Ако нешо не сакам у животот се луѓе гагачи кои се нешто од некого порачуваат знаејќи дека нема да им бидат побарани пари. Од комшиката шо се преселила во странство и не ги видела одамна - ај за роденден шо не се виделе. Од старосватицата шо тргнала у Солун на викенд. Од кумовите шо биле у странство, па кумови се нормално нема пари да побараат. Од тетката, па тетка си ги сака внуците. И така натака цел живот. Ова е за сите кои го прават ова да си се пронајдат, срамота е да знаете.
Дали верувате во тоа дека тие што се фалат, најчесто ништо немаат...? Која е потребата посебно кај машките да се фалат само, ако имаш имаш супер, зашто мора постојано да се потенцира, кај живееш, кај јадеш и што возиш...
Па... ...секој различно доживува врска, и со 2 пати месечно гледање ... не живееле заедно пред брак ... се земале ради ,,минат труд,, или ,,ете, толку време сме заедно,, ама не одело... И таквимитиработи
Тоа е одбранбен механизам кој е добро познат и истражуван во психологијата. Оние што премногу се фалат уствари на тој начин се обидуваат да решат внатрешен конфликт. Можеби конфликтот е за него толку непријатен и поврзан со силни негативни емоции што човекот неможе да го реши на конструктивен начин. Во тој случај применува coping mechanism или одбранбен механизам за да може некако да ја зачува позитивната слика за себе, да може да функционира некако. Одбранбените механизми имаат функција да го сочуваат човечкото его затоа се одбранбени, ама не го решаваат проблемот од корен, тој продолжува да постои и затоа не се добри и не се здрав начин за решавање на конфликтот, односно се патолошки начин на разрешување на некој внатрешен конфликт. Дополнителна потешкотија за вистинското решавање на тој внатрешен конфликт многу често е тоа што тој и не е доволно освестен, туку си тлее на некое потсвесно ниво. И освестувањето негово може би предизвикало толку силни негативни емоции што би ја нарушиле добрата слика за себе на личноста (може и сликата на другите за неа) до степен што не може да го издржи и да го прифати, односно би ја довеле во прашање целата таа нереална претстава за себе. Различни нешта може да се причина за одбрамбен механизам и ги има различни видови механизми. Конкретно фалбаџиството. може да е на пр. од тоа што потсвесно се смета себе за неуспешен, неспособен, недоволен или небитен во однос на другите. Да има комплекс на инфериорност кој се обидува да го потисне на пр.
Луѓето немаат осет, и ако те видат скисната, или ти се види на лицето тага, одма се потсмеваат. Вчера ми се случи со едниот родител да морам да одам до брза помош, толку сум се преплашила, не сте свесни. На раб една колешка, одма почна леле што си таква тажна? И кажав дека си иам проблем со тоа вирусот изгледа и леле срце си ми вели... Леле хаха И кажав бев 6 саати на болница со еден од моите... И ништо нит ме праша што е. . И ми рече ајде де ништо не е.. А јас можев едниот родител пак да го загубам. Навистина емпатија имаме 0.
Си одев накај дома пешки, ме начека едно машко (малку постар од мене е) ама сиромав и сам седи, нема ни струја ништо, му давам секогаш алишта било што, иста висина сме и се, му одговараат. Ме застана, се израдува за момент на некој начин, го осетив и ми рече: дали имаш вентијага нешто, ми студи многу... Си помислив, наместо да ми стој во плакарот бундата што веќе не ја носам, него ќе му се најди многу повеќе отколку мене и му ја дадов, така се израдува и ме трогна, и си поплачив дома и сеуште ме држи си тажам, колку е суров животот и колку за некои да речам вака помали нешта, а ќе му сменат многу, барем ќе го топли и ќе осети тро комфорност..
Непријатно ама не очекувај дека некој ќе се загрижи, освен ако не ти е ептен близок. Сите имаат некакви проблеми и најчесто не им се слуша за туѓи.
Така е. Не велам да ме сослуша, битно е да прашаш некој дали е добар или не. Од култура. Ама секој различно
За жал не само што немаат емпатија дури и спремни се да ти наштетат. И ќе ти ја искористи таа информација за да ти наштетат како можат. Да не им каже човек било што зошто и најобична работа ќе ја злоупотребат некого да повредат. Заради некои случки периодов и кај мене еве денес цел ден си се чудам што луѓе се бре тоа. Стварно мислам дека имаат подлабок психички проблем. Една особа еднаш така пред мене си се израдува што направила проблем на некого што ништо во животот не и направил нити и значи нешто. Едно задоволство од направеното и гордост дури со себе. Да се наежиш со кого седиш.. И немањето емпатија за жал често ќе го сретнеш со други симптоми и проблеми у комплет- егоизам, емотивна незрелост, чувство на грандиозност, нарцисоидност, садизам па се до психопатија.
Ова моево денес е повеќе сакам да прашам отколку сакам да кажам. Зошто некои луѓе постојано сакаат да бидат сожалувани? Зошто некои луѓе никогаш не преземаат одговорност за она што им се случува, туку секогаш е виновен некој друг?
Неколку причини што ми доаѓаат на памет се: потреба за внимание константно (центар пажња шо викаме ние), се плашат / не сакаат да се соочат со реалноста, бегство од одговорност итн итн.... Која и да е причината, тие луѓе се дефинитивно емоционално заостанати, така што бегај подалеку, за твое добро.
Едвај чекам да бидам пензионер, да немам попаметна работа, да се бутам секое сабајле во 7 во најголемата гужва за да одам да купам малку поефтини патлиџани од Зелен пазар наместо од Буњаковец.. И после тоа ќе одам во маркет и сите лебови ќе ви ги пипам, да видам кој е најмек, и ќе одам после да претурам во Стокомак јајца од паковање со Л јајца во паковање со М јајца.. И накрај за накај дома ќе им зборам на деца од 15 години дека не ни ја бива државата затоа што не ми станале во автобус да седнам, исто во најголемата гужва во 4 попладне..
хахаахаха, i feel you Прееска влегов во стокомак по едно чоколатце набрзинка демееекккк, се попишманив 100 пати!!! Значи сериозно уште на глава што не ми се качи некој, неподносливи се до бесвест!