Мислењево сум го напишала за роденденот на Тоше годинава. Сега со тешко срце морам да додадам уште еден човек на оваа листа, пејач со прекрасен глас и предобра душа, чии песни ми го одбележаа тинејџерскиот период. Никогаш повеќе нема исто да звучи мојата омилена "Што сака нека биде". Срцето ме боли за тебе, почивај во мир Андреј. Пејте сега таму во рајот заедно сите.
Тргнав вчера да купам од маслово и само да кажам да не се излажете. Ако маслиново масло е заматено, има низ него "прашинки" или талог доле, нешто не е во ред со него и не го зимајте. На рафт у маркетов кај мене ги проверив сите шишиња, сите беа матни доле и со некои парченца внатре. Барем не се лажете дека зимате вирџин ладно цедено
Никогаш нема да ни дојде памет, никогаш, шахти со кал ѕидаат, веројатно за да заштедат на материјал, и после ќе пропадне шахтата, и ќе седи така со месеци додека нема пак тендер за од почеток да се прави и некој друг да лапне пари.. Ова не знам ни каде да го пријавам..
Џабе ќе пријавуваш. Не се мачи. На мојата улица цела година пријавувам, па никому ништо. На соседите не им чуе, на тие од Општина па ич. И јас баталив веќе. Кога се направи, се направи.
Види го прикачениот фајл 970421 Тука има убаво маслиново масло ако си од Карпош 4, има и на точење....продавницата има производи од Остров Крит.. Ако не сакаш Грчко масло а сакаш Италијанско во Веро Центарот има повеќе избор од 600 денари нагоре
По смртта на многу драга личност, од личности, кои мислев ми се добри другари. Како одговор на веста за починатото лице, добив : - И сега што да праам јас? Бог да ја прости. - Бог да ја прости. Колку години беше? Јас :89 Он: Е што сакаш ти јас не знам? Умрела тоа е. Сите ги надживеела. Избегав ко од ѓавол од ваквите беземотивни ѓубриња. Емотивно недозреани сме како нација, без осет и без емпатија, исто како тие што си ги дрфитале колите.
Пошто сите сте тука дојдов да ви кажам дека малку ми се приспа од пивото. Скроз сум изгубила кондиција...
Времево ме тера на размислување (се надевам не во правец на уште една љубовна грешка). Не е проблем, не замерувајте (ми се трга од глава ако напишам вака ) За се во животот, но и меѓу другото и во љубовта растргната помеѓу овие две работи кои ми се преплетуваат во донесувањето на одлуки: -Ако треба да биде, ќе биде. Се она што ни следува е одредено судбински. -Борба за тоа што сакаш да го добиеш. Ништо не ни е дадено на тацна. Но сепак сметам дека за љубовта важи повеќе дека животот не е бајка. Не е ова романса, па да речеме дека ако треба да се сретнеме ќе се сретнеме пак за година, две или десет. Во реалниот свет треба да се помачиме за да добиеме среќен крај. Не се одредува од раѓање како матичен број.
Отворам вести – криминал, несреќи, пукања, драма. Скролам – истото. Премногу сме изложени на црна хроника низ медиумите во последно време. Премногу. Секако, за тоа сме самите ние криви што сакаме да знаеме повеќе, читаме, гледаме, кликаме и коментираме, па во се поголеми количини и ни ги сервираат. А на крај резултатот е дека негативно ни се рефлектира на нашето здравје. Решив да се исклучам од негативните вести. Помалку црна хроника, повеќе мир. Ми треба едно 3 дена одмор, надвор од цивилизација, од се.
Se soglasuvam so tebe.Zatoa si pustiv muzika i si najdov ubava kniga.Ke isklucam televizorot i ke se opustam.Inace vaka zdravjeto vo nepovrat otide.
Луѓе ова денеска што се случи во Прилеп е тажно. Ја ранил вработената во ЦСР или социјалното како што го викаме ние, во стомак и глава мислам дека е ранета од пиштол, а типот мислам дека е познат на полицијата по правење проблеми... Трагичното на странициве што имаат пишувани random луѓе ми се уште потажни, исполени со омраза, фрустарции во себе и насилство.. Сето беше од типот "Таму така им треба, за тепање и ебање се" , "Само така знаат тие, арно и напрај, барем ќе му дојди памет" итн... Си помислив да живееме во некое напредно општество каде би имале АИ да не чита за латентни криминалци итн, па едно 90% од луѓето би биле во затвор.
Искрено, никој не заслужува пиштол. Сепак, не знаеме какво однесување имала вработената кон странката. Да не се лажеме, сите знаеме колку се дрски и какво однесување имаат , скоро 80% од државна администрација. Сепак, никој не заслужува пиштол, пак ќе речам. Друго. И се заканувал? Како не го пријавила? Кога он влегол у канцеларија, каде било обезбедувањето? Избегал од психијатриска болница? Како не го нашле?