Со првото кафе на памет ми паѓаат сите оние лекции, вежби, домашни за нареднава недела. Малку музика и ќебенце да се стоплам и загреам за напорниов ден. Ке успеам, знам, ке ги завршам сите обврски и вечер ке излезам и ке пешачам.Ми се јави таква желба во мене да си ставам слушалки и да ја поминам повторно и повторно Партизанска. Имајте убав есенски ден, според прогнозите неколку дена не очекува лошо, ладно време а потоа топли денови и убава топла не многу долга зима, што ме прави најсреќна на цел свет.
Кога ке се дотераш како права дама и излезеш во кафич ,колку и да не си признаеш навистина се чуствуваш поасамоуверена во таа скоцканост.Сношти беше прекрасна ноќ за мене .Јас не сум јас ако не го почнам денов со музика ,ме држи од синоќа еуфорија .
...Дека станав зависна од форумов,запознав толку мн пријатни личности тука Значи незнам,како сум се приврзала дотолку заш обично мразам социјални мрежи,и обично правам профил па за краток период го забаталувам, ама Феминчево ми е права ствар,колку би сакала само да беше малку повеќе раздвижен форумов,ама што е, тука е ЈАС ВАЖНО ЗАТРЕСКАНА СУМ ПО ФЕМИНА
Постои машко-женско пријателство. Јас и мојот најдобар другар сме чист пример за тоа. Пред него сум повеќе отворена отколку пред повеќе другарки. Сите си мислат дека има нешто повеќе од пријателство меѓу нас, а уствари ние сме како брат и сестра. Ова временцево баш како за спиење. До душа јас до пред еден час спиев, викендите гледам да ги искористам максимално за да се одспијам бидејќи цела недела 5 часот сабајле не ми бега. Имајте убав ден, феминки
Знаете дека постојат македонски газди на ОГРОМНИ фирми те фабрики кои на своите вработени им се обраќаат со следните зборови - ГОВЕДО, СТОКО, ПИЧКА ТИ МАТЕР, ВИЕ СТЕ НИШТО, ЈАС СУМ НАЈБОГАТ ТУКА И ЌЕ ВИ ПРАВАМ ШТО САКАМ, што нема основен сенс за менаџмент и меѓучовечки односи и при тоа не му е гајле бидејќи оди по тоа дека секогаш ќе се најде некој друг што ќе ја работи таа работа? И знаете ли дека во законот за работни односи вашиот работодавец одлучува за вашите права, а не ви се гарантирани со закон? Е така... до тогаш, ќе се занимаваме со глупости. Работава е леле да најдам работа, потоа откако ќе најдете работа ќе видите какви се говеда се газди. И да напоменам, истите сељачишта беа во листата на најбогати македонци!!!
Мајка. Единствената жена која те сака повеќе од себеси. Единствената жена која секогаш се жртвува за тебе. Единствената жена која не може да биде заменета. Една е мајка. Те сакам мамичке. Благодарам што си секогаш овде за мене.
А да... да се дополнам, ова од работници до високо стручен кадар, како доктори и инжинери. Тоа ти е простота во оваа држава, идиоти кои профитираа од приватизацијата и сега се прават газди.
Помеѓу мене и брзо, експедитивно средување на собата (коешто подразбира и средување стари работи), секогаш мора да застане некој зафрлен споменар чијшто клуч порано бил чуван на „скришно“ место поради „строго доверливите“ детски тајни во него, некое шишенце стар парфем во кое останал мирис кој те носи во едно поранешно време, драг албум со фотографии или пак стара мп3-ка со звуците на одамна изминати години... Баш вака! Дефиниција за генералка = будење носталгија за поранешни времиња...
Викенд дома со најмилите, конечно после скоро 2 години седнавме пак сите заедно на ручек! Се собравме, макар за кратко, ама доволно за да ми се исполни душата со радост и искрена љубов. Ги наполнив батериите, и од утре пак по старо... Сега ќе си ги носам перницата и пуфкастото јорганче кај него, така ќе се чувствувам поблиску до дома. И сонот ќе ми биде помирен. Останувам со надеж за подобра иднина, и сонувам за еден пролетен ден...
Кај сте бе дечки шо праите ? Бев ја у Супје и се вратив со куп авантури за раскажуење. Имено се напраив ѓон во среда навечер без особен повод. Завршив во Салон кај каубојките, и го зИмав шеширот на едната за да се журкам на прајвет стиптиз парти со стјуардесите од Бисер. По некоја случајност почна да ми се удвара удати дечко, од инат му ја земав бурмата и си ја скрив во деколтето, го маркирав со црвен кармин на јакната за да ме брка покасно ноќта по улица Македонија колку да ми кажел дека не е очаен ( ако ме читаш извини, овај, мислев да ти ја вратам, евентуално). Спиев едвај 3 саати и едвај се одвечкав од кревет до купатило да се спремам за на интервју. Не успевав да се свестам, никако да се олабаам од тензијата која ми ја создаваше мамурлакот и неминовното избледено сеќавање. Зашо носам машка кошула, карирана ? Ми текна, го соблеков дечкото кој го собравме со другарка ми. Не во секси конотација, и тој беше дрво, одеше пијачката, несврзаниот муабет и будалијата, а кога ќе се сетам и колата одеше нешто блиску 180. А кошулата, одамна барав таква, и најдов една во теранова ама немаше бројче, бев во оуверсајзд филм и за тоа е виновна 1209 со една слика од Кендис шо ја закачи во "го посакувам ова модно парче". Четвртокот исто расположение, се разбудив со наочарите за сонце во кујната, а пред мене имаше недоварено кафе. Којзнае, сигурно мислев дека сум на работа. Одмор добро ми дојде. Скопјето е посрано, и манијаците во него. Ама имаше еден факинг секси што радо би го плеснала да не бев мажена. Би можела во таа гужва мирно да го поминам остатокот од животот. Затоа што јас сум јас кога ја имам потребната слобода. И многу сум секси when I do.
Зашто мене ме боли повеќе од него неговото каење...зашто и после толку време една единствена реченица беше доволна да се навратам во минатото и да преиспитам се ?? Не мислев искрено дека после толку време повторно ќе ти посветам неколку напишани редови, но исто така ти не мислеше кога на мене ми беше тешко...и не, не го сфакај ова како префрлање бидејќи воопшто не е така само сега знаеш што сакав да кажам со тоа дека "тркалото се врти", последниот пат кога се видовме. Имаш се со неа сега, среќна сум и јас со него, но дали е тоа доволно кажи ми ?? Велиш дека сум единствената која нешто вредела во твојот живот...епа докажи го тоа и остави ме да бидам среќна...конечно после долго време...конечно после тебе !!
Веќе подолго време немам пишано на форумов.Така испадна немав нет,па бев во странство премногу обврски,работи кои мора да се завршат ... нови случувања,нови настани,нови луѓе,многу нови фаци непознати,чудни.... нов свет,нови околности,се забораваат некои а се вклучуваат други,времето минува, ете тоа е животот ...
Како на некој да му кажам нешто без да го повредам него а притоа и себе а сакам да му кажам за да престане да се повредува секој пат кога ќе ме побара, а со тоа ме повредува и мене а и сите останати околу мене и него бе!!!!!!!!!? WTF??? By the way белата ноќ за мене беше пинки ноќ. Од јутра до сутра ја поминав во едно исто место, не сум чоек што седи на едно место толку долоооооооооооооолллллллггоооооо време, но ете, за се има први пут. Не е битно кај си, туку со кој си - потврдено! овие дена баш сум филинг сеедно... за се баш ме брига, си гледам само мене да ми е убаво. Само на добро да е.
Цело време сум се фокусирала само на една гледна точка, па сум заборавила какво е чувството кога ќе се погледне малку и од другата страна.Затворена, срамежлива личност најверојатно (читај секогаш) се коментарите од оние кои ме познаваат.За тоа срамежлива знам, но отсекогаш сум се прашувала за тој епитет затворена.Можеби е од тоа зашто сум се плашела како ќе тече разговорот и каков впечаток ќе оставам Ете, од непотребни мислења сум се исплашила и цел филм сум развила.Кој друг ако не јас Шала на страна.Сама си комплицирам.Ако погледнам од друга страна всушност се‘ е толку едноставно.Зошто да не ги пуштам сами работите да течат? За се‘ си има решение, само што зависи од нас самите дали ќе се фокусираме само на едно и целосно ќе ја заборавиме другата опција или пак ќе ѕирнеме малку и од другата страна Имајте убава вечер и сите по една насмевка на лицето.
Шетајќи низ град,не само синоќа,и многу време наназад гледам по стотици девојки..сите се исти.Копија се една на друга,сите у тие кошулчињата проѕирни без прерамки со тенки кожни јакни,фармерки и бели старки до глужд.Втората варијанта се тесните кратки фустанчиња,безобразно кратки,со штикла 20ка,сите со плико чантите во рака,брзаат накај некој клуб.Исто облечени,исто нашминкани,дури и исто не знаат да одат на штикли,со чест на исклучоци. Добро бе луѓе,разбирам дотерување,искачање,се..Ама да се нема малку осет за некои работи...абе ајде. Зошто се плашите да бидете различни?
Не ја сфаќам поентата на некој што се замара со твитер дека бил влијателен, кој го фејвал и кој што напишал. Get a life
Кога сум под благо дејство на мојот омилен за век и векова коњак, добро е да има доста луѓе околу мене, за да не направам некој екцес па да си растурам доста градби од животов Е баш тогаш ми се отвора душава, редам без застој мисли и се истурам докрај. Јас не се сеќавам, ама по погледот сабајле, и по кроткиот бакнеж во чело, знам гадна сум била