Значи од наш македонски народ, човек треба да бега најбрзо што може оти ќе пробаш како што доликува (ферски) да договориш нешто и они на крајот ем се прости, ем се безобразни. Како да кажам, а да не бидам премногу.. дрска! Него, што ми излезе. Блазе ѝ, на таквите само така. Патем, прекрасна е.
Станување у 5 саат сабајле пред курс да пишуем домашно > да напишам домашно предходниот ден после курс, место да мерам улици со другарки.
Во минатата компанија имав колега, шо секогаш се лижеше, праеше лице и се упикуеше. И донесов пластични лажички, реков нека стојат, ќе ни се најдат,само на една колешка и кажав, пошо ние двете бевме на смена. И баш наредниот ден му беше роденден на еден колега, и ни едно ни две, ни да праша, чии се, дал можи да зеам. Не брате, си го собра цело пакување ( не ми е мене за 30 ден, сакам и купувам да ни се најдат, туку за постапката ми е), си ги стави таму со чинивчињата за торта. И му реков, културно, убаво, дека требаше да праша дал може да земи неколку. Леле ко ми се сипа :" Што ти е на тебе? Овде се оставени, што имам јас да прашам. Ти да не ги купи?" "Да" , му реков, "јас ги земав" . "Ее, ете таман мене сите ми се најдоа. За мене си биле. " Се изнасмеа, око не му трепна, бе. Ни фала, ни ништо. . А, он никогаш ништо не зимал за во канцеларија.
Јас не знам како можам да бидам толку баксуз, на секои 3-4месеци сум на мајстор со колата. Или е до мене или до колата Татко ми ме теши цело време со :"тоа е потрошен материјал, нормално е..."
Од малите нешта го издвојувам ветрето што утрово дуваше. Малце тешко ми беше да возам точак, ама толку многу ми пријаше, милина на пат до работа. Туку, имаме ли тема за малите нешта?
@GirlLove типично, секој некаде сретнал ваква појава. И баш по вакви (за некои банални) работи се гледа (речиси) цел карактер. Леле, немој да се нервирам од сабајле на темава
Мене некое време ми се врти идеја за тема во смисла “Кога животот се чувствува различно“. Некогаш ми излегуваат такви рилс на инста. И да пишуваме моменти на пример ете: свежо ветре наутро додека возиш точак, мирисот на земјата после дожд, враќање од школо на 10ти јуни кога си дете, првото утро во твојот нов дом, возење до аеродром пред да се раздени.. Ама никогаш не најдов време да расчепкам по темите да не има слична, потоа заборавив.
Објавиле вест дека било удрено куче на автопат. Коментарите: - "племе" - "вози полека бе морон" - "ѓавол да те земе" Дај зимајте им возачка на идиотове оти изгледа не чуле дека автопат и возење полека не иде заедно, пред да отепаат некого на автопат.
Не сум плачка ич ама воопшто не, но како некоја песна знае да ме погоди емотивно тоа чудо е значи. Уште у секундата да почне да се тркала по некоја солза... Некогаш дури ќе ми дојде и онака убаво да си се испразнам.
Кловновите се жива напаст по моловите! Не им го разбирам концептот на менаџерите што ги ангажираат...
Дознав дека кај нас на Балкан сме имале значително помала застапеност на алергија на кикирики од светско ниво и Америка и тоа на што уствари се должело? (Најверојатно) Што популарни грицки тука се смоките што им се даваат нели често на мали деца. А докажано е дека воведувањето на чести алергени полека од мала возраст намалува ризик од алергии. Слично било и во други поединечни земји каде имаат некои познати грицки со кикирики. Интересно.
Последниот пат коа бев у Мк се движев пуно у тоа зградите близу Џевахир, и буквално у цел блок на секоја една зграда разделена не со уличка, туку ограда или зидче, има по една кладилница или коцкарница... И измеѓу секоја една кладилница и коцкарница има по едно паркче со лулашки, а па во близина некоја градинка или школо... Од каде деца идат да пишат ливче со парите за ужинка... Али не се криви они, крива е таа глупачата што со едногодишното бебе у десет саат навечер го чекаше тој дебилот и да излезе од коцкарница... Али нели, секогаш сиромаштијата е крива за се, оти ако си сиромашен одма по аутоматизам си без морални вредности и чувство за одговорност...
Сдк- гледав некој стари слики американски од 1960 некаде и можам да забележам дека нема ниеден човек проблем со тежина во тоа време и сите се фит. Единствена разлика од тоа време и денес е само достапноста на брза и џанки храна во маркетите и сендвичарите. Мислам дека може да се заклучи дека храната е здравјето, на некој не му одговара да биде убаво па за пусти пари се прави се па и се уништува човековото здравје.
Вие што имате цело шкафче полно залихи од најразноразни благи, чоколади, бонбони, десерти, како издржувате така да ви стојат со денови, недели недопрени? Алал да ви е еј, капа доле навистина. Или она, ќе касне, ќе проба само по една до две ајде и три коцки нека се од чоколадо на пример. Wow. Камо така да можев ама не можам. Ај вие што не сте по благото, да разберам, мада не разбирам ондак зашо толку благо чувате ако не сте, а другиве што ем се љубители, ем се воздржани и имаат мерка. Е за нив браво ќе речам. Сигурно логично е дека чим имаш поголема количина дома, ќе ти остане и за поише дена ама кај нас еве дома ова правило поинаку функционира и е обратно пропорционално од она што се очекува. Значи што поише се има, толку побрзо ќе се изеде. Ненормална работа. Затоа си викам поарно е да не се купува ич, така барем раат сум и помирна. Еве денес немаааа.
Јас ова само кај баби имам видено И баба ми криеше така благи во едно шкафче и кај други баби што сум одела, обавезно во шкафчето во дневна под телевизорот имаат политанки и бонбони.
И кај тетка ми. Море шкаф поголем е тоа у пм. Нема шо нема. И баба ми на времето вака чуваше. Ја не можам да чувам, а сакам. Така наредени ко у продавница исто.