Она што ме убива е што секогаш ја слушам и ја тешам кога дечко и е љубоморен, ја нервира, па не ја нервира, сестра му сакала да ги раздели, што му купила за Валентајн, он што и купил, па и за љубовните животи на нејзините другарки, а кога мене ми е скршено срцето добивам само: Не се замарај, батали го и инстант смена на темата... А 10 години се знаеме, со тие што се знам само година ипол кога ме видоа скршена ме тешеа и ме слушаа...
Прекрасен ден Цел ден шетам по Скопјево ваше.Купив од се по нешто..се најадов кај Злате и сега одмарам.Чекам порака од другарка ми ..и така. Скопје се упропастило,зграда до зграда.Место нема да се пројде...ТЦ Скопјанка не го препознавме,пропаст.Во продавниците се продаваат мајци на кратки ракави,а сеуште сме зима . Вчера само што се пожалив дека никој не ми го честита празникот едно дете ми кажа дека ме сака и ми го честита .Жал ми стана за него уште од градинка сум му се свиѓала,а јас за него незаентерисирана.Така изнервирана од денот си легнав и стигна уште една порака од другарка му (на стариов).Девојчето упорно ме прашуваше нешто..јас ваква си останав .Значи не заборавил на мене не издржал и кажал на неговата најдобра другарка.Па сега што бидне нека бидне . Имајте надеж и уживајте во животот!
Некој вчера беше полавен од љубов, некој од вино, а некој од топлификација т.е од вистинска поплава. Пливавме дома, т.е во дневна сабјле во 5ипол. Слика од најстрашен хорор филм, Венеција, тонеме Пострашна слика многу одамна немам видено, мајка ми се изнатуфка, лом дома се, расфрлено, воопшто не личи на дом. Кога нешто ќе тргне на лошо, се трга, упм... Туку мене не ми е тоа најголемата мака, туку намногу ме нервираат малодушни луѓе, кое не осовен што не ти помагаат, ти одмагаат. Синоним исто за овој поим е зборот комшија, не дека не сум знаела, ама сега со свои очи се увидов. И сепак тоа да бидам јас, јас, ме фати некоја хистерична панична смеа вчера, мајка ми плаче јас се смеам,сцена за оскар мислам, кој ќе ме сфати озбилно после дека сум нормална особа? Ама на крајот на денот си викам живи здрави сме, материјалното ќе се надомести кога тогаш, ќе искречиме, ќе се исуши, излуфтира. Зашто домот не го прават само скапите фасади, мебели и беспрекорната чистотија, туку атмосферата во него и луѓето кои ќе дојдат за вистински да те видат и со мерак кафе/вино/ракија да испијат со тебе...
Вчера беше дефинитивно еуфорично.. И така Хана си се дотера, си се нашминка и со такси правец кај овој мојов. Застанува таксито малку подолу од куќата на дечко ми, вадам пари да му платам ии.. некој ми ја отвара вратата од таксито и слушам само "Повелете".. Ја кревам главата и коа гледам група дечки(средношколци ќе да беа) поминуваат, а еден од нив џентлменски ми се смешка, па дури и врата ми отвара. Која филмска ситуација.. се почуствував како Моника Белучи во филмот каде сите се нудат цигара да и запалат. A јас? Јас како права дама си се заблагодарив и фино лепо си излегов од кола, заборавив дури и пријатно да му речам на таксистов. Од возбуда тоа.. првпат ми се дешава ваков пријатен гест да добијам од некој сосема непознат. А чувството е баш пријатно. Колку малку треба за на некој да му ја разубавите вечерта.. Вистина е она дека среќата се наоѓа во малите работи.
Небо како шеќерната волна во парк. Музика. Другарка ми ми вика дека јас не сум во филм, јас СУМ ЦРТАН филм! Признавам, заљубена сум во саундтраци од цртани филмови и верувам во бајковитата добрина во луѓето. И љубов! Ноќта е пред нас! И да...сите најдобри мајки се водолии во хороскоп!!! И имаат најпаметни деца во свет! Колку е бе луда, КОООООООЛКУ!!!!!
Невиден метеопат сум . Ако вчера се давев во солзи , и ништо не ми беше погодено , денес го свртив центар , дури на моменти сакав да потскокнувам и потпевнувам. беше виновно за се. Преполниот плоштад, деца со балони во рачињата , и насмевка на лице, ако зимата буди депресија, тука е пролетта сето тоа да го тргне , како театарска завеса после претстава.
Ohh dear Sunshine.... Ама каква инспирација ми даде да си се променам себеси и да не слушам поќе што зборуваат друиготе...од сеа ќе си терам раат и по мое...ма ич не ми е галје....негативни луѓе...гррр.....ви е и вашите глупави размислувања и безвезни муабети..од понеделникот веќе си го сменив стилот на живеење или што би се рекло Лајфстајл...Си почнав зумба и сама си одам-никој не молам доста беше..колку помалку луѓе знаат што планирам и што правам толку поубаво,поточно кажано НИКОЈ...повеќе не се секирам за ништо,верувам дека Господ има супер план за мене и за сите.. Поздрав и имајте убав викенд..исполнет со радост и среќа....направете го и овај викенд НЕЗАБОРАВЕН и ВРЕДЕН ЗА ПАМЕТЕЊЕ !
Tокму така Hipster. Најмногу ме иритираат личности кои те викаат на кафе практично да се испофалат, со тоа што го имаат. Па ако се случи да ти се истури кафето , на новиот тепих маф ти е работа. Или ако седнеш некој стол, кој бил незнам од каде и на кого , и колку пари итн... Не е престол бре, обичен стол. Па манири на маса божем се во некој лусузен хотел, а знам дека јадат со раце , си јадам и јас па што така ми е слатко, да си топам со лебче, Мило ми е кога имам гости кои дошле да се забавуваме и не му ја мислам дека некое детенце истурило сокче, или отворило фиока,расфрлало играчќи и колку садови се насобрале. Куќа е весела со весели луѓе. Џабе луксузен дом и богата храна ако домаќинката е цела вечер намуртена и само гледа кој колку јаде и пие и кој колку и валка.
http://www.youtube.com/watch?v=lnG3MKos87A Колку само убаво видео...зрачи со позитивна енергија.Си пуштив неколку солзи на видеово и целата останав наежена.Не е тажно,туку дава многу надеж и те полни со позитива.Голем Лајк за видеово! Mood: Impressed :воодушевеносмајли:
Најважно од се во нашиот живот е да сфатиме дека постоиме како битие. Никој не е сличен со никого.А секој е различен на свој начин. Но,сите сме на планетава за да оставиме белег со своето битисување... И кога сме на мнение дека среќата не е наш сопатник треба да чекориме кон целта и да не очајуваме.Таа е околу нас,само треба да трагаме за да почне да отчукува тајмерот.А тој е одраз на нашиот пулс. Срцето мора да биде живо.Да се радува и да плаче.Да љуби и да мрази. Најлоша е рамнодушноста...
Денот го искористив во шетање,многу сакам вакви убави сончеви денови,само нека продложи вака,ех те сакам мое сончево Скопје.
Денот е преубав, си пуштив музика, пиев кафе, читав книга од Венко, средив по дома, шетав на сонцето, бев на чорба, на кафе...А толку иам за учење...И се сетив на нешто. Која среќа што немам толку омраза во душата како девојката на сликата подолу. Баш би сакала да има малку љубов во неа, наместо злоба. Ама не можеш на сите да им дадеш. Мајка ми вика, со сила можеш да му земеш на човек, со сила не можаш да му дадеш. И така, го добив првиот непријел на Фемина. А можеби и во животот.
Не знам зошто, некогаш јас се засрамувам кога ќе ја видам, чујам, прочитам младинава наша. Постојат сеуште родители кои се стварно родители ? Кои ги гледаат децата што прават и дали воопшто ги воспитуваат ?
Сдк се погоди денот, сончево убаво. Ептен шетање напраив, на кеј од сабајле па на ручек, па на кафе во Дебар маало, и сега дома конечно се чудам за вечер како да биде шемата. Оваа година пролетта почна предвреме, а колку добро толку и лошо е. Повеќе сакав снегче да заврнеше, за сонце имаме време, ама тоа е.
Денешна мотивација: "Ако сакате да бидете успешни, морате да научите дека деталите се се. Направете ЕДНА работа, ама направете ја подобро од сите други!"
СДК моментално сум на седмо небо. Ослабев и добив многу самодоверба. Се осеќам како најубава, одамна не сум го имала ова чувство, дури и се чудам самата на себе. И деновиве се што пробав убаво ми стоеше, старите работи ми стојат, нешто што никогаш не сум мислела дека ќе можам да го носам- сега го носам на себе, моментално и како шиено е за мене. Не сум нарцисоидна, далеку од тоа ама денес се чувствувам прекрасно заради успехот во симнување килажа.
Воља пред се . Рачунај јас бев плус сајз (сеа не претерано ама сепак доста имав вишок), а сега сум таман Spoiler Онака за помош, многу вода, редовна исхрана и лимон (дали во вода или онака), јас обожавам кисело и лимунот добро ми дојде- за брзо време имав резултати