Дали мајките знаат дека има родители што не можат да су приуштат да дават поголема сума на пари за поклон за роденден на учителките, за 8ми март и еве сега за крај на школската година?. Некои се чудат веќе како да се покажат пред учителите со купување на поклони за сѐ и сешто. Претеризам е овоа веќе.
Da sobirate pari sega za kraj na godina? Jas ne bi dala. Toa e licen izbor, ako imam i ako sakam, kje dadam.
Не се собират пари ама се носат поклони посебно. Мене ми е глупо гледајќи дека сите носат да одам со празни раце. На одење по свидетелство гледам родители со поклони, па земав и јас, глупо ми беше да не земав
Зошто да не би дала некоја симболична сума, се зависи по колку собирате и ако собирате групно. Ако секој сам купува, уште пофлексибилно е. Сепак таа учителка ти го учи детето. Велите дека децата не ги почитуваат веќе просветните работници, а тоа доаѓа од самиот родител по кажаното. Ако сакам. Што ќе те кошта еден цвет. Ништо, но сепак мислата е битна. Не разбирам луксузни поклони да даваш, тоа од маж и и дечко и нека си добива, ама за нешто скромно, што знам мене глупаво ми е со празни раце да одам. Патем тоа е нешто што се прави со генерации наназад, зборувам цели децении. Али навистина ако одиш со таа мисла, подобро не давај. Целта на тоа цвеќе или што и да е, е искажана почит. А сега ако се работи за финансиски немоќно семејство, не знам што има да се докажувам пред други родители или пак, некоја учителка да би очекувала нешто од родителот. Повеќето наставници, додуша не знам кој би замерил ако нема поклон од некого, знаејќи дека не може да си дозволи. Јас кога бев дете, многу си ја сакав наставничката, учев затоа што сакав, немав страв од неа, туку почит. Ја разбуди цела креативност во мене. Да не и однеселе нешто моите, навистина би било срамота. Што знам.
A sto ako go uci deteto? Toa im e rabota. Ne gledam pricina tripati vo godinata da se davaat podaroci, pa i za rodenden na nastavnikot. Taka vikate i za doktori de. Me lecat, kje im davam podaroci . Smeshno.
Ние на нашата ѝ носевме цвеќе за крај, за 8ми март ѝ купувавме нешто накит, марама, такви работи. Мада сега кога ќе се навратам, не би дала ни денар. Трпев булинг цели 4 години за цело време да слушам оти сама си го барам, оти сум била мирна, такви деца бирале. Што е најлошо и од онаа што беше психолог (у покушај) го слушав истото. Не заслужиле ни почит, пари па ич. Надам се им се има вратено дупло во животот. Средно беше многу поинаква приказна
Точно, тоа им е работа. Ама не им е работа, родители да им квачат и да молат за оцени, не им е работа веќе пораснато дете со навики да ти го превоспитуваат, ако ти како родител не се замараш, не им е работа да бидат малтретирани што од ученици или родители, ама ете толерираат и го работат тоа. Тебе лесно ти е со едно, две деца? Не ти е. Епа замисли 30 деца со секаква позадина, различен капацитет и различно воспитување. Можеби конкретно тебе не ти се погодиле наставниците, но не се сите исти и некои заслужуваат барем едно цвеќе кое тебе нема да те осиромаши, а ќе остави знак благодарност. Исто и за докторите. Замисли се маткаш по 100 доктори и никој не ти ја погодува дијагнозата и терапијата, ќе се најде еден што ќе се посвети на тебе. Не заслужува некаква форма на благодарност? Еве конкретно, ние многу бевме задоволни од градинката на моето дете, сакаше да оди, среќно беше и научи многу работи. Што ме кошта нешто да однесам? Од ќеиф, сакам и навистина сум благодарна што беа посветени. Зошто да бидеме такви, егоисти. Да додадам. Мој близок не беше соодветно дијагностициран со нешто кое беше навистина сериозно и потенцијална закана по животот. Ниту еден доктор, освен еден не дијагностицира барем нешто. И благодарение на тој доктор, таа личност е жива. Не заслужува некоја форма на благодарност? Живот ти спасил. Те молам.
Update: Сеуште се отворени овие ѓоа кафулиња. Многу немаат клима, може и да ги набројам ама не сакам. Да си седите дома, ставаат сонце у пијачките.
Снисходливост до крајни граници. Лизни-мазни од мали нозе. За среќа, барем од она што го видов од класот на ќерка ми, не носат сите, само половина. Ама па и тоа кажува многу. Дека половина луѓе би си измислувале секакви изговори за да добијат наклоност на учителка, доктор, негувателка (ова почнува уште од јасли, лол). Ако имаш толку желба за подарок, подари нешто на училиштата, и онака добар дел од нив се во лоша состојба.
Какви поклони бре луѓе. Тоа им е работа. Се офајдија сите со часовници и накити по школите. Гледајте таму писмено да ви излезе детето, да знае негација да пишува одделно и да сФаќа. Давате и по лекари после се жалите на мито кога ќе треба операција. Па ќе ги збориме политичарите. Мислам..лицемерно скроз.
Поклони не е искажување благодарност и е скроз погрешно. Кај нас ова никогаш нема да се искорени очигледно. Затоа и сме таму кај што сме. Колективно грешиме.