Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.537
    Допаѓања:
    43.760
    1. Има автобуси и без клима што се вградени, голема работа.
    2. Школите не се со клима оти се изградени коа не постоела, и плус клима на објект се доградува, не е некоја научна фантастика, и голем ташак колку кошта, чим ти имаш дома за државата е тоа ништо.
    3. Школството го плаќаме СИТЕ, од буџетот на Република Македонија!
    4. СИТЕ користиме јавен правез, и СИТЕ одиме или сме оделе у школо.
    5. Баш оти топло е само 2 месеци, логично е да се има клима, оти придобивките се поголеми од загубата.

    Децата нема да умираат без воздух и да се враќаат со мокри гаќи дома, а ќе се плаќа струја екстра само два месеци.

    Е сеа, околу тоа дали сум паметна, сум.
    Друго, ако се осеќаш прцнато од моја страна оти имаш двојни аршини и си ги глеаш само своите приоритети, арно.

    Кај шуто, па и боде.
    Поздрав.
     
    На Gentlewoman!, Waverly Raven, eliesaab и 6 други им се допаѓа ова.
  2. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    16.917
    21 век, во училиштата се користи електронска табла, а нема клима уред.

    Нели напред со технологија, па ете електронска табла.

    Основни услови немаме за дeцата, битно електронска табла има и сите деца имаат, да не речам Phone 15.

    Па ете, коа нашите на времето се печеле в училници, нека го вратат вратат тој период назад. Нека има обична табла со креди, дневник и ќе се греат со она што се полнеше со дрва, како се викаше.

    А, да и наставниците нека носат мантили, а не проѕирни бели пантолони.

    Ето кажав.
     
    Последна измена: 8 септември 2024
    На forumce и Zavisnaodblago им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    25.166
    И јас иам летнато, на пешачки, од лента за право му текнало да сврти баш во тој момент, и тоа цајкан беше! Ама точакот не го давам, најбољи превоз е. Ќе бидеш ултра претпазлива и со тек на време ќе се навикнеш на некултурата. :D
    Барем ќе дишеш воздух, немам да чекаш на станица, нема да се буткаш унутра и ќе се движиш речиси кај сакаш. И :!: ќе имаш физичка активност. :wasntme:
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.226
    Допаѓања:
    5.095
    Пол:
    Машки
    Сфаќаш колку ни е заебана државата кога ќе закачиш знаме на тераса по повод празников и македонец ќе ти рече да го тргнеш ,,да не се налутеле шќип".
     
    На Gentlewoman!, christinnn, hermosa и 6 други им се допаѓа ова.
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.321
    Допаѓања:
    8.650
    Пол:
    Машки
    Овие табли се најчесто донација од странски амбасади, државата ги нема купено зошто се скапи како и климите и поскапи. А и секаде ги нема, во некои улилишта само итоа за тие деца од 1во до 5то. Ова ти го потврдувам оти држев пракса во училиште пред 5 месеци.
    А тоа шо децата имаат Iphone 15 тоа државата не им го купила, него родителите.

    Јас кај шо учев основно пред 7-8 години, кинеска амбасада го реновира училиштето 100/100. Од патоси онај како гума, скали, пвц врати и пенџериња, премалтерување и фарбање на ѕидови, клупи, столчиња, табли обични, инсталација за интернет, компјутери пред секој, тастатури, глувчиња, монитори, лаптопи за тие до 5то одделение, кујната исто
    итн. А УСАИД ја реновираше спортската сала. И сите училишта во државава се реновација од странци.

    Не само нашите, еве јас а и други го зачекавме ова, итоа пред само неколку години a и уште учат децата со табла со креди и сунѓери. И пеколни горештини, училиштево е на 3 спрата, јас учев на 3ти, југо источна училница, втора смена од 12.30 до 4-5 саатот дур не завртеше кон запад сонцето, внатре беше сауна, немаше ни пердиња ни драпери. Од жешкото и пвц дограмата и дишење на 30 ученици во училница, ѕидовите како црна мувла фатија. Од 6то до 8мо вака, се потиш, стакла отворени ама залудно, после во 9то купија памтам кремови големи пердиња или и тие да не беа донација, кој знае.

    Клими немаше никаде, ни во наставнички кабинет, ни во канцеларии кај директори, психолог/педагог, училници и дневен престој.

    Сдк, не сум против подобри услови ама мора да се прифати реалноста дека е тоа е што е, сме го поминале сите тоа и еве сме здрави и живи сите, Македонија е сиромашна држава, со оглед на тоа дека климите се доста скапи а притоа треба и монтажа, па сервисирање и одржување, струја, целиот буџет ќе го потроши државата само за тоа зошто бројот на училишта во секое населено место нее мал, не може во едно да има а во друго да нема како Миа шо пишала во училиштето кај шо учи нејзиното дете требало клима а за другите не мора, дискриминирај ги. Плус некој од големиве шо имаат фирма за тоа ќе испери пари шо ќе го земи тендерчето за тие клими.

    Македонија има блага средоземна и остра континентална клима. За разлика од некои други земји и ученици каде немаат основни потреби за живот, не можеме да осудуваме толку и да се жалиме и напаѓаме за нешто шо е привремено од 2 месеци како летото, се издржува. Има луѓе шо не можат дома клима да си дозволат а не пак државниот буџет да се оптерети за 100% и онака е климав целиот од кредити и релабанс живее државава. Се издржува, зошто некаде на друго место во светот во исто или различно време некој има и полоши услови од ова.

    А и климиве не се нешто посебни и за здравјето, после ќе викаат зошто децата се болни, па тогаш климите криви ќе бидат. Од топло нема гајле (освен да нее претерано ама МК се издржува), од ладно има.
     
    Последна измена: 8 септември 2024
    На Selena01, Bratot, FridaodaMk и 2 други им се допаѓа ова.
  6. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.465
    Допаѓања:
    12.266
    Пол:
    Женски
    Да скратиме со темава за Миа и климата. Типката си го доби посакуваното внимание. Да се навратиме на пореалните проблеми. Зборуваме за сиромашна земја каде грото едвај крпат месец за месец. Да, можеби да живеевме во богата држава ќе си баравме да ни биди се погодено, но фактот е дека колку и да се бориме нема се да добиеме. Миа ако веќе толку се декларира како инфлуенсер треба да тргни од основните проблеми. Али она тргнува од тоа што неа ја засега и сака да се оправда. И реално што сака нека прави нека го носи детето Санторони, на кој му е гајле за неа и нејзиниот син. Нејсе има родители што стварно имаат проблеми...од материјални средства па се до образовни асистенти. Оти госпоѓицава желна за внимание не покрени иницијатива за средства и донација на школски пробор? Да покрени иницијатива за да се обезбеди хигиена во школите, бесплатни менструални производи оти ако не и кажал никој, уште сме во 15 век некои немаат пари за влошки. Кога ќе се средат базичните проблеми, тогаш можеме да зборуваме за клима дали има или нема услови, а школската година завршува на 10ти јуни, а започнува на 1ви септември, се на се децата максимум еден месец ќе учат во потопло време. Добро би било реално да се согледуваат работите, и да се направат суштински промени, за доброто на сите. А деца кои трчаат и се активни уште клима да им пуштиш после пак климата ќе ви биди проблем оти се разболуваат, па еден го дува друг му е топло. Да не прајме муабет дека треба некој да плаќа за оддржување и чистење. Ние во буџетот имаме дупка, одвај пензии и плати се исплаќаат, заглавена е државата со кредити, уште трошоци им требаат, кои воедно се за краток период. Сега сме 8ми септември за една недела ќе се мени времето, веќе иди есен, па самите израчунајте дали климата е неопходна пред сите други проблеми
     
    На MeowMeow, M.B., Mrs. right и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Не глеам само мои приоритети
    До 2020 бев средно
    До јули 2024 бев студент.
    Вчера искочив од школските клупи. И нас ни беше жешко, и ја сум се потела.
    И шо? Здрава, права, нишо не ми фали.

    Знаеш шо е полошо? Шо кога ќе има клима, тие шо ги фаќа сонце ќе се ем испотени ем под клима.
    И у кола иаме сите клима, ама пак се потиш ако те фаќа сонце. Ја сто пати сум завршила со затнат нос.
    После, филтерите шо треба да се чистат секоја сезона. Ќе видиме колку ќе се чистат, и тоа влагата внатре шо смрди на оцет скапан, кога ќе добиваат бактерии у нос.




    Не сфаќате дека никој не вика дека не треба или не заслужиле. НЕМАМЕ ПАРИ.

    вие шо не живеете овде, не знам колку сте запознаени дека не моеш да се оперираш ни ИТНО. Не работат салите.
    Автобусите шо ти ми ги збориш се за СИТЕ. Од најмал до најстар. Епа тие автобуси пошо ги нема, не моеш да стигнеш до школо/работа и клима. Пошто нема.
    Треба да искочиш саат време порано.
    Еве дое до школо и клима има.
    сака да иде да изми раце да јаде, нема сапун пошо некој решил да го искрши диспанзерот за сапун.
    Книги немаат. Ја у трета (2019) учев географија од 2002.
    Од пред 17 год податоци, географија пази.

    идам да ги видам професорките од средно. Ми вика едната ,,влагам на класен час, пола со нозете НА клупа, и неќат да ги симнат”
    За кого и сапуни и клими? Верувам дека дома НЕ СМЕАТ да качат нога со патика на маса.
    Имаше една у Карев, моја генерација, си ја мавала главата у тие од Телеком за струја и интернет. Уше се снимала.
    И на крај се откачија жиците.



    Кога ќе ги воспитате дека сѐ е од наши пари, и како работи буџетот, и кога ќе се научат да чуваат. Ќе е друго. А башка шо НЕАМЕ ПАРИ.

    никој не вика дека не се потребни, не се итни.
    Читајте малце со разбирање. Не само да ми рипате.
     
    На sino.o.oka, nextredstyle, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Толку беше де.
    Пет дена од септември и 10 од јуни.
    IMG_1358.jpeg На 26 клима ќе пуштаат?
    Не е ни здраво. Ја глеам шо помалце да се изложувам на клима, исто ко со Сонцето. Штетно е
     
  9. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.161
    „Не знам како можело да ѝ падне напамет да излезе во толку тесна креација“,
    „Жената буквално не може да дише“,
    „Вака изгледам кога излегувам од бањата за да се јавам на телефон“,
    „Изгледа како штотуку да излегла од под туш покриена со пешкир“, гласат дел од коментарите.


    ХАХАХАХАХХАХАХАХА, исто и јас ко излезам од под туш сум вака со крпата околу мене.

    Пуста мода :rofl:

    https://tocka.com.mk/vesti/492669/v...zleguvam-od-banjata-za-da-se-javam-na-telefon
     
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.321
    Допаѓања:
    8.650
    Пол:
    Машки
    Нека ние честит денот на независноста на Македонија!

    На 8 Септември 1991 година, пред 33 години македонскиот народ се определи за самостојна и суверена Македонија. Желбата на многу наши предци векови низ историјата кои со идеал и борба се бореле за остварување на сонот за слободна и независна Македонија конечно се оствари, пред 33 години се удрија темелите на денешна Република Македонија за да бидеме свои на своето.

    Каква и да е, наша е, немаме друга мајка, таа е, нашата Македонија. И ден денеска обезправена, омаловажена, потценета од другите и предадена од своите, сепак е жива, жива вода подземна, кај што тоне таа извира, безсмртна.

    Честит празник татковино и вечна да ни си :l:

    Бог да ја благослови Македонија!
    mkd.jpg
     
    Последна измена: 8 септември 2024
    На INNERBEAUTY, Mrs. right, sino.o.oka и 4 други им се допаѓа ова.
  11. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    3.179
    Пол:
    Женски
    Ве читам веќе уназад колку се борите за клими дали треба или не треба… Заборавате дека истите тие школи во зима немаат функционално парно.. Условите се 0 во школите!!

    Ако нема основни услови (вц, парно, прозори..) во институција во која треба да влезе дете и да искочи образован човек што да зборуваме за понатаму?
     
    На nextredstyle, Feminka22 и GirlLove им се допаѓа ова.
  12. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.210
    Допаѓања:
    4.429
    Пол:
    Женски
    Честита 33 годишнина татковино...ти ништо не ни згреши ние ти грешиме...
    Поштеди не од изроди, дај ни сила да се избориме со секое зло за тебе!
     
    На eliesaab, nextredstyle, quattro и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    27.688
    Пол:
    Женски
  14. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.919
    Допаѓања:
    23.858
    И јас тоа викам.
    Оно што е до мене, дајбоже да имаат децава и клими и кујни за јадење и кафе и бањи за после физичко и све. Ама да се навратиме во реалноста.
    Она не ѝ е гајле за условите во школото колку што ѝ е гајле само за нејзиното дете. И нема никогаш и нејзе и слични ко нејзе да ги видиш да се заангажираат за некој проблем што е општествен, а не нивен личен.
    Сте чуле сигурно за Борче Стаменов, многу пати сум го спомнала, Донирај Компјутер дечкото. Чоечево (не сум сигурна точна бројка) ама има дадено преку 3-4 илјади компјутери по деца од сиромашни фамилии, училници итн. И вака се постапува кога нешто ти смета. Постојано е активен, бара донации, организира и све по ред.
    И типов нема којзнае какви примања, ко што реков организацијата нивна имаат сметка кај што секој донира и тие средства ги користи за превоз, поправка на компјутерите за донација, имаат и возило исто купено со донациите со кое врши превоз. Тек во време на пандемија кога се следеше онлајн можеш да замислиш колку помогна.
    А не овие ќе се циганчат со парталчиња по бутици и после ќе плачат колку било тешко да си инфлуенсер и вака одвреме навреме ќе испаднат големи јунаци на некое стори со некој ваков пост. И после било труло општеството, љубоморни сме биле.

    Едит
    Знам дека обични родители и се бунат и све. Ама обични. А кога имаш малце појше моќ, ако стварно те боли патка, ќе ја мрднеш таа патка и ќе влијаеш да се смени нешто. Ако не, ај лог аут и од Инстаграм и од све.
     
    На M.B., Mrs. right, Snow-Star и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.449
    Допаѓања:
    22.211
    Пол:
    Машки
    Jas ko ucev odevme vo wc na krckava shtica vo polsko WC i togas bea poladni zimite pa eve ne zdravi pravi. Kako idi vremevo se povekje se sozdavaat "krevki" lujge... samo da se placelo.
     
    На christinnn, Bitter-Sweet, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Сеа ќе ти се пуштат со муабетот ,,ама тогаш така ако било сеа не мора''
    затоа и сеа глеаме, а тек ќе глеаме разлики у генерации. И мојата ја викаат Пепси генерација. Ќе напраиме споредба за некоја год, шо си можел и си праел ти на 20-30 и шо ќе праат свилените.
    Издржливост 0 имаат. Нула.
    Сѐ е тоа од чување под стаклено ѕвоно. Ама тој шо мочал на -20 надвор, се потел на 40+ во училна, поише ќе издржи и преживее неко некој мазен и пазен.
    Да ме пуштат мене со дете шо се занимава со земјоделство, на пуст остров, ја прва ќе умрам, прво од условите, второ нема да знам компир да засадам или ќе ме удри сунчаница

    знам стари луѓе шо деновиве береа кила и кииила грозје на сонце, со 70+ год. Селски луѓе, од село израснати. Ама нема кој да бере грозје, пошо им е испод част да влезат у нива, или лакираните нокти да ги напраат со малце кал. Затоа у Америка се од глуп поглуп, пошо сѐ им е сервирано на готово и сѐ е електронски, технологија на врвно ниво. А не го палат мозокот за НИШТО.
     
    На sino.o.oka, quattro, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    16.917
    Е ај, како можи државни институции (не зборувам за Претседателката и министрите ма да и тие треба да се земат во обзир ) имаат клима и парно, а училиштава да немаат?

    НАПРЕДНО ОПШТЕСТВО, значи да имаме НАПРЕДНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕЊЕ.
     
    На Ugly Duckling и Angie1432 им се допаѓа ова.
  18. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.397
    Пол:
    Женски
    Па има парно. Грејна сезона у ШКОЛО трае поише од СЕЗОНА ЗА ЛАДЕЊЕ. По 1000ти пат.
    Децата се у школо ДО 10ти јуни и ОД 1ви септември
    најжешкото го проаѓаат дома
    администрација, професори и сл, шо идат и јули и август, имаат клими.
    а децата преку лето секако се дома под клима или кај баба дедо у село
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    16.917
    Мислам, како и да е сме сиромашна држава. Тоа е тоа. Толку можиме.

    Политичариве пикаат пари у џеб, учебници стари и ред др работи.
     
    На quattro му/ѝ се допаѓа ова.
  20. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.460
    Допаѓања:
    25.166
    Е, ова е тоа:
    https://www.instagram.com/p/CrnSaBEMmZ-/?igsh=dGZla3RwcDFqejB2