Таа историја не сум ја учел во школо намерно или ненамерно ама пак среќа сум имал сомнеж уште тогаш и со помош на интернетот фактите ми се достапни за да се согласам со ова мислење... Ама сепак се сомневам и верувам дека цел свет е во грешка а само Македонската историја е правилна бидејќи не можам да ја прифатам реалноста
Ти стварно читаш историја од Onion? Тогаш етнички на што се делеле ај преиспитај се? Фабрикувана историја ја лапнавте како жежок бурек после пијанство. Да почнеме од тоа кои биле тогаш Бугарите кои немале никаква врска со Словените за да тие бидат ословени како Бугари денес. Ако имаш цирка до 30 години, (а и ти под него), физиолошки не можеш да ги примиш фактите и да имаш солиден став. Од секогаш си бил посебен.
Ајде пуноглавци, карајте се пак за историјата. И сите истражувачи и научници и курци и палци да се соберат за да ја откријат правата историја, нема да успеат. Оти секоја држава историјата си ја кажува на свој начин и така ја учи и младината. Посебно на Балканов. Гледајте сега да ви е добро, и утре да ви биде уште подобро, а чии биле Кирил и Методиј ич не треба да ве занима. Нема они да се кренат од гроб и да ви ги наранат децата, тоа треба вие да го направите. #дојдовмалкупаметдависолам
Po etimologijata Methodious znaci ipak Grci bile ali fakt deka bolji se sosednive drzavi u politika, ustvari toa e valjda poentata na dobar politicar da ja izmanipuliras u svoja polza istorijata.
Па ти пишав дека етнички се делеле на Бугари и Словени. Ама Словените не биле нарекувани Македонци. Немале јак македонски идентитет тогаш иако се мешале. Всушност ако ја знаеш историјата, ќе знаеш дека словените доаѓале и ја поробувале тогашната провинција Македонија. Воделе битки со локалното население кое се повлекувало се повеќе и повеќе. Имало неколку битки за Солун, но никогаш не го освоиле, и се населиле во негова близина. Бугарите од друга страна се татарско племе кое исто така заедно со словените се населувало, највеќе во Тракија. Нивниот идентитет и култура преовладал над словените и над тракијците. Успеале да направат свое царство, го прифатиле христијанството. Додека словените во провинцијата Македонија не создале своја држава. Немале царство, имале амбивалентен идентитет, не биле сплотени, и во тој период биле освојувани од другите царства, Бугарско, па потоа и Српско, и Византиско. Кирил и Методиј се повикани да ја создадат азбуката по барање на бугарскиот цар Симеон. Неговото царство тогаш владеело со оваа територија. Азбуката е создадена во Преславската школа, во Преслав, кој бил главен град на бугарското царство. Каква заслуга ние имаме за тоа реално, за да си ги препишиме дека се само наши?
Пред да сакаш да бидеш паметен... почни да учиш за почеток што е етимологија. Тука некаде го губиш правото на мислење.
Не поднесува различни мислења и поразлична реалност од нејзината замислена.. Нема да се разбереш, џабе се трудиш да се синхронизираш и да бидеш чил
Цар Борис 1ви а не Симеон мислам дека беше и неговата фреска е оштетена во манастирот во Охрид во време на СхС
Да, цар Борис 1ви им беше царот. Симеон му е наследникот кој го проширил учењето и описменувањето. Поентата е, дека, ние сме немале наша средновековна држава во тој период за да можеме да се врзиме идентитетски и да тврдиме дека ние 100% стоиме позади создавањето на глаголицата и подоцна на кирилицата, иако е создадена на територија на провинција Македонија. Бугарите имале, и секако си го превземаат тој примат, но и они никаде не велат дека Кирил и Методиј се Бугари, туку Словени.
Отсекогаш сме биле фасцинантни како примерок за набљудување. Самите се негираме, на толкава историја.
Значи преку глава ми е кога луѓе од некоја општина се жалат на проблем и добиваат одговор - абе тоа не е на општината проблем, до Град Скопје е. Па градоначалникот ако малце го чеша за жителите на таа општина ќе иде ќе ги подбере и Скопје и кој год, ќе се бори да биде средена општината место да биде "нисам одавде". Ќе дава предлози, ќе се види со министер, со било кој надлежен ако сака промени. Ама не било негова надлежност и свиркај си. Браво бе, како си ја имаат наредено.
Секој викенд ми е истата приказна. Сакам да излезам, ама и да исчистам, ама и да читам книга, ама и да гледам филм, ама и да поспијам сабајле... и на крај 2 дена само лежам, и се префрлам од РС на телефон и само 1 до продавница и тоа е тоа.
А глаголицата , која што ја создале прва, била на барање на Ростислав од Моравија- дали се исто така Моравци? А кирилицата, или азбуката што ја викаш, воопшто не е од Кирил и Методиј, абе што ве учеле вас во школо и каков гугл имате
Иако секаде стои така, дека Климент ја создал кирилицата во чест на Кирил, погрешно. Прво нема логика човек ако седне да размисли, ученикот да го негира словото на својот учител, оној од кој се описменил, па згора на тоа и во негова чест ја крстил така, абе ајде. А друго, иако нема јавно информации за ова, сепак постојат архивски записи во Софија, дека е баш спротивното. Му било ова понудено на Климент. Но го одбил, и затоа многу брзо му се губи секаква трага. Има податоци, ама не смееме од некои нејасни околности да ги кажеме гласно, а и никогаш нема да ни ги дадат тие документи, барем не со вакви политичари. На оваа тема имам многу да кажам, ама за вечерва доволно е
Кај мене е слична ситуација. Ќе планирам тој ден да чистам и ништо од тоа. Или лежам или работам нешто друго. Често се случува да читам нешто на интернет и да заборавам на работата. Две недели го одложувам одењето во банка