Дали сум баксуз или и на вие немате добиено награда на ова наградната игра од Кока Кола, скоро секој ден купувам де шише, де лименка, ама буквално НИШТО. Или треба поголем пакет да купам да добијам нешто? Скопска пивара - ПРЕВАРО ЕДНА.
Баксуз си, то е. Јас ни лажичка на Браво кафе немам добиено, од времето кога на секое пакување се паѓаше лажичка. Нече среча поштеног човека, то е
Затоа јас имам и за тебе лажички Имам и ѓезве (за ништо не го бива) и кутија за шеќер. Од Кока кола имам пешкир, безжичен звучник и ранец
Кога ќе одиш на гости кај некој баксуз што е, што никогаш ништо не му се паднало, купи му браво кафе нека има среќа еднаш, да се израдува.
Ама од кај да знам јас дека ќе му се падне нешто? Лани имавме гости (тука во Ге) и ми донесоа Браво кафе. Знаеш што? Ми се падна лажичка
Дај нека просветли некоја, зошто маживе почнаа да скокаат по бидермаерот? Знам дека одамна почнаа и тие, побогу зошто? Кај и се кубат и депилираат и зар уште ова????
Дај ми ја мене ако не ти треба, ќе и мешам на комшиката кафе , отсекогаш ми беше желба да сум добитник на доживотната наградна игра од Браво
Не да скокаат туку младожењата без раце со заби да и ја смкне од нога на младата. Е некои и ја фрлаат па се потепуваат кој да ја фати
Хмм хмм @GirlLove се моли да се јави на главна каса и да објасни кој, зошто и по шо треба да скока, инаку останавме без сон вечерва
Се скока и на тапан, на маса, на то едно шо се поткачва невестата (и зетот) како скалички шо е, се скока и на кецот напред, се скока и бакишиш ко ќе фрлаш, се скока и на гајдата... Кој како го бива ле
Прееска го праевме муабетот со другарката која се мажи скоро. И ние се чудиме. Мислев дека по бидермаерот треба да скокаат само all the single ladies. А тие се наместиле, мажени, женети, во врска, мажи да скокаат. Плус ние ниските уште толку сме истуркани, на пример кај неа го фати високо машко што не беше ни сингл. Не е интересно ич. Тешко нас вака, нема никогаш да фатиме бидермаер.
Па и на тик ток ми излезе пред некој ден,едни две како си кубат коси за ебениот бидермаер,ненормални бре