Кога си помлада личност со бар малку развиена самосвесност, страшно е кога набљудуваш колку детски и незрело се однесуваат повозрасни луѓе. Зборувам за Оние драми во фамилија, на работно место. Неемојциркус, несемоимајмуни.
Тренд да ти било(дури и во МК), да снимаш видео на инстаграм и/или тик ток како “се облекуваш” и при подигнување на пантолоните, “несакајќи” ти подзаглавува/се зафаќа алатот во делот кај патентот/петлиците. Не знам дали јас сум стар или трендовиве се поглупи станувааат… Дури смешно ми е.
Ме фрустрира тоа што повеќето користат латиница кога си имаме своја азбука, пред се создадена од Светители.
Толку комплексна личност сум, да и јас не можам самата да се разберам, а не па другите да ме сфатат. Невозможно е. До каде бе вака, ни сама не знам. Ете не знам, не капирам, не можам. Пресложено личи ко да е за мене. Постојано во судири со самата себе. Тешко да се функционира вака.. Сдк 2 Намалете си со предрасудите и предвремените заклучоци, ич не е добро тоа. Немојте не дај Боже да наебете поради нешто, па да осетите на своја кожа колку не е добро. А, може па и треба да наебете, за да извлечете поука. Од сезнајковци преку кур ми е. Кај немаат појма, кај не знаат, не се сигурни, уше па претпоставки бе.. Греота, баш греота.
Grüezi ( појде Херера 3 недели Швајцарија и почна да учи швајцарски јазик ) Како што пишав, а секогаш си стојам на збор , па еве ме уште под импресии. Ако кажам Германија може вода да и носи на Швајцарија дали е се јасно ? Значи државата е баш по мој мерак. Радари има на секое ќоше, секој почитува сообраќајни знаци. Со закон максимална брзина е 120 км на час на автопатиштата. Значи не се лудува како што се лудува у Немачка. Секоја институција кај што појдовме функционира со компетентни луѓе. За разлика од Германија ко ќе дојде некој пример што не го збори јазикот и ќе праша на англиски, германецот ќе врти очи ......епа луѓе мои, тоа го нема у Швајцарија. Јас како што знаете го пејам германскиот НО со руски акцент, буквата Р тврдо ја изговарам и замислете што , и во Швајцарија тврдо ја зборат , ЈУПИИИИИИ, Херера среќна, пресреќна, се осеќам како цел живот да сум го поминала таму. Ептен сум под импресии. Точно, скапо е се , но доколку знаеш јазик , ќе се земам јас за пример со германски јазик се ме разбираат швајцарците, гајле немам, баш никаков стрес. Ајде да бидеме сурово искрени сега. Доколку работиш неквалификуван работник ќе дојдеш на плата 4000 до 4500 франки нето чисти пари. А ако си имаш сертификати и си работиш на струка платата ти е поголема. Сретнав многу балканци кои само со англиски јазик живеат и работат во Швајцарија како програмери и се ПРЕЗАДОВОЛНИ. За разлика од Германија каде луѓето се понервозни, во Швајцарија мој личен впечаток , луѓево смирени, секој си гледа свој живот, за се ти треба ТЕРМИН и за обично кафе да одиш да се напиеш мора со повреме да се договориш дали на другиот ќе му одговара баш тој ден за кафе шема. Да да, кафичите се преполни , си одат луѓето на кафе, на ручек, си имаат висок стандард, може да си дозволат. Алал да им е ,сите со средени коли, исперени, си возат, си терат и кафе шема и викенд шема, пикник шема, браво така се живее. Бев во општината да прашам инфо од прва рака. Доколку за прв пат се пријавуваш да живееш у Швајцарија со ЕУ Пасош без да си нашол работа, ти дава државата 3 месеци работна дозвола да си бараш работа и после да однесиш договор од работа и ќе ти ја смени визата за подолго. За жал, ако немаш ЕУ Пасош , мораш прво да најдеш некој да ти даде договор за работа па со него да аплицираш за виза инаку ќе си седиш како турист. Ко сме кај работа, полно работно време им го рачуваат 42 саати неделно. Годишен одмор 25 дена *тука зависи од фирма може да дојдеш и до 30 дена годишен одмор, но тоа се исклучоци. Штом се пријавиш на адреса ОДМА мора да плаќаш здравствено осигурување уште од првиот ден. Најефтиното е околу 300 франки по човек. Аххх луѓе природата е ФАНТАЗИЈА Јас се викам доста со тој фотошоп на интернет , ама овоа стварно УБАВИНИ, ебати средената држава, чисто ,чисто , пречисто. Има премногу ауслендери, посебно албанци, ама ништо си работат и они си живеат, како и во Германија и тука голема предност им се дава на избеглиците од Украина и одма имм даваат работа, имаат поддршка. Главата ми е преполна со информации , но да скратам, ДА, се ослучивме , ќе се селиме во Швајцарија, ми се свиѓе што се е точно под саат, се функционира, за секакво прашање. Јас ветувам дека ќе се потрудам да научам швајцарски, така полесно ќе се интегрирам меѓу нивните иако ми е доволен германскиот и англискиот. Уште нешто, сретнав многу италјанци, мака си немаат, до душа одат на курсеви учат и јазик, но со италјански исто може да се најде работа. Имам месец дена да се средиме со Немачкава до кај сме , што сме, па здравје идеме у бољи живот. Ми се чини повеќе стрес ќе има човек да дојде да живее во Германија отколку во Швајцарија каде што се им функционира. Германија е добра за тие што планираат да имаат деца, но Швајцарија е премија за оние без деца , баш по мој мерак. Ќе имам време да ве читам, само да се вратам у реалноста у Немачкава оти сум под импресии од Швајцарија. Господе боже , каква средена држава, топ, брееееј
Ахх ваков пост не ми требаше баш сега пред да земам пасош, ќе ми чкрапни ќе дојдам таму. Најсериозно другарка моја се пресели во Швајцарија и во делириум е сето преубо.
Господ ги реди работите, како што тој сака. Поќе години немав видено една личност. Денес, реков ќе излезам без да си ја испеглам косата, ќе тркнам до продавница да сменам некои ствари. Сосема случајно?! Лице в лице со човекот од моето минато.. По тооолку години. Живееме у ист град....лице в лице... Едно млитаво здраво. Никогаш не идам без испеглана коса, никогаш не идам само така негде.
Ми текна дека лани на Олимписките игри, Елиуд Кипчоге што е светски рекордер за најбрз истрчан маратон, не го заврши маратонот. А пак нашиот Дарио заврши меѓу последните, некаде со 2:30 време и му јадеа гомна нашиве дека не го бивало, ни ја засрамил државата, дека не се оди на Олимпијада за да се прошеташ. А светски мислења за Кипчоге беа многу поохрабрувачки дека shit happens, дека некогаш ќе се соочиш со неуспех, и пак го сметаат за светски шампион во маратон, воопшто не ја изгуби славата. И после се чудиме зашто не гледаме нови пејачи да просперираат на македонска сцена, зашто ни бегаат млади, зошто едвај знаеме имиња на спортисти што нѐ претставуваат по светот. Оти сме гомна, едвај чекаме некој да се соочи со неуспех да му се истуриме на најјако. А маратон...не знаете која ментална, не физичка, сила треба да ја имаш да ги поминеш тие 42 километри и годините работа да воопшто можеш да трчаш толку. Еве ме се спремам за полумаратон и тврдам дека менталното е она што те води и дека бара упорност, и тоа многу. Па да сум жива и здрава, некој ден и маратон ќе трчам. Исто и детено во пливање што се натпреваруваше. После тоа постави нов рекорд на друг натпревар ама џабе, нели срамот го изел веќе. И криво ми е за вакви луѓе многу. Се палиме оти некој гзолижач ја пеел Заветна, па леле патриоти биле. Мање битно што за пари пеат и само за пари. На политичарите им простуваме грешки, убиства, предавства, крадења, пак ги гласаме, некој што на натпревар имал полошо време од рекордното, тоа е за тепање.
Здравјето се чува додека си здрав, после од кога ќе се разболеш се лечиш, нема тогаш здравје чување..
Влагам вчера во продавница и викам добро утро на продавачката не ми враќа, викам ај може не слушнала. Доаѓам на каса куца фискална пред одење и викам благодарам пријатно она пак ништо. Култура на ниво... Со ваков 'љубезен однос ' секако дека нема да влезам повеќе .
Мене во стокомак ми станаа одвратни, многу ретко пазарувам, бидејќи моите купуваат, земам по две највеќе три работи купувам дечкото секогаш ми прави фаци и секогаш одвратно ми се обраќа со САМО ОВА?! ми се одмили да влегувам таму
Да, јас сум од оние луѓе што го има гледано филмот " The Mummy" сто пати на тв1000 и пак да го начекам, пак ќе го гледам. Па бољи филм нема бре. И, ама ич не ми е срам. Глејте си го вие Барби ако можете 10000 пати, никој не ви брани.
Мачето мое ме чекаше пред порта, иако прозорецот му е отворен, за да си влези со мене и да спиеее со мене. Душичка, ме чекаше да се измијам и преслечам.
Двата дела класика нема веќе така добри филмови се е само да се направи нешто сеа… технологија има де има ама нема желба за работа а нема и имагинацијаа
ВЕРО станале резил, можда и од претходно биле, само сум ставала розеви наочари Прееска бев да си земам маска за лице Биотен, обично зимам од дм, ама не ми се влегуваше во сцм, па во верото во карпош 3 отидов. ЗНАЧИ! Не беше ни на намалување маската. ПО редовна цена си ја земав. Дојдов дома и што да видам, маската полусува, никаква Си викам не е можно! Рок на употреба да ти било до 03.2024!!!! Какви скапаници
И јас минатиот викенд купив едни благи како тортици од Веро, со пројден рок а беа прескапи... Дома кога приметив, ми се стемни...
Еве сега ми е јасно зошто веќе неколку од клиентите ме прашуваат дали доаѓам од Швајц. И нас ни се врти во главата селење натаму, и верувам дека на повеќето барем еднаш им се завртело тоа во глава. Ама како што самата спомна за наш кошница е тоа што речиси и да немаат породилно и прескапите градинки. Со две деца, една плата оди на градинка. Второ, мора да чекаме прво да добиеме ЕУ пасош за полесно. Така да, да, и ние би се селиле ама за 5-6 години од сега. За другото се согласувам, прекрасна и пречиста држава е. И бидејќи е помала некако се ти е достапно. Со среќа нека ви е новиот почеток!