Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    23.228
    Една преглупа реченица што се повторува по социјални мрежи е "Албанките и Ромките имаат по минимум 3 деца, Македонките кучиња нека шетаат"

    И едно нешто многу битно што забораваат е дека личност што планира деца повеќе мисли на нивната иднина него овие што ги раѓаат ради реда. Голи и боси, во никакви услови во шупа, со генетски болести (ова откако дознале дека има нешто во фамилија, или првото дете ама си продолжиле најнормално со второ, трето и четврто без да испитаат), само да се раѓаат.

    И сфаќаш колку затупавениве всушност никогаш не им е гајле за децата.
     
    На Aleks.mar, M&M, TammiB5 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.437
    Допаѓања:
    42.693
    Ех, што се би дале македонските мажи да им бидеме како косовските и ромските жени, иначе најнеесапените за луѓе од сите жени во Европава...

    Па да не оплодуваат ко крави до миље воље, без да смееме да им зуцнеме. :inlove:
     
    На Aleks.mar, christinnn, Munchmallow20 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.171
    Допаѓања:
    7.466
    Пол:
    Женски
    Колку ти е комплексна темава. Искрено според мене е затрашувачки податокот дека наталитетот кај белото и христијанско население е опаднат, или во краен случај, неспоредлив со оној на припадниците на друга вера и раса. Ние гледаме во моментот како е. Ама ти кога ќе решиш да имаш дете, тоа дете ќе биде туѓинец во својот континент. Според прогнозите, таа промена дури и не е толку далечна.

    И додека ние се лупаме во гради, некој друг штанца на големо, за утре ти да се чудиш што ти се случило со животот и културата.

    А не е дека немаме. Имаме повеќе него што имале нашите. Повеќе би рекла дека егоизам и самозаљубеност во своето време е во прашање, него статистика колку едно дете троши. Немаш за можеби целиот набутан маркетинг што се е потребно за едно бебе и дете, реалноста е дека чини многу помалце.

    Денес е срамота да носиш туѓи носени алишта, или да користиш туѓ бебешки инвентар. Се купува и купува. И ти си мислиш само колку пари те чини. Реалност е дека на тоа бебе му е гајле што носи и во каков кревет спие, или каква постела или какви пелени, играчки и сл. Самите си правиме да ни е скапо и неодржливо. Јас облека ретко купувам, имам од секаде собрано. За што да трошам, кога и тоа е премалку носено. И кога ќе сумираш, па и не е толку скапо. Него не ни чини.
     
    На Aleks.mar, M&M, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Peppa Pig

    Peppa Pig Активен член

    Се зачлени на:
    13 април 2025
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    207
    Пол:
    Женски
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    23.228
    И да е тоа.
    Зошто да раѓа некој дете само за да покачува наталитет, или за да се мери со Албанци или Роми или кој год да е? Натпревар ли е тоа?
    Ако некој сака повеќе време за себе, ондак имање дете само за да се рече, ќе биде на штета на детето.
    Или битно роди го, мање битно другото.
    Да, Ромите имаат по 4 деца, како живеат е друго.
     
    На theowndemon, Lelebre и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    16.140
    Една информација што прочитав денес: Се проценува дека годишно околу 14.000 тони крема за сончање завршуваат во океаните – најмногу преку капачи и од истекување во крајбрежните области. Состојки како оксибензон, октиноксат и октокрилен можат да предизвикаат избелување (bleaching) на коралите, да ги нарушат хормоналните системи кај рибите и другите морски суштества, и да се акумулираат во синџирот на исхрана. Овие хемикалии се токсични дури и во многу мали количини, придонесувајќи за умирање на коралните гребени и нарушување на морските екосистеми.

    Е до толку сме ние луѓето најголема напаст на Земјата.
     
    На sunsetbeach и st-el им се допаѓа ова.
  7. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.691
    Допаѓања:
    15.213
    Пол:
    Женски
    Точно, ама има и друга страна ситуацијата. А тоа е чувството малку отповеќе да се истроши, а генерално се глупости. Задоволување на класична женска потреба како непотребни креми за целулит (иако се знае дека секоја го има, ама побогу зошто да не се купи трета кутија), непотребни чаршави за секој повод и тематика (Велигден, Нова година..) што по дома сигурно се има по две само мора нов да не случајно некој го запримети тој од преклани. И сами си ги правиме големите трошоци, непотребно и кога ќе видиш дете па и не е некој трошок.

    Барем јас не мислам дека е, во споредба со оние партали што се убедуваме дека ни требаат. Ама и зависи менталитет. Странци генерално не трошат на глупости и уредување како кај нас, шетаат и шетаат. Збираат спомени, алишта од втора рака (ептен нешто ако купат и тоа го утепуваат од носење). Тука кај нас е срамота, не дека нема мајки што си разменуваат. Само тоа го прават тивко, ваљда да не се суди дека не е ново. И мора ново, тоа од лани често е старо.

    ***

    Него за друго дојдов и не знам што ќе кажував. :coffee:
     
    На SummerGirl, Gosh, Miss666 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    23.228
    Овие што дркаат и мочаат покрај места кај што поминуваат луѓе, демек свртен накај грмушка ама пак ќе му го видиш другарот на изволте, им посакувам само да им се најде некој малце така понетачен од нив да ги скрши од ќутек, личен опис да им смени.
    Двајца во последнава недела видов, на исто место. Моча, дрка, баш го боли дали некој ќе го види. И све си викам ќе му се дерам, ќе го треснам, резил ќе го направам, ама џабе, го видам ли, фаќам штрафта пред да ми направи нешто.

    Е овие сами си го бараат;)
     
    На Aleks.mar, st-el, mickey18 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. TammiB5

    TammiB5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2023
    Пораки:
    1.197
    Допаѓања:
    2.980
    Пол:
    Женски
    Сами си го бараат, баш така. А еднаш бе немам видено жена да се допира сама во јавност!!!
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    16.642
    Аа неа одма ќе ја пратат во психијатрија.
     
    На st-el, Curious cat и TammiB5 им се допаѓа ова.
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.313
    Допаѓања:
    16.642
    ГОЛЕМО БРАВО за доставувачите на WOLT, KLIKNI JADI, KORPA и сл.

    Со ќеф оставам 50 ден за достава.

    Само вие си знаете како ви е по жешково, и сочуствувам со вас дека ви е тешко, нз колку сте платени но вредите многу повеќе.
     
    На TammiB5 и mickey18 им се допаѓа ова.
  12. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.834
    Допаѓања:
    23.228
    Две ипол недели не можам да подигнам резултат од клиника.
    Али проблемот е што ми се поклопува со работно време, а имам гз преку глава работа и никако не можам да отидам.
    Во 21ви век, уште мора лично да подигнеш лист хартија на шалтер.
    Недајбоже да живееш во друг град, за тоа парче хартија ќе плаќаш повратна карта.
    За да биде поинтересно, за едното немаа реагенси, па ќе треба веројатно пак да идам да ми земат крв и после пак за тие резултати.
    И така...
     
    Последна измена: 21 јуни 2025 во 22:27
    На M&M, Miss666, GirlLove и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    4.426
    Пол:
    Женски
    Кај има тема да се изнаплукам на институцииве глупи во македонија? Со мала м да, ко ќе порасне ќе добие голема буква.

    Како може ова да се случува во една држава? Живи луѓе горат, болници, автобуси, газат луѓе, пуштени од затвор а треба да лежат, убиваат животни на најкрволочен начин и никому ништо.

    Не знам што треба да се деси да функционираме нормално. Ова досега е срамота за нас.
     
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.277
    Допаѓања:
    16.140
    Од моментот кога ќе резервирам за одмор јас сум веќе психички таму. Се до моментот на поаѓање тешко ми е да се држам со мислите во реалноста. :wasntme:
    Не знам дали е само кај мене така :tmi:.
     
  15. Aleks.mar

    Aleks.mar Активен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2025
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    леле жива да си. 1000 % right. Што да купувам облека кога за макс 2-3 месеци бебето ќе ги одрасне? И ако се водам по тој принцип ќе треба да ги фрлам. А употребливи.
    е за ова не сум знаела. Ондак да не користиме :?:
     
    На ArabellaStarfall му/ѝ се допаѓа ова.