Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    Мислам дека целта на реченицата од QueenElena беше да каже дека не е добро што православни христијани слават католички празник,а не да покаже омраза кон католичката вера.Православци за Св.Триумф,католици за Валентајн :)
     
    На Papillon.Papi и QueenElena им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Не сум знаела дека било Св.Триумф,Мариа еве и јас нешто ново да научам,ау ме изнасмеа,да не пукнеш. :rofl: :rofl:
     
    На sweet-star, Kaylie, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  3. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Да, тоа сакав да го кажам, но не е Св.Триумф, туку Св,Труфун.
     
  4. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.101
    Допаѓања:
    43.422
    Пол:
    Женски
    Аман те бре ... само да се мрчи нешто
    Еј досадни сте.
    Плус сите сте деца од 13 преку сила 15 год, што го отупевте за Валентајн као не се слави и сл.
    Досадни сте за ве читање .
    Кој што сака ќе слави ...факт е дека и за НГ и за 1Мај ке има статуси од овој тип ...

    Кој што сака нека слави , дали е католик , православен христијанин или муслиман ...

    Пријатен ден
     
    На anuskaNESTLE, Silver.E, prettyliar и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.399
    Пол:
    Женски
    Е не е ни така ни вака,туку е СВ.ТРИФУН. Ако не е ни првото ни второто тогаш е третото и доста правам офф-топици простете ми модератори. :$
     
    На QueenElena му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
    Гледам многу луѓе се нервираат на ова Фејсбуков денеска оти немаат партнер, а никој не се нервира оти е неписмен за 24 мај :!: ...
     
    На sweet-star, Kaylie, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Ма ве сакам сите исто како пармезанот врз моите макарони,како шлагот врз јаготката,како циметот врз сутлијашот,како сиренцето врз ајварот, како кокосот врз бомбицата,како оревот во тортата,како вотката во џусот,како дождецот на пролет,како солта во морето,како ветрето на лето...
    Битно е да се има љубов макар кон нешто,ама не само денес него секој ден! Денов е полн со патетики и лигавења ама го сакам! И нема да готвам денес благи кога постојат совршените медени срца! :lol: :inlove:
     
    На Barbie20, Someonespecial и Keri им се допаѓа ова.
  8. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.717
    Допаѓања:
    9.458
    Пол:
    Женски
    Прочитав погоре дека демек Валентајн е католички празник.Не,на на народот е ,а за љубовта нема граници,нема мое -твое,нема католик-христијанин :) .
    А јас никогаш не сум придавала посебно значение на овој ден,бидејќи љубовта ја има секој ден ,и тоа во разни облици.Дека ме фаќа еуфорија,ме фаќа,си признавам :P .
    Кој како си сака си слави,нема некои посебни правила...тоа е,крај краева уште еден ден живот.
     
    На Silver.E и sweet-star им се допаѓа ова.
  9. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Упс, на Трифун мислев, де. :lol:
     
  10. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.039
    Допаѓања:
    10.444
    Можеби требаше во испукај се, ама ај...

    Може ли некој да ми ја објасни оваа мода помеѓу работодавциве, па сите што се научиле да бараат слика како додаток на cv-то? Па уште не една, туку две понови. Па да ти дадам и пропорции ако не, да не се мачиш да ме мериш! :^)
    И не огласот не е за хостеса на саем, ниту стјуардеса ниту за било каква друга работа каде што е пресуден изгледот, туку изгледа работава е не ме ни интересира што ти имаш да понудиш сестро ако не те бива физички. Ако сакаш милион обуки и сертификати имај, џабе ти е.
    Мобинг во најава!

    Ете така исфрустрирана и нервозна до бесвест и секој ден со се повеќе собран срам кога барам средства од моите за основни работи...наместо јас да им помагам.
     
    На anabel-a, Gioia, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.284
    Она мисли Св. Валентин и Трифун ќе слави, во бич моуд, пуна себе, во љубов или не знам каков филм. А дечко и во 4 сабајле ми се јави со плачење, не било ништо од тоа што сакал... и не беше пијан, туку си станал човекот, си запалил цигарче и контемплирал за животот. Ама оти душа човек (да деее) не сакал прв да раскине, специфична ситуација. Да не знаеш кој на кого е жртва.
    А она...како што кажав, мисли не гази по земја, туку лета...не од љубов, туку од вообразеност.
    И не се работи за тинејџери туку за возрасни луѓе кои се блиску до триесетката...
    Не знам за кого повеќе ми е жал, ама ќе си отворам сос линија, бар да ми се исплати.
     
  12. itgirl

    itgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    69
    Ја исчистив собава и си седам. Уживам во мирисот. Уживам во светлината на денот.
    Убаво е кога сонцето пробива низ прозорецот и буквално чувствувам топлина. Убав е овој ден.
     
  13. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    931
    Допаѓања:
    11.739
     

    Прикачени фајлови:

    • don.png
      don.png
      Големина на фајлот:
      11,6 KB
      Прегледи:
      526
    На Gioia, sagittarius57, Purrinn и 2 други им се допаѓа ова.
  14. AquaBlue

    AquaBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2013
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    571
    Вчера сабајле, во 09:45 часот, едно мало ангелче конечно ја пронајде светлината на овој свет и внесе многу радост во нашите срца. :)

    Да, по незнам кој пат станав тетка.На моето небо сега сјае уште една ѕвезда. :)

    Вчера кога се вратив од училиште ги најдов татко ми и братучед ми во дневната. Им реков Добар ден, а како отпоздрав си добив Ах, еве ја и тетката. Малку се збунив, ама кога ја видов сликата од едно мало слатко бебенце на телефонот кој се наоѓаше во рацете на братучед ми, одма ми стана јасно. Не знаев како да реагирам од толку среќа, не знаев што да направам попрво, само се смеев и ја гледав сликата.
    Попладнето отидовме Битола, на болница. Таму видов едно мало маже, со ангелски лик и небесни очи. :)
    Денес правев колачиња, и се трудев најубаво да ги декорирам. :) Викнав другарки дома, ќе ги честам, ќе правиме журка по иницијатива на татко ми :) Утре тоа мало ангелче си доаѓа дома, едвај чекам повторно да го видам, да го помирисам и да го гушнам. :hug:

    Добредојде ЛУКА на овој свет, биди здрав и жив :l:
     
    На hermosa, kate21, Gioia и 17 други им се допаѓа ова.
  15. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    4.583
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам мене многу повеќе ме нервираат тие што го хејтаат Валентајн отколку другиве што се потресуваат за него.
    Добро бе што ви сметаат толку статусите и сликите ??
    Кој што сака нека слави бе луѓе, аман, што ви е гајле ? :^) :^)
    Ако ви е глупо не го славете, ама оладете малце побогу.
    И јас не го славам,ама тоа не е причина да се правам паметна и да зборам глупости за оние што го слават.
    Секој со свој избор, кој што сака нека си слави.
     
    На Barbie20 и Decapitated.Hanna им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    101.420
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам нешто за православниот и католичкиот празник.Значи св.Трифун и Валентин.
    Чисто се прашувам ,онака без задна намера,и без хејтање ...
    Зошто ние сме го прифатиле денов на вљубените?Затоа што сакаме убави работи.
    Е сега,зошто католичкото население не прифати некоја од нашите слави на пример?Дали е така поради тоа што се помногубројни,па наметнуваат нешто свое,или за нешто друго станува збор?
    :?:
    Само размислувам гласно...
     
  17. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    И стварно не ги разбирам оние кои постојано трагаат по перфекција,со желба малите работи да ги направат големи а не сфаќаат дека среќата е во ситниците.
    Уживам во ситниците кои ме исполнуваат ,додека другите се во потрага по совршенство.

    Ги сакам сончевите денови,ме расположуваат ,ме исполнуваат.Се трудам да уживам со малите нешта,кои всушност се толку големи. ^_^

    Дозволете луѓенца,сончевите зраци да се протнат во вашата душа и да ви ја стоплат и исполнат. :sun:
    Радувајте се,имајте убав викенд! :hug:
     
    На Gioia, Elennaa, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    12.992
    Пол:
    Женски
    Мене само ми е чудно зошто баш овој ден? Зошто не вчера, или утре да си изразите љубов, онака посебно, без црвени сра*а? Ма секој ден бре...
    Пример вчера по поминато цело утро и дел од попладнето заедно, преплетени, тој само стана и го уклучи тостерот. Почна да сецка, порача на братучед му лепчиња за тост и по неколку минути имав спремен тост грижливо завиткан.
    За на работа, да не фрлам пари.
    Ете тоа, тоа го ценам.
     
    На ilipili, anabel-a, Gioia и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Елена се рашишала! :rofl:

    Ми се смучи, седумдесет минути на столче. Тоа му доаѓа како блок час математика. :D Јас сакам да ми ја чепкаат косата, пријатно ми е. Ама дечки, седумдесет минути? [​IMG] Па задник да ти се здрви. :D Џбунот конечно се намали, спласна. Дури и премногу. :wasntme: Па цел живот сум со иста фризура.

    Конечно ми се потрефи истата фризерка од минатиот пат, па не ме распрашуваше како се справувам со косиштево мое. [​IMG] Аман, фризери сте, ко божем првпат во живот коса гледате. [​IMG] Ама па на некој начин, полесно ми е, што барем некој ме сфаќа. Влегол у моја кожа/коса, како сакаш кажи. :rofl:

    Поминува хигиеничарката, да ги собере влаката и ја слушам, само воздивнува: - Ооооох. [​IMG]

    Два пати во годината се шишам, ама кога се шишам... вадам кило од мене. [​IMG] Еднаш фризерот на една муштерика и` рече: - Го гледаш ова? Е, ти да ми дојдеш после три години нешишана, нема ова да ти го извадам. [​IMG] Друга другарка ми вика: - Алал да ти е, секогаш средена коса имаш. Молиииим? :^) Ти не знаеш дека јас секое сабајле во шест саат ја фенирам, ја пустам, ја шприцам, за да спласне. Она на мене, ќе ми вика лесно било со мојата коса. [​IMG]

    Многу ми е смешно, кога ми ја мијат косата. Со тивок млаз, тоа водата пополека ме голицка, ми влегува во ушите.... јас со осмех од шеска до шеска. [​IMG] Некој да ме види, ќе си помисли некој ватерфетиш имам. [​IMG] Ама навистина е многу незгодно, многу голицка водата. :rofl: Јас се трудам да се сконцентрирам, помислувам на равенката за квадратни равенки... - Беше b на квадрат или c на квадрат? :?: И наеднаш ме пука смеа. :rofl:
    [​IMG]
    А тоа пак кога ќе ми го врзат околу врат... јас ролка еднаш во живот имам облечено, они такво ми закачуваат. [​IMG] Не можам ништо уз врат да носам, цело време си мислам дека некој ме дави.

    Ај јас отидов, да папам леќа. Петок е, ама нема грав. Леќа има. :D
     
    На LittlePinky, lana.del-rey, Gioia и 14 други им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Јас не знам зошто воопшто им се замарате на мрчаторите, како за било што така и за Валентајн...
    Оставете ги луѓето нека си промрчат, а вие уживајте си во денов, кој било празник да славите. :D
    Се согласувам, љубовта кон дечко, кон мајка, кон било кого треба да се покажува секој ден, ама па вакви денови за славење, посветен на љубов и изненадувања и не се на одмет за никого. :D
    Моментално не сум во врска, ама како што ми е мило да гледам позитивни и насмеани луѓе, така ми е мерак да гледам заљубени луѓенца. Особено сега, растрчани по уникатни поклони, мечиња, срциња насекаде... кој што сака нека каже, мене лично баш ми е милина за гледање. :wasntme:
    А иначе, јас секогаш кога се ближи пролет имам такво чувство, ко да сум заљубена само не конкретно во некого, што би рекла другарка ми. :lol:
    И така... славете си секој по избор, кој Валентајн, кој Трифун, кој петок и викенд... :D
    Важно бидете насмеани и искористете го најубаво што може. :*
     
    На Girl-50, lana.del-rey, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 1 друга личност им се допаѓа ова.