1. Има автобуси и без клима што се вградени, голема работа. 2. Школите не се со клима оти се изградени коа не постоела, и плус клима на објект се доградува, не е некоја научна фантастика, и голем ташак колку кошта, чим ти имаш дома за државата е тоа ништо. 3. Школството го плаќаме СИТЕ, од буџетот на Република Македонија! 4. СИТЕ користиме јавен правез, и СИТЕ одиме или сме оделе у школо. 5. Баш оти топло е само 2 месеци, логично е да се има клима, оти придобивките се поголеми од загубата. Децата нема да умираат без воздух и да се враќаат со мокри гаќи дома, а ќе се плаќа струја екстра само два месеци. Е сеа, околу тоа дали сум паметна, сум. Друго, ако се осеќаш прцнато од моја страна оти имаш двојни аршини и си ги глеаш само своите приоритети, арно. Кај шуто, па и боде. Поздрав.
21 век, во училиштата се користи електронска табла, а нема клима уред. Нели напред со технологија, па ете електронска табла. Основни услови немаме за дeцата, битно електронска табла има и сите деца имаат, да не речам Phone 15. Па ете, коа нашите на времето се печеле в училници, нека го вратат вратат тој период назад. Нека има обична табла со креди, дневник и ќе се греат со она што се полнеше со дрва, како се викаше. А, да и наставниците нека носат мантили, а не проѕирни бели пантолони. Ето кажав.
И јас иам летнато, на пешачки, од лента за право му текнало да сврти баш во тој момент, и тоа цајкан беше! Ама точакот не го давам, најбољи превоз е. Ќе бидеш ултра претпазлива и со тек на време ќе се навикнеш на некултурата. Барем ќе дишеш воздух, немам да чекаш на станица, нема да се буткаш унутра и ќе се движиш речиси кај сакаш. И ќе имаш физичка активност.
Сфаќаш колку ни е заебана државата кога ќе закачиш знаме на тераса по повод празников и македонец ќе ти рече да го тргнеш ,,да не се налутеле шќип".
Овие табли се најчесто донација од странски амбасади, државата ги нема купено зошто се скапи како и климите и поскапи. А и секаде ги нема, во некои улилишта само итоа за тие деца од 1во до 5то. Ова ти го потврдувам оти држев пракса во училиште пред 5 месеци. А тоа шо децата имаат Iphone 15 тоа државата не им го купила, него родителите. Јас кај шо учев основно пред 7-8 години, кинеска амбасада го реновира училиштето 100/100. Од патоси онај како гума, скали, пвц врати и пенџериња, премалтерување и фарбање на ѕидови, клупи, столчиња, табли обични, инсталација за интернет, компјутери пред секој, тастатури, глувчиња, монитори, лаптопи за тие до 5то одделение, кујната исто итн. А УСАИД ја реновираше спортската сала. И сите училишта во државава се реновација од странци. Не само нашите, еве јас а и други го зачекавме ова, итоа пред само неколку години a и уште учат децата со табла со креди и сунѓери. И пеколни горештини, училиштево е на 3 спрата, јас учев на 3ти, југо источна училница, втора смена од 12.30 до 4-5 саатот дур не завртеше кон запад сонцето, внатре беше сауна, немаше ни пердиња ни драпери. Од жешкото и пвц дограмата и дишење на 30 ученици во училница, ѕидовите како црна мувла фатија. Од 6то до 8мо вака, се потиш, стакла отворени ама залудно, после во 9то купија памтам кремови големи пердиња или и тие да не беа донација, кој знае. Клими немаше никаде, ни во наставнички кабинет, ни во канцеларии кај директори, психолог/педагог, училници и дневен престој. Сдк, не сум против подобри услови ама мора да се прифати реалноста дека е тоа е што е, сме го поминале сите тоа и еве сме здрави и живи сите, Македонија е сиромашна држава, со оглед на тоа дека климите се доста скапи а притоа треба и монтажа, па сервисирање и одржување, струја, целиот буџет ќе го потроши државата само за тоа зошто бројот на училишта во секое населено место нее мал, не може во едно да има а во друго да нема како Миа шо пишала во училиштето кај шо учи нејзиното дете требало клима а за другите не мора, дискриминирај ги. Плус некој од големиве шо имаат фирма за тоа ќе испери пари шо ќе го земи тендерчето за тие клими. Македонија има блага средоземна и остра континентална клима. За разлика од некои други земји и ученици каде немаат основни потреби за живот, не можеме да осудуваме толку и да се жалиме и напаѓаме за нешто шо е привремено од 2 месеци како летото, се издржува. Има луѓе шо не можат дома клима да си дозволат а не пак државниот буџет да се оптерети за 100% и онака е климав целиот од кредити и релабанс живее државава. Се издржува, зошто некаде на друго место во светот во исто или различно време некој има и полоши услови од ова. А и климиве не се нешто посебни и за здравјето, после ќе викаат зошто децата се болни, па тогаш климите криви ќе бидат. Од топло нема гајле (освен да нее претерано ама МК се издржува), од ладно има.
Да скратиме со темава за Миа и климата. Типката си го доби посакуваното внимание. Да се навратиме на пореалните проблеми. Зборуваме за сиромашна земја каде грото едвај крпат месец за месец. Да, можеби да живеевме во богата држава ќе си баравме да ни биди се погодено, но фактот е дека колку и да се бориме нема се да добиеме. Миа ако веќе толку се декларира како инфлуенсер треба да тргни од основните проблеми. Али она тргнува од тоа што неа ја засега и сака да се оправда. И реално што сака нека прави нека го носи детето Санторони, на кој му е гајле за неа и нејзиниот син. Нејсе има родители што стварно имаат проблеми...од материјални средства па се до образовни асистенти. Оти госпоѓицава желна за внимание не покрени иницијатива за средства и донација на школски пробор? Да покрени иницијатива за да се обезбеди хигиена во школите, бесплатни менструални производи оти ако не и кажал никој, уште сме во 15 век некои немаат пари за влошки. Кога ќе се средат базичните проблеми, тогаш можеме да зборуваме за клима дали има или нема услови, а школската година завршува на 10ти јуни, а започнува на 1ви септември, се на се децата максимум еден месец ќе учат во потопло време. Добро би било реално да се согледуваат работите, и да се направат суштински промени, за доброто на сите. А деца кои трчаат и се активни уште клима да им пуштиш после пак климата ќе ви биди проблем оти се разболуваат, па еден го дува друг му е топло. Да не прајме муабет дека треба некој да плаќа за оддржување и чистење. Ние во буџетот имаме дупка, одвај пензии и плати се исплаќаат, заглавена е државата со кредити, уште трошоци им требаат, кои воедно се за краток период. Сега сме 8ми септември за една недела ќе се мени времето, веќе иди есен, па самите израчунајте дали климата е неопходна пред сите други проблеми
Не глеам само мои приоритети До 2020 бев средно До јули 2024 бев студент. Вчера искочив од школските клупи. И нас ни беше жешко, и ја сум се потела. И шо? Здрава, права, нишо не ми фали. Знаеш шо е полошо? Шо кога ќе има клима, тие шо ги фаќа сонце ќе се ем испотени ем под клима. И у кола иаме сите клима, ама пак се потиш ако те фаќа сонце. Ја сто пати сум завршила со затнат нос. После, филтерите шо треба да се чистат секоја сезона. Ќе видиме колку ќе се чистат, и тоа влагата внатре шо смрди на оцет скапан, кога ќе добиваат бактерии у нос. Не сфаќате дека никој не вика дека не треба или не заслужиле. НЕМАМЕ ПАРИ. вие шо не живеете овде, не знам колку сте запознаени дека не моеш да се оперираш ни ИТНО. Не работат салите. Автобусите шо ти ми ги збориш се за СИТЕ. Од најмал до најстар. Епа тие автобуси пошо ги нема, не моеш да стигнеш до школо/работа и клима. Пошто нема. Треба да искочиш саат време порано. Еве дое до школо и клима има. сака да иде да изми раце да јаде, нема сапун пошо некој решил да го искрши диспанзерот за сапун. Книги немаат. Ја у трета (2019) учев географија од 2002. Од пред 17 год податоци, географија пази. идам да ги видам професорките од средно. Ми вика едната ,,влагам на класен час, пола со нозете НА клупа, и неќат да ги симнат” За кого и сапуни и клими? Верувам дека дома НЕ СМЕАТ да качат нога со патика на маса. Имаше една у Карев, моја генерација, си ја мавала главата у тие од Телеком за струја и интернет. Уше се снимала. И на крај се откачија жиците. Кога ќе ги воспитате дека сѐ е од наши пари, и како работи буџетот, и кога ќе се научат да чуваат. Ќе е друго. А башка шо НЕАМЕ ПАРИ. никој не вика дека не се потребни, не се итни. Читајте малце со разбирање. Не само да ми рипате.
Толку беше де. Пет дена од септември и 10 од јуни. На 26 клима ќе пуштаат? Не е ни здраво. Ја глеам шо помалце да се изложувам на клима, исто ко со Сонцето. Штетно е
„Не знам како можело да ѝ падне напамет да излезе во толку тесна креација“, „Жената буквално не може да дише“, „Вака изгледам кога излегувам од бањата за да се јавам на телефон“, „Изгледа како штотуку да излегла од под туш покриена со пешкир“, гласат дел од коментарите. ХАХАХАХАХХАХАХАХА, исто и јас ко излезам од под туш сум вака со крпата околу мене. Пуста мода https://tocka.com.mk/vesti/492669/v...zleguvam-od-banjata-za-da-se-javam-na-telefon
Нека ние честит денот на независноста на Македонија! На 8 Септември 1991 година, пред 33 години македонскиот народ се определи за самостојна и суверена Македонија. Желбата на многу наши предци векови низ историјата кои со идеал и борба се бореле за остварување на сонот за слободна и независна Македонија конечно се оствари, пред 33 години се удрија темелите на денешна Република Македонија за да бидеме свои на своето. Каква и да е, наша е, немаме друга мајка, таа е, нашата Македонија. И ден денеска обезправена, омаловажена, потценета од другите и предадена од своите, сепак е жива, жива вода подземна, кај што тоне таа извира, безсмртна. Честит празник татковино и вечна да ни си Бог да ја благослови Македонија!
Ве читам веќе уназад колку се борите за клими дали треба или не треба… Заборавате дека истите тие школи во зима немаат функционално парно.. Условите се 0 во школите!! Ако нема основни услови (вц, парно, прозори..) во институција во која треба да влезе дете и да искочи образован човек што да зборуваме за понатаму?
Честита 33 годишнина татковино...ти ништо не ни згреши ние ти грешиме... Поштеди не од изроди, дај ни сила да се избориме со секое зло за тебе!
И јас тоа викам. Оно што е до мене, дајбоже да имаат децава и клими и кујни за јадење и кафе и бањи за после физичко и све. Ама да се навратиме во реалноста. Она не ѝ е гајле за условите во школото колку што ѝ е гајле само за нејзиното дете. И нема никогаш и нејзе и слични ко нејзе да ги видиш да се заангажираат за некој проблем што е општествен, а не нивен личен. Сте чуле сигурно за Борче Стаменов, многу пати сум го спомнала, Донирај Компјутер дечкото. Чоечево (не сум сигурна точна бројка) ама има дадено преку 3-4 илјади компјутери по деца од сиромашни фамилии, училници итн. И вака се постапува кога нешто ти смета. Постојано е активен, бара донации, организира и све по ред. И типов нема којзнае какви примања, ко што реков организацијата нивна имаат сметка кај што секој донира и тие средства ги користи за превоз, поправка на компјутерите за донација, имаат и возило исто купено со донациите со кое врши превоз. Тек во време на пандемија кога се следеше онлајн можеш да замислиш колку помогна. А не овие ќе се циганчат со парталчиња по бутици и после ќе плачат колку било тешко да си инфлуенсер и вака одвреме навреме ќе испаднат големи јунаци на некое стори со некој ваков пост. И после било труло општеството, љубоморни сме биле. Едит Знам дека обични родители и се бунат и све. Ама обични. А кога имаш малце појше моќ, ако стварно те боли патка, ќе ја мрднеш таа патка и ќе влијаеш да се смени нешто. Ако не, ај лог аут и од Инстаграм и од све.
Jas ko ucev odevme vo wc na krckava shtica vo polsko WC i togas bea poladni zimite pa eve ne zdravi pravi. Kako idi vremevo se povekje se sozdavaat "krevki" lujge... samo da se placelo.
Сеа ќе ти се пуштат со муабетот ,,ама тогаш така ако било сеа не мора'' затоа и сеа глеаме, а тек ќе глеаме разлики у генерации. И мојата ја викаат Пепси генерација. Ќе напраиме споредба за некоја год, шо си можел и си праел ти на 20-30 и шо ќе праат свилените. Издржливост 0 имаат. Нула. Сѐ е тоа од чување под стаклено ѕвоно. Ама тој шо мочал на -20 надвор, се потел на 40+ во училна, поише ќе издржи и преживее неко некој мазен и пазен. Да ме пуштат мене со дете шо се занимава со земјоделство, на пуст остров, ја прва ќе умрам, прво од условите, второ нема да знам компир да засадам или ќе ме удри сунчаница знам стари луѓе шо деновиве береа кила и кииила грозје на сонце, со 70+ год. Селски луѓе, од село израснати. Ама нема кој да бере грозје, пошо им е испод част да влезат у нива, или лакираните нокти да ги напраат со малце кал. Затоа у Америка се од глуп поглуп, пошо сѐ им е сервирано на готово и сѐ е електронски, технологија на врвно ниво. А не го палат мозокот за НИШТО.
Е ај, како можи државни институции (не зборувам за Претседателката и министрите ма да и тие треба да се земат во обзир ) имаат клима и парно, а училиштава да немаат? НАПРЕДНО ОПШТЕСТВО, значи да имаме НАПРЕДНИ УСЛОВИ ЗА УЧЕЊЕ.
Па има парно. Грејна сезона у ШКОЛО трае поише од СЕЗОНА ЗА ЛАДЕЊЕ. По 1000ти пат. Децата се у школо ДО 10ти јуни и ОД 1ви септември најжешкото го проаѓаат дома администрација, професори и сл, шо идат и јули и август, имаат клими. а децата преку лето секако се дома под клима или кај баба дедо у село
Мислам, како и да е сме сиромашна држава. Тоа е тоа. Толку можиме. Политичариве пикаат пари у џеб, учебници стари и ред др работи.