Ако е точна статијава, тогаш колку и да се противи @Cosmi , пред некој ден ја читав за тоа колку потенцираше да се учи македонскиот јазик , џабе е. Ептен звучам сурово, но од сите страни гледаш што му прават на македонецот , штом го избришале македонскиот јазик , изгледа следен чекор да ја избришат и државата , жално, но како поминува времето се полошо станува. Ја тагирав Косми , оти настана тензија на форумов со уште неколку форумџики , но џабе толку притиска она да се учи тој македонски јазик ко тоа не зависи од тебе, гледаш дека светот сака да те избриши, да не постоиш како нација. Книга која во Германија (конкретно Франфурт) ја делат на деца на дојденци, за да научат некоја песничка и на јазикот на нивните родители. Македонскиот го нема никаде (пошто бетониран) ама затоа има занимливи гео-политички новитети. Од кога се изедначува КОСОВО со МАКЕДОНИЈА ко немаат допирна точка. Темава е многу сензитивна и иде на нерви. Ама за тоа сами сме си криви сите македонци и тие што сме иселени и тие што останале да живеат у Мк. За жал никогаш не научивме да живееме сплотено како народ, да си помагаме едни со други и затоа сите од страна ќе не газат. Штета.
Многу се радувам кога ќе видам дека одредени луѓе кои заслужиле, им пропаѓа бизнис, им откажуваат клиенти или ќе изедат казна од инспекции. И знаеш дека повеќе ја немаат онаа гадна самодоверба. Само така, и полошо да доживеат
Одбивам да преземам колективна вина за нешто за кое виновниците се помалку или повеќе познати. Се викаат власт на државата. Нити сум била власт нити сум земала пари да спроведувам државни политики. Види колку лекторати за македонски јазик има во светов, за да биде појасно. Тоа како ги укинуваа лекторатите, со колку пари живееа/живеат лекторите и кого праќаат по амбасадите, исто така не е моја вина. Ниту твоја.
Не бе џабе се удираат во гради колку се Македонци и патриоти, не треба да заборавиме, а ни земаа држава. Ама сега ќе кажат ние сме дозволиле, кои ние, јас, Петранка и Трајанка го сменивме името? Ние сме родени во Македонија, не во Северна Македонија. И за државјанство како ќе ни пишува-Северомакедонци?
Обожавам да те читам оти знаеш да ги анализираш работите како стојат реално. Јас сум лута на политиката што ја води Америка која сака да диригира и сум сигурна дека и тие притискаат врз нашите политичари , па нашиве се во тесно и цело време попуштаат .....добро од друга страна се алчни за пари нашиве па си го продаваат газот. Ова со името Северна ми иде на нерви, за секунда ме нервира. Да ти кажам една дешавка : пред некоја недела беа во Мк на одмор чичко ми и стрина ми и на аеродромот во Скопје не сакале да ги пуштат да ја напуштат Македонија со италјанскиот пасош ....им барале по секоја цена МАКЕДОНСКИ пасош .....а нивниот пасош е истечен и не сакаа да го сменат во нов каде пишува СЕВЕРНА. И буквално се расправале на пасошка контрола , до степен да се обратат и на италјанската амбасада што ги третираат така. И на крај попуштиле нашиве и ги пуштиле да поминат. Многу мразам кога некој на сила те притиска да правиш нешто што не сакаш.
Не се само властите виновни, туку и народот. И тој тука, и тој заминатиот. Само на тастатура се покажува гнев, а на улиците ги нема луѓето или се во мали бројки. Со седење не се менува ништо. Грците и Французите кршат и палат кога властите носат одлуки кои не им се допаѓаат. Македонците седат и плукаат само зад екран. Едни се од типот „не ми е гајле за другите, ако не ми чини ќе бегам надвор“, други се од типот „не се бунам оти партијата ќе ме избрка од работа“. Со вакви нема да се видат промени. Оние на власт го знаат тоа и само си се смешкаат трошејќи народни пари.
Точно. Ова го потврдувам оти 90 % од родниниве останати во Мк работат преку партија. Си ќутат, си држат место, има такви со приватни бизниси кои се фалат дека одлично им оди посебно ко имаш поддршка од власта. И не, не им љубоморам, шо сакат нека прават со тие партии, само сакав да ти потврдам дека е точно тоа што го имаш напишано. А најточна до сега се има покажано изреката РАЗДЕЛИ ПА ВЛАДЕЈ.
И грците и французите гледам го превртеа светот, од кршење и палење. Грците конкретно, беа маша... или експеримент, за некои политики, кои скоро приметив имале многу интересен импакт на финансиските политики врзани со еврото. Ама пошто тоа е многу долга тема, со барем 20 години меморија, за да биде појасно - нема земја кајшто сум отишла, да не сум сретнала емигриран грк. Од бес напуштил некој златно сонце за да работи во хотел во мрачна скандинавија. А ако е народот виновен-еве кажи, кога последно те прашале, за кој лекторат твоите даночни пари да ги уплатат. Или за тоа како да гласаат во ун. Или за тоа што ќе ти пишува во графа националност. Пошто мене не ме прашале. Јас само треба да трошам 2 саати во пошта/нотар/овластен орган понекогаш, дури да ја најдат под која буква/име е земјата кајшто сум се родила. Што покрај тоа што е парадоксален дебилизам е и фалсификат-јас во никаква Северна не сум се родила.
Како човечки род еволуираме од тоа да придаваме преголема одговорност на личноста за влијанието врз другите луѓе до тоа целосно да се апсолвираме од одговорност, барем во секојдневие (надвор од криминал и неетички измами). Го губиме attention span дури и за слушање, разбирање на било кого освен самите себе, затоа што е потешко, понапорно од being entertained, веќе сме полни со сопствените мисли и чувства, немаме место за туѓите. Осцилираме меѓу чист хедонизам и престимулираност, неспособни балансирано да ги „ожнееме“ придобивките на двете состојби - љубов кон животот и напор кој нѐ тера да се развиваме и растеме и без кој добрите моменти би ја немале истата вредност. Си создаваме светови каде што постоиме само ние и единствен кому можеме да згрешиме сме самите ние; дури и во тагата сме егоцентрични. Да, единствената личност со која ќе сме цел живот сме самите ние; единствената контрола врз дејства (до некаде) ја имаме само врз самите нас; меѓутоа не живееме во вакуум за единствениот извор на интерес да сме само индивидуалното јас.. Можеби отсекогаш така функционирал возрасниот свет, само не сум го имала капацитетот да го сфатам тоа, а можеби и тешко ми е да гледам поинаку поради сопствената резигнираност .
Студено ветре гали образи. Крцкаат суви лисја. Студен филџан, врело кафе. Навидум тишина, а умот разбрануван. Вака е секоја есен.
@Herrera Каква врска има учебников што го објавил офф нет стручњакот ? Гледајте децата дома да си ги научите на мајчин јазик вие наместо лажен патриотизам и политики. Инаку имате и наставници по македонски во Германија што ги плаќа министерство.
Бевме до Божиќниот маркет, надвор ладно крв капе, така е зборот. Уз пат некоја слика да ви доловам што украсувале.
Баш убаво. И овде е украсено. Има и тезги, ама цените се скапи. Ние бевме вчера. Смрзнавме. Многу беше ладно. Џабе што бевме наоблечени.
Почивај во мир, злато.. Не сакам да знам во каква агонија си била, срце ми се искина. Немам зборови, бел ден да не видат
После ваква трагедија, НЕМА МИТ ПОЌЕ ВО ДРЖАВАВА. Господ да ве казни!!! Не можам повеќе да гледам. Три дена жал во државава треба да има! Наеднаш, посмилив како и било и како им е на родителите. ..... Боже Гопсоде, чувај не сите. Почивај во мир, срцка!
Мајка ми имаше добра поента. Сестричката да искочеше тоа утро и неа ќе ја немаше, ова беше планирано за двете, ама неа и беше пишано. Вања, во срце ќе ми останеш, имаше живот полн со сништа, патувања и љубов пред тебе, а тоа беше земено толку брзо. Ова е претешко. Нема зборови да ја опишат оваа болка.
Се прашувам дали сите кои шернаа или постираа вчера на ФБ за убиството на Вања се навистина толку потресени и расплакани, или им е да не останат покусо, кога веќе сите шернуваат па ајде и ние.