Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Она што ме убива е што секогаш ја слушам и ја тешам кога дечко и е љубоморен, ја нервира, па не ја нервира, сестра му сакала да ги раздели, што му купила за Валентајн, он што и купил, па и за љубовните животи на нејзините другарки, а кога мене ми е скршено срцето добивам само: Не се замарај, батали го и инстант смена на темата...
    А 10 години се знаеме, со тие што се знам само година ипол кога ме видоа скршена ме тешеа и ме слушаа...
     
    На Elennaa, prettyliar и zhap4e им се допаѓа ова.
  2. Nate.Shadows

    Nate.Shadows Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    111
    Прекрасен ден само за шетање! :rofl:
     
  3. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    402
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Прекрасен ден 8)
    Цел ден шетам по Скопјево ваше.Купив од се по нешто..се најадов кај Злате и сега одмарам.Чекам порака од другарка ми ..и така.
    Скопје се упропастило,зграда до зграда.Место нема да се пројде...ТЦ Скопјанка не го препознавме,пропаст.Во продавниците се продаваат мајци на кратки ракави,а сеуште сме зима :^) .

    Вчера само што се пожалив дека никој не ми го честита празникот едно дете ми кажа дека ме сака и ми го честита :$ .Жал ми стана за него уште од градинка сум му се свиѓала,а јас за него незаентерисирана.Така изнервирана од денот си легнав и стигна уште една порака од другарка му (на стариов).Девојчето упорно ме прашуваше нешто..јас ваква си останав :o .Значи не заборавил на мене не издржал и кажал на неговата најдобра другарка.Па сега што бидне нека бидне :!: .
    Имајте надеж и уживајте во животот!
     
  4. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Некој вчера беше полавен од љубов, некој од вино, а некој од топлификација т.е од вистинска поплава.
    Пливавме дома, т.е во дневна сабјле во 5ипол. Слика од најстрашен хорор филм, Венеција, тонеме :|
    Пострашна слика многу одамна немам видено, мајка ми се изнатуфка, лом дома се, расфрлено, воопшто не личи на дом. Кога нешто ќе тргне на лошо, се трга, упм...
    Туку мене не ми е тоа најголемата мака, туку намногу ме нервираат малодушни луѓе, кое не осовен што не ти помагаат, ти одмагаат. Синоним исто за овој поим е зборот комшија, не дека не сум знаела, ама сега со свои очи се увидов.

    И сепак тоа да бидам јас, јас, ме фати некоја хистерична панична смеа вчера, мајка ми плаче јас се смеам,сцена за оскар мислам, кој ќе ме сфати озбилно после дека сум нормална особа?

    Ама на крајот на денот си викам живи здрави сме, материјалното ќе се надомести кога тогаш, ќе искречиме, ќе се исуши, излуфтира. Зашто домот не го прават само скапите фасади, мебели и беспрекорната чистотија, туку атмосферата во него и луѓето кои ќе дојдат за вистински да те видат и со мерак кафе/вино/ракија да испијат со тебе...
     
    На L-enna, Antoninaaa, Elennaa и 29 други им се допаѓа ова.
  5. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Вчера беше дефинитивно еуфорично.. :D

    И така Хана си се дотера, си се нашминка и со такси правец кај овој мојов.
    Застанува таксито малку подолу од куќата на дечко ми, вадам пари да му платам ии.. :o некој ми ја отвара вратата од таксито и слушам само "Повелете".. :^)

    Ја кревам главата и коа гледам група дечки(средношколци ќе да беа) поминуваат, а еден од нив џентлменски ми се смешка, па дури и врата ми отвара. :$ :D

    Која филмска ситуација.. се почуствував како Моника Белучи во филмот каде сите се нудат цигара да и запалат. :rofl:

    A јас? :wasntme: Јас како права дама си се заблагодарив и фино лепо си излегов од кола, заборавив дури и пријатно да му речам на таксистов. :lol:

    Од возбуда тоа.. првпат ми се дешава ваков пријатен гест да добијам од некој сосема непознат. А чувството е баш пријатно. :inlove:

    Колку малку треба за на некој да му ја разубавите вечерта..
    Вистина е она дека среќата се наоѓа во малите работи. :*
     

    Прикачени фајлови:

    • malena.jpg
      malena.jpg
      Големина на фајлот:
      314,3 KB
      Прегледи:
      321
    На Mama25, Barbie20, lana.del-rey и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.292
    Небо како шеќерната волна во парк.
    Музика. Другарка ми ми вика дека јас не сум во филм, јас СУМ ЦРТАН филм! Признавам, заљубена сум во саундтраци од цртани филмови и верувам во бајковитата добрина во луѓето.

    И љубов!
    Ноќта е пред нас!

    И да...сите најдобри мајки се водолии во хороскоп!!! И имаат најпаметни деца во свет! :wasntme: :D
    Колку е бе луда, КОООООООЛКУ!!!!!
     

    Прикачени фајлови:

    На L-enna, anuskaNESTLE, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Невиден метеопат сум :!: .
    Ако вчера се давев во солзи , и ништо не ми беше погодено , денес го свртив центар , дури на моменти сакав да потскокнувам и потпевнувам. :sun: беше виновно за се.
    Преполниот плоштад, деца со балони во рачињата , и насмевка на лице, ако зимата буди депресија, тука е пролетта сето тоа да го тргне , како театарска завеса после претстава.
     
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    СДК аман нека ме ожени некој, не можам во школо повеќе. [​IMG]
     
    На Elennaa, lana.del-rey и Maria.Vampire им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.406
    Допаѓања:
    16.797
    Ohh dear Sunshine....

    Ама каква инспирација ми даде да си се променам себеси и да не слушам поќе што зборуваат друиготе...од сеа ќе си терам раат и по мое...ма ич не ми е галје....негативни луѓе...гррр.....ви е и вашите глупави размислувања и безвезни муабети..од понеделникот веќе си го сменив стилот на живеење или што би се рекло Лајфстајл...Си почнав зумба и сама си одам-никој не молам доста беше..колку помалку луѓе знаат што планирам и што правам толку поубаво,поточно кажано НИКОЈ...повеќе не се секирам за ништо,верувам дека Господ има супер план за мене и за сите..

    Поздрав и имајте убав викенд..исполнет со радост и среќа....направете го и овај викенд НЕЗАБОРАВЕН и ВРЕДЕН ЗА ПАМЕТЕЊЕ ! :*
     

    Прикачени фајлови:

  10. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Tокму така Hipster.
    Најмногу ме иритираат личности кои те викаат на кафе практично да се испофалат, со тоа што го имаат.
    Па ако се случи да ти се истури кафето , на новиот тепих маф ти е работа. :D
    Или ако седнеш некој стол, кој бил незнам од каде и на кого , и колку пари итн...
    Не е престол бре, обичен стол. :!:
    Па манири на маса божем се во некој лусузен хотел, а знам дека јадат со раце , си јадам и јас па што така ми е слатко, да си топам со лебче, :D
    Мило ми е кога имам гости кои дошле да се забавуваме и не му ја мислам дека некое детенце истурило
    сокче, или отворило фиока,расфрлало играчќи и колку садови се насобрале.
    Куќа е весела со весели луѓе.
    Џабе луксузен дом и богата храна ако домаќинката е цела вечер намуртена и само гледа кој колку јаде и пие |( и кој колку и валка.
     
    На Mama25, imelda и Hipster им се допаѓа ова.
  11. Maria.Vampire

    Maria.Vampire Нов член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    437
    http://www.youtube.com/watch?v=lnG3MKos87A
    Колку само убаво видео...зрачи со позитивна енергија.Си пуштив неколку солзи на видеово и целата останав наежена.Не е тажно,туку дава многу надеж и те полни со позитива.Голем Лајк за видеово! :|

    Mood: Impressed :воодушевеносмајли:
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.028
    Допаѓања:
    36.094
    Пол:
    Женски
    Најважно од се во нашиот живот е да сфатиме дека постоиме како битие.
    Никој не е сличен со никого.А секој е различен на свој начин.
    Но,сите сме на планетава за да оставиме белег со своето битисување...
    И кога сме на мнение дека среќата не е наш сопатник треба да чекориме кон целта и да не очајуваме.Таа е околу нас,само треба да трагаме за да почне да отчукува тајмерот.А тој е одраз на нашиот пулс.
    Срцето мора да биде живо.Да се радува и да плаче.Да љуби и да мрази.
    Најлоша е рамнодушноста...
     
    На crazylady, Elennaa, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Денот го искористив во шетање,многу сакам вакви убави сончеви денови,само нека продложи вака,ех те сакам мое сончево Скопје.
     
  14. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.771
    Допаѓања:
    141.848
    Денот е преубав, си пуштив музика, пиев кафе, читав книга од Венко, средив по дома, шетав на сонцето, бев на чорба, на кафе...А толку иам за учење...И се сетив на нешто. Која среќа што немам толку омраза во душата како девојката на сликата подолу. Баш би сакала да има малку љубов во неа, наместо злоба. Ама не можеш на сите да им дадеш. Мајка ми вика, со сила можеш да му земеш на човек, со сила не можаш да му дадеш. И така, го добив првиот непријел на Фемина. А можеби и во животот.
     
  15. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Не знам зошто, некогаш јас се засрамувам кога ќе ја видам, чујам, прочитам младинава наша. :shake: :shake: :shake:
    Постојат сеуште родители кои се стварно родители ? :tmi:
    Кои ги гледаат децата што прават и дали воопшто ги воспитуваат ? :?:
     
    На Mama25 и Marossa им се допаѓа ова.
  16. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.309
    Допаѓања:
    22.602
    Пол:
    Женски
    Сдк се погоди денот, сончево убаво. Ептен шетање напраив, на кеј од сабајле па на ручек, па на кафе во Дебар маало, и сега дома конечно се чудам за вечер како да биде шемата.
    Оваа година пролетта почна предвреме, а колку добро толку и лошо е. Повеќе сакав снегче да заврнеше, за сонце имаме време, ама тоа е.
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Денешна мотивација: "Ако сакате да бидете успешни, морате да научите дека деталите се се. Направете ЕДНА работа, ама направете ја подобро од сите други!"
     
    На Marossa, Barbie20, Papillon.Papi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    СДК моментално сум на седмо небо.
    Ослабев и добив многу самодоверба.
    Се осеќам како најубава, одамна не сум го имала ова чувство, дури и се чудам самата на себе.
    И деновиве се што пробав убаво ми стоеше, старите работи ми стојат, нешто што никогаш не сум мислела дека ќе можам да го носам- сега го носам на себе, моментално и како шиено е за мене.

    Не сум нарцисоидна, далеку од тоа ама денес се чувствувам прекрасно заради успехот во симнување килажа. :inlove:
     
    На Elennaa, anuskaNESTLE, SparkyAngel и 15 други им се допаѓа ова.
  19. Barca-Gril

    Barca-Gril Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    876
    Допаѓања:
    927
    Пол:
    Женски
    Кажи ми ја таа формула за слабеење па и јас да се радувам како и ти... :D
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    40.115
    Пол:
    Женски
    Воља пред се :). Рачунај јас бев плус сајз (сеа не претерано ама сепак доста имав вишок), а сега сум таман :)
    Онака за помош, многу вода, редовна исхрана и лимон (дали во вода или онака), јас обожавам кисело и лимунот добро ми дојде- за брзо време имав резултати
     
    На Barca-Gril му/ѝ се допаѓа ова.