1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.129
    Допаѓања:
    56.244
    Пол:
    Женски
    Мислењево сум го напишала за роденденот на Тоше годинава. Сега со тешко срце морам да додадам уште еден човек на оваа листа, пејач со прекрасен глас и предобра душа, чии песни ми го одбележаа тинејџерскиот период. Никогаш повеќе нема исто да звучи мојата омилена "Што сака нека биде". Срцето ме боли за тебе, почивај во мир Андреј. Пејте сега таму во рајот заедно сите. :u:
     
    На M&M, SummerGirl и Cherry blossom89 им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.675
    Допаѓања:
    22.145
    Тргнав вчера да купам од маслово и само да кажам да не се излажете.
    Ако маслиново масло е заматено, има низ него "прашинки" или талог доле, нешто не е во ред со него и не го зимајте. На рафт у маркетов кај мене ги проверив сите шишиња, сите беа матни доле и со некои парченца внатре.
    Барем не се лажете дека зимате вирџин ладно цедено
    FB_IMG_1742640226516.jpg
     
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.121
    Допаѓања:
    6.167
    Пол:
    Машки
    Кај има квалитетно маслиново за таа цена...:puke:
    Уште по цената се знае дека е бљувотина.
     
    На SummerGirl и eliesaab им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.644
    Допаѓања:
    13.280
    Пол:
    Женски
    Никогаш нема да ни дојде памет, никогаш, шахти со кал ѕидаат, веројатно за да заштедат на материјал, и после ќе пропадне шахтата, и ќе седи така со месеци додека нема пак тендер за од почеток да се прави и некој друг да лапне пари.. Ова не знам ни каде да го пријавам..
    20250322_132600.jpg 20250322_132603.jpg
     
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.121
    Допаѓања:
    6.167
    Пол:
    Машки
    Џабе ќе пријавуваш. Не се мачи. На мојата улица цела година пријавувам, па никому ништо. На соседите не им чуе, на тие од Општина па ич. И јас баталив веќе. Кога се направи, се направи.
     
    На SummerGirl и нина122 им се допаѓа ова.
  6. Au revoir

    Au revoir Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2025
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    36
    Пол:
    Машки
    Види го прикачениот фајл 970421
    Тука има убаво маслиново масло ако си од Карпош 4, има и на точење....продавницата има производи од Остров Крит.. Ако не сакаш Грчко масло а сакаш Италијанско во Веро Центарот има повеќе избор од 600 денари нагоре
     

    Прикачени фајлови: