Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.069
    Допаѓања:
    165.399
    Ако нешо не сакам у животот се луѓе гагачи кои се нешто од некого порачуваат знаејќи дека нема да им бидат побарани пари.
    Од комшиката шо се преселила во странство и не ги видела одамна - ај за роденден шо не се виделе.
    Од старосватицата шо тргнала у Солун на викенд.
    Од кумовите шо биле у странство, па кумови се нормално нема пари да побараат.
    Од тетката, па тетка си ги сака внуците.
    И така натака цел живот.
    Ова е за сите кои го прават ова да си се пронајдат, срамота е да знаете.
     
    На Eunoia, LiquidLuna, eliesaab и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Дали верувате во тоа дека тие што се фалат, најчесто ништо немаат...? Која е потребата посебно кај машките да се фалат само, ако имаш имаш супер, зашто мора постојано да се потенцира, кај живееш, кај јадеш и што возиш... :^)
     
    На hermosa, Feniksgirl, Керолајн и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    6.418
    Пол:
    Машки
    За да импресионираат. За да ќарат...женска.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.883
    Допаѓања:
    194.332
    Па...
    ...секој различно доживува врска, и со 2 пати месечно гледање
    ... не живееле заедно пред брак
    ... се земале ради ,,минат труд,, или ,,ете, толку време сме заедно,, ама не одело...
    И таквимитиработи
     
    На Herrera, LiquidLuna, eliesaab и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Ta-mara

    Ta-mara Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    760
    Пол:
    Женски
    Ох, баш е не импресионирачки и одбивно...
     
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.058
    Допаѓања:
    24.946
    Трчав и јадев калинка.
    Внесов антиоксиданси и направив добро за срцето без да си го мачам џигерот:D:l:
     
    На hermosa, Cosmic Girl, Трагедијаупмм и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.254
    Допаѓања:
    6.418
    Пол:
    Машки
    Одат на логиката: ,,од 10 женски, кај една барем ќе фати"...
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    9.531
    Пол:
    Женски
    Тоа е одбранбен механизам кој е добро познат и истражуван во психологијата.

    Оние што премногу се фалат уствари на тој начин се обидуваат да решат внатрешен конфликт. Можеби конфликтот е за него толку непријатен и поврзан со силни негативни емоции што човекот неможе да го реши на конструктивен начин. Во тој случај применува coping mechanism или одбранбен механизам за да може некако да ја зачува позитивната слика за себе, да може да функционира некако. Одбранбените механизми имаат функција да го сочуваат човечкото его затоа се одбранбени, ама не го решаваат проблемот од корен, тој продолжува да постои и затоа не се добри и не се здрав начин за решавање на конфликтот, односно се патолошки начин на разрешување на некој внатрешен конфликт.
    Дополнителна потешкотија за вистинското решавање на тој внатрешен конфликт многу често е тоа што тој и не е доволно освестен, туку си тлее на некое потсвесно ниво.
    И освестувањето негово може би предизвикало толку силни негативни емоции што би ја нарушиле добрата слика за себе на личноста (може и сликата на другите за неа) до степен што не може да го издржи и да го прифати, односно би ја довеле во прашање целата таа нереална претстава за себе.

    Различни нешта може да се причина за одбрамбен механизам и ги има различни видови механизми. Конкретно фалбаџиството. може да е на пр. од тоа што потсвесно се смета себе за неуспешен, неспособен, недоволен или небитен во однос на другите. Да има комплекс на инфериорност кој се обидува да го потисне на пр.
     
    На NeoMi, M&M, HappyMe123 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.614
    Допаѓања:
    17.338
    Луѓето немаат осет, и ако те видат скисната, или ти се види на лицето тага, одма се потсмеваат.

    Вчера ми се случи со едниот родител да морам да одам до брза помош, толку сум се преплашила, не сте свесни.

    На раб една колешка, одма почна леле што си таква тажна?

    И кажав дека си иам проблем со тоа вирусот изгледа и леле срце си ми вели... Леле хаха
    И кажав бев 6 саати на болница со еден од моите... И ништо нит ме праша што е.
    . И ми рече ајде де ништо не е.. А јас можев едниот родител пак да го загубам.

    Навистина емпатија имаме 0.
     
    На Eunoia, Herrera, $ophia и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.549
    Допаѓања:
    22.891
    Пол:
    Машки
    Си одев накај дома пешки, ме начека едно машко (малку постар од мене е) ама сиромав и сам седи, нема ни струја ништо, му давам секогаш алишта било што, иста висина сме и се, му одговараат. Ме застана, се израдува за момент на некој начин, го осетив и ми рече: дали имаш вентијага нешто, ми студи многу...


    Си помислив, наместо да ми стој во плакарот бундата што веќе не ја носам, него ќе му се најди многу повеќе отколку мене и му ја дадов, така се израдува и ме трогна, и си поплачив дома и сеуште ме држи си тажам, колку е суров животот и колку за некои да речам вака помали нешта, а ќе му сменат многу, барем ќе го топли и ќе осети тро комфорност.. ;(:l:
     
    На Eunoia, hermosa, Bitter-Sweet и 23 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.536
    Пол:
    Женски
    Непријатно ама не очекувај дека некој ќе се загрижи, освен ако не ти е ептен близок. Сите имаат некакви проблеми и најчесто не им се слуша за туѓи.
     
    На Трагедијаупмм, Medea., SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.614
    Допаѓања:
    17.338
    Така е.
    Не велам да ме сослуша, битно е да прашаш некој дали е добар или не. Од култура.

    Ама секој различно
     
    На st-el, SummerGirl, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.401
    Допаѓања:
    9.531
    Пол:
    Женски
    За жал не само што немаат емпатија дури и спремни се да ти наштетат.
    И ќе ти ја искористи таа информација за да ти наштетат како можат.
    Да не им каже човек било што зошто и најобична работа ќе ја злоупотребат некого да повредат.
    Заради некои случки периодов и кај мене еве денес цел ден си се чудам што луѓе се бре тоа. Стварно мислам дека имаат подлабок психички проблем. Една особа еднаш така пред мене си се израдува што направила проблем на некого што ништо во животот не и направил нити и значи нешто. Едно задоволство од направеното и гордост дури со себе. Да се наежиш со кого седиш..
    И немањето емпатија за жал често ќе го сретнеш со други симптоми и проблеми у комплет- егоизам, емотивна незрелост, чувство на грандиозност, нарцисоидност, садизам па се до психопатија.
     
    На NeoMi, Herrera, JustBeautiful и 13 други им се допаѓа ова.
  14. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Ова моево денес е повеќе сакам да прашам отколку сакам да кажам.
    Зошто некои луѓе постојано сакаат да бидат сожалувани?
    Зошто некои луѓе никогаш не преземаат одговорност за она што им се случува, туку секогаш е виновен некој друг?
     
    На hermosa, Alek90, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  15. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.874
    Допаѓања:
    16.023
    Пол:
    Женски
    Ова многу ме потсети на ,,Записи од подземјето".
     
    На Cosmic Girl и GirlLove им се допаѓа ова.
  16. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.276
    Пол:
    Женски
    Дојде ситуација џогер да е со скоро иста цена како правосмукалка :rofl::rofl: IMG_9153.png
     
    На M&M, GirlLove, Керолајн и 2 други им се допаѓа ова.
  17. sino.o.oka

    sino.o.oka Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    3.794
    Пол:
    Женски
    Неколку причини што ми доаѓаат на памет се: потреба за внимание константно (центар пажња шо викаме ние), се плашат / не сакаат да се соочат со реалноста, бегство од одговорност итн итн....

    Која и да е причината, тие луѓе се дефинитивно емоционално заостанати, така што бегај подалеку, за твое добро.
     
    На GirlLove, dejanadejana777 и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  18. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.755
    Допаѓања:
    13.734
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да бидам пензионер, да немам попаметна работа, да се бутам секое сабајле во 7 во најголемата гужва за да одам да купам малку поефтини патлиџани од Зелен пазар наместо од Буњаковец..
    И после тоа ќе одам во маркет и сите лебови ќе ви ги пипам, да видам кој е најмек, и ќе одам после да претурам во Стокомак јајца од паковање со Л јајца во паковање со М јајца..
    И накрај за накај дома ќе им зборам на деца од 15 години дека не ни ја бива државата затоа што не ми станале во автобус да седнам, исто во најголемата гужва во 4 попладне..
     
    На Cosmic Girl, Eunoia, MarigoldA и 18 други им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    28.938
    Пол:
    Женски
    И пред да излезеш од дома, да не заборавиш да си апнеш цела глава лук :D
     
    На Cosmic Girl, Anaroz1, Amellie13 и 10 други им се допаѓа ова.
  20. dejanadejana777

    dejanadejana777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    хахаахаха, i feel you :D
    Прееска влегов во стокомак по едно чоколатце набрзинка демееекккк, се попишманив 100 пати!!!
    Значи сериозно уште на глава што не ми се качи некој, неподносливи се до бесвест!
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.