    Бевме до Божиќниот маркет, надвор ладно крв капе, така е зборот. Уз пат некоја слика да ви доловам што украсувале.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Ketchup, Cloi, INNERBEAUTY и 16 други им се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.772
    Допаѓања:
    38.614
    Пол:
    Женски
    Баш убаво. И овде е украсено. Има и тезги, ама цените се скапи. Ние бевме вчера. Смрзнавме. Многу беше ладно. Џабе што бевме наоблечени.
     
    На Adidas888, Herrera, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.634
    Почивај во мир, злато..
    Не сакам да знам во каква агонија си била, срце ми се искина.
    Немам зборови, бел ден да не видат;(;(;(;(;(;(;(;(;(
     
    На hermosa, Celltica, nextredstyle и 7 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.441
    Допаѓања:
    16.898
    После ваква трагедија, НЕМА МИТ ПОЌЕ ВО ДРЖАВАВА.
    Господ да ве казни!!!

    Не можам повеќе да гледам.

    Три дена жал во државава треба да има!
    Наеднаш, посмилив како и било и како им е на родителите.
    ..... Боже Гопсоде, чувај не сите.

    Почивај во мир, срцка! :u:
     
    На hermosa и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    761
    Допаѓања:
    2.634
    Мајка ми имаше добра поента.
    Сестричката да искочеше тоа утро и неа ќе ја немаше, ова беше планирано за двете, ама неа и беше пишано.
    Вања, во срце ќе ми останеш, имаше живот полн со сништа, патувања и љубов пред тебе, а тоа беше земено толку брзо.
    Ова е претешко. Нема зборови да ја опишат оваа болка.
     
    На hermosa, GirlLove и SummerGirl им се допаѓа ова.
  17. feminka18

    feminka18 Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    Со која песна би сакале да возите доцна навечер?
     
  18. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    6.137
    Пол:
    Женски
    Се прашувам дали сите кои шернаа или постираа вчера на ФБ за убиството на Вања се навистина толку потресени и расплакани, или им е да не останат покусо, кога веќе сите шернуваат па ајде и ние.
     
    На Bezimenka90, Pa8la, black-angel и 4 други им се допаѓа ова.
  19. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.456
    Допаѓања:
    25.153
    Што фајде со "нели ви кажав" муабетите ко тоа да е битно? Трофеј да не сакате?
     
    На Bezimenka90, Lella, Vikktorr и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Cycloastra

    Cycloastra Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2023
    Пораки:
    213
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Машки
    Не слушам вести и не гласам. Заштедувам многу време и сум посреќен.
     
    На Vikktorr, eliesaab, sino.o.oka и 1 друга личност им се допаѓа ова.