Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Со првото кафе на памет ми паѓаат сите оние лекции, вежби, домашни за нареднава недела.
    Малку музика и ќебенце да се стоплам и загреам за напорниов ден. Ке успеам, знам, ке ги завршам сите обврски и вечер ке излезам и ке пешачам.Ми се јави таква желба во мене да си ставам слушалки и да ја поминам повторно и повторно Партизанска.
    Имајте убав есенски ден, според прогнозите неколку дена не очекува лошо, ладно време а потоа топли денови и убава топла не многу долга зима, што ме прави најсреќна на цел свет.
    :*
     
    На MademoiselleB и Sunshine.Sunshine им се допаѓа ова.
  2. natasa-natka

    natasa-natka Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2014
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    306
    Пол:
    Женски
    Не е битно колку време некој го познаваш туку како тој те прави да се осеќаш!
     
  3. elisabeta

    elisabeta Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2012
    Пораки:
    1.888
    Допаѓања:
    7.541
    Кога ке се дотераш како права дама и излезеш во кафич :makeup: ,колку и да не си признаеш навистина се чуствуваш поасамоуверена во таа скоцканост.Сношти беше прекрасна ноќ за мене .Јас не сум јас ако не го почнам денов со музика ,ме држи од синоќа еуфорија .
     

    Прикачени фајлови:

    На danichap, sweet-star, Barbie20 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. NapalenaNinfomanka

    NapalenaNinfomanka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2014
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    93
    ...Дека станав зависна од форумов,запознав толку мн пријатни личности тука :$
    Значи незнам,како сум се приврзала дотолку заш обично мразам социјални мрежи,и обично правам профил па за краток период го забаталувам,
    ама Феминчево ми е права ствар,колку би сакала само да беше малку повеќе раздвижен форумов,ама што е, тука е
    ЈАС ВАЖНО ЗАТРЕСКАНА СУМ ПО ФЕМИНА :u:
     
    На Lella, Ivy89, Srckata28 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Ketnis

    Ketnis Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    238
    Пол:
    Женски
    Постои машко-женско пријателство. Јас и мојот најдобар другар сме чист пример за тоа. Пред него сум повеќе отворена отколку пред повеќе другарки. Сите си мислат дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нас, а уствари ние сме како брат и сестра.
    Ова временцево баш како за спиење. До душа јас до пред еден час спиев, викендите гледам да ги искористам максимално за да се одспијам бидејќи цела недела 5 часот сабајле не ми бега. :doh:
    Имајте убав ден, феминки :* :* :inlove:
     
    На Lella, nevermet18, NapalenaNinfomanka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.831
    Знаете дека постојат македонски газди на ОГРОМНИ фирми те фабрики кои на своите вработени им се обраќаат со следните зборови - ГОВЕДО, СТОКО, ПИЧКА ТИ МАТЕР, ВИЕ СТЕ НИШТО, ЈАС СУМ НАЈБОГАТ ТУКА И ЌЕ ВИ ПРАВАМ ШТО САКАМ, што нема основен сенс за менаџмент и меѓучовечки односи и при тоа не му е гајле бидејќи оди по тоа дека секогаш ќе се најде некој друг што ќе ја работи таа работа?
    И знаете ли дека во законот за работни односи вашиот работодавец одлучува за вашите права, а не ви се гарантирани со закон?

    Е така... до тогаш, ќе се занимаваме со глупости.
    Работава е леле да најдам работа, потоа откако ќе најдете работа ќе видите какви се говеда се газди. И да напоменам, истите сељачишта беа во листата на најбогати македонци!!!
     
    На Captain-Omni, Giovanna, Barbie20 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.231
    Допаѓања:
    13.248
    Пол:
    Женски
    Мајка. Единствената жена која те сака повеќе од себеси. Единствената жена која секогаш се жртвува за тебе. Единствената жена која не може да биде заменета. Една е мајка.
    Те сакам мамичке. :hug: Благодарам што си секогаш овде за мене.
     
    На Lella, Ivy89, Emilia.Attias и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.542
    Допаѓања:
    17.635
    Пол:
    Женски
    Осаменост ...

    Само тоа чувство ме обзема .

    [​IMG]
     
    На Barbie20, Srckata28, Umbrella22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.424
    Допаѓања:
    127.070
    Џабе изгледаш како права дама кога душата ти е расипана.Сне ги заборавиле вистинските вредности.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.024
    Допаѓања:
    164.831

    А да... да се дополнам, ова од работници до високо стручен кадар, како доктори и инжинери.
    Тоа ти е простота во оваа држава, идиоти кои профитираа од приватизацијата и сега се прават газди.
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.770
    Пол:
    Женски
    Помеѓу мене и брзо, експедитивно средување на собата (коешто подразбира и средување стари работи), секогаш мора да застане некој зафрлен споменар чијшто клуч порано бил чуван на „скришно“ место поради „строго доверливите“ детски тајни во него, некое шишенце стар парфем во кое останал мирис кој те носи во едно поранешно време, драг албум со фотографии или пак стара мп3-ка со звуците на одамна изминати години... Баш вака! :D
    Дефиниција за генералка = будење носталгија за поранешни времиња... :angel:

    [​IMG]
     
    На Hipster, bittersweet, Tiki-lolipop и 26 други им се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.792
    Допаѓања:
    24.637
    Пол:
    Женски
    Викенд дома со најмилите, конечно после скоро 2 години седнавме пак сите заедно на ручек! Се собравме, макар за кратко, ама доволно за да ми се исполни душата со радост и искрена љубов.

    Ги наполнив батериите, и од утре пак по старо...

    Сега ќе си ги носам перницата и пуфкастото јорганче кај него, така ќе се чувствувам поблиску до дома. И сонот ќе ми биде помирен.

    Останувам со надеж за подобра иднина, и сонувам за еден пролетен ден...
     
    На Lella, danichap, Barbie20 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Кај сте бе дечки шо праите ? :D Бев ја у Супје и се вратив со куп авантури за раскажуење.

    Имено се напраив ѓон во среда навечер без особен повод. Завршив во Салон кај каубојките, и го зИмав шеширот на едната за да се журкам на прајвет стиптиз парти со стјуардесите од Бисер. По некоја случајност почна да ми се удвара удати дечко, од инат му ја земав бурмата и си ја скрив во деколтето, го маркирав со црвен кармин на јакната за да ме брка покасно ноќта по улица Македонија колку да ми кажел дека не е очаен ( ако ме читаш извини, овај, мислев да ти ја вратам, евентуално). Спиев едвај 3 саати и едвај се одвечкав од кревет до купатило да се спремам за на интервју. Не успевав да се свестам, никако да се олабаам од тензијата која ми ја создаваше мамурлакот и неминовното избледено сеќавање. Зашо носам машка кошула, карирана ? Ми текна, го соблеков дечкото кој го собравме со другарка ми. Не во секси конотација, и тој беше дрво, одеше пијачката, несврзаниот муабет и будалијата, а кога ќе се сетам и колата одеше нешто блиску 180. А кошулата, одамна барав таква, и најдов една во теранова ама немаше бројче, бев во оуверсајзд филм и за тоа е виновна 1209 со една слика од Кендис шо ја закачи во "го посакувам ова модно парче". Четвртокот исто расположение, се разбудив со наочарите за сонце во кујната, а пред мене имаше недоварено кафе. Којзнае, сигурно мислев дека сум на работа.

    Одмор добро ми дојде. Скопјето е посрано, и манијаците во него. Ама имаше еден факинг секси што радо би го плеснала да не бев мажена. Би можела во таа гужва мирно да го поминам остатокот од животот. Затоа што јас сум јас кога ја имам потребната слобода. И многу сум секси when I do.
     
    На 1209, Captain-Omni, Barbie20 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. orchid28

    orchid28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    156
    Пол:
    Женски
    Зашто мене ме боли повеќе од него неговото каење...зашто и после толку време една единствена реченица беше доволна да се навратам во минатото и да преиспитам се ?? Не мислев искрено дека после толку време повторно ќе ти посветам неколку напишани редови, но исто така ти не мислеше кога на мене ми беше тешко...и не, не го сфакај ова како префрлање бидејќи воопшто не е така само сега знаеш што сакав да кажам со тоа дека "тркалото се врти", последниот пат кога се видовме. Имаш се со неа сега, среќна сум и јас со него, но дали е тоа доволно кажи ми ?? Велиш дека сум единствената која нешто вредела во твојот живот...епа докажи го тоа и остави ме да бидам среќна...конечно после долго време...конечно после тебе !!
     
  15. A.a

    A.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    60
    Веќе подолго време немам пишано на форумов.Така испадна немав нет,па бев во странство премногу обврски,работи кои мора да се завршат ... нови случувања,нови настани,нови луѓе,многу нови фаци непознати,чудни.... нов свет,нови околности,се забораваат некои а се вклучуваат други,времето минува, ете тоа е животот ... :|
     
  16. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Како на некој да му кажам нешто без да го повредам него а притоа и себе а сакам да му кажам за да престане да се повредува секој пат кога ќе ме побара, а со тоа ме повредува и мене а и сите останати околу мене и него бе!!!!!!!!!? WTF??? |(

    By the way белата ноќ за мене беше пинки ноќ.
    Од јутра до сутра ја поминав во едно исто место, не сум чоек што седи на едно место толку долоооооооооооооолллллллггоооооо време, но ете, за се има први пут.
    Не е битно кај си, туку со кој си :!: - потврдено!

    овие дена баш сум филинг сеедно... за се баш ме брига, си гледам само мене да ми е убаво.
    Само на добро да е.
     
  17. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.850
    Допаѓања:
    15.863
    Пол:
    Женски
    Цело време сум се фокусирала само на една гледна точка, па сум заборавила какво е чувството кога ќе се погледне малку и од другата страна.Затворена, срамежлива личност најверојатно (читај секогаш) се коментарите од оние кои ме познаваат.За тоа срамежлива знам, но отсекогаш сум се прашувала за тој епитет затворена.Можеби е од тоа зашто сум се плашела како ќе тече разговорот и каков впечаток ќе оставам :wasntme:
    Ете, од непотребни мислења сум се исплашила и цел филм сум развила.Кој друг ако не јас :rofl:
    Шала на страна.Сама си комплицирам.Ако погледнам од друга страна всушност се‘ е толку едноставно.Зошто да не ги пуштам сами работите да течат?

    За се‘ си има решение, само што зависи од нас самите дали ќе се фокусираме само на едно и целосно ќе ја заборавиме другата опција или пак ќе ѕирнеме малку и од другата страна :nod:

    Имајте убава вечер и сите по една насмевка на лицето. :hai: :hug:
     
    На Lella, sweet-cherry, Sunshine.Sunshine и 5 други им се допаѓа ова.
  18. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Шетајќи низ град,не само синоќа,и многу време наназад гледам по стотици девојки..сите се исти.Копија се една на друга,сите у тие кошулчињата проѕирни без прерамки со тенки кожни јакни,фармерки и бели старки до глужд.Втората варијанта се тесните кратки фустанчиња,безобразно кратки,со штикла 20ка,сите со плико чантите во рака,брзаат накај некој клуб.Исто облечени,исто нашминкани,дури и исто не знаат да одат на штикли,со чест на исклучоци.
    Добро бе луѓе,разбирам дотерување,искачање,се..Ама да се нема малку осет за некои работи...абе ајде.
    Зошто се плашите да бидете различни?
     
    На la-chicka, Ivy89, Sunshine.Sunshine и 7 други им се допаѓа ова.
  19. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не ја сфаќам поентата на некој што се замара со твитер дека бил влијателен, кој го фејвал и кој што напишал. Get a life |(
     
    На sajonaramucaca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.854
    Пол:
    Женски
    Кога сум под :^) благо дејство на мојот омилен за век и векова :!: коњак, добро е да има доста луѓе околу мене, за да не направам некој екцес па да си растурам доста градби од животов :|
    Е баш тогаш ми се отвора душава, редам без застој мисли и се истурам докрај. Јас не се сеќавам, ама по погледот сабајле, и по кроткиот бакнеж во чело, знам гадна сум била :worried: