Секој викенд ми е истата приказна. Сакам да излезам, ама и да исчистам, ама и да читам книга, ама и да гледам филм, ама и да поспијам сабајле... и на крај 2 дена само лежам, и се префрлам од РС на телефон и само 1 до продавница и тоа е тоа.
Кај мене е слична ситуација. Ќе планирам тој ден да чистам и ништо од тоа. Или лежам или работам нешто друго. Често се случува да читам нешто на интернет и да заборавам на работата. Две недели го одложувам одењето во банка
Не знам за вас, ама мене многу ми се комични девојките кои ги просат и ставаат слика на стори или постираат — мање битно — „Кажав да“, а спротивната страна никаде ја нема да постира ништо. Мислам, сама се просиш или WTF? Кој треба да ја постави сликата? Нормално, тој. Одстрана изгледа ко за врат да го фатиле да ја запроси, па свеједно му е, и ај, да не е без ич, девојката ќе постира.
Некогаш вака ко че се замарам со некои небитни работи и сфаќам колку се поврзани.. едипов и електра комплексите... Шо се не нема..
За какви ситници се фаќате не е можно. Што ти е гајле како изгледа од страна, нив ако си им е убаво нека си тераат, сигурно мене и тебе нема да не прашаат за мислење.
Не сфаќам зошто градежниве фирми и агенцииве за недвижнини објавуваат оглас, им пишуваш за цена, и ти враќаат Inbox, а во Inbox пораката е “Јавете се на овој број“. Зошто толку чекори додека да стигнам до бараното инфо? По гласот на телефон бирате кому каква цена ќе му дадете?
Да не се шлогираат луѓето од цените.. иначе конкретно јас работам во проектантска фирма и цена формираме после состанокот со сите учесници и пишуваме понуда.. на телефон многу ретко кажуваме цена за проект само на некој пријатели наши..
ее се фаќате за глупости, кој сака нека објави дали тој дали таа ништо не менува, можи тој не сака многу да се експонира на социјални мрежи, а таа сака. Стварно ова не го гледам како проблем од моја гледна точка (не сум била запросена и не сум ставила слика со прстен, да не мислите дека се пронајдов во текстот ).Ова испаѓа како хејтери од страна да гледаме и да оговараме и од љубомора наоѓаме маани , а стварно не е така
од бројот на фази како и цената на фазите пооделно.. пр дали има машинство, хтз, ппз, геомеганика обично нема ако објектот е под 300м2, и најмногу од квадратурата..
Не знам за шефови и газди ама поодвратно од висење на врат на купувач од страна на продавач ми нема, фала чао пријатно, ќе купам од друга продававница.
Ако во рака имаш само еден производ, не значи дека другите муштерии треба да те пуштат преку ред Или она Се брзам за на работа. Може и јас се брзам, па не барам да ме пуштат преку ред