Update: Сеуште се отворени овие ѓоа кафулиња. Многу немаат клима, може и да ги набројам ама не сакам. Да си седите дома, ставаат сонце у пијачките.
Јас испаднав Karen и им пишав на Добар Бар во Влае, еве пред некој ден ставија стори од кафе и пишале “климатизирано” Кратко ќе им трае, ама барем си кажав што мислев
Убав ден да си имате. Јас си бојам. Па не знам дали е добро. Се обидувам да одам според некои си шеми на бои. Имам утка гледам, ама нема врска. Убав ден.
Интересно е како машките деца некаде околу 7 година се ориентираат повеќе накај таткото како фигура, а се оддалечуваат од мајката, затоа што се што мајката им дава, гушкање, бацување, емоции, нежност, пред другарите ги прави папучари и некако во таткото гледаат она алфа мажјак фигура која што треба да ја следат..
Еве колку се ефикасни тие од социјалното. Колку може да те заштитат. Пред нивни очи, ВО социјалното, ја фрлил жената од прозорец.
А како да ја заштитат ако маж и земал и ја фрлил од прозор, освен да викнат полиција која ќе дојде за не помалку од 10 минити.. Тие во социјално не тренираат бокс, не се полиција, обични луѓе се, колку што јас би можела да ја заштитам, ти, било кој, било каде, толку и во социјално би можеле физички да ја заштитат.
Сакам да кажам за една обична работа одење на мајстор, изгледа ми расипа и ме кошта 30 пати појче од то шо платив, а работата е... Едното светло на долгите ко да беше пред "умирање" и ај реков ќе појдам на електричар да ми смени ламбиче. Го смени што го смени, се изнамачи околу 10тина минути... ми зеде 100денари само, ај реков срамо е голем 200 ќе му дадам.. арно ама сега ко че ги запалам светлата немам свирка на колата, а ако ги исклучам си свири нормално. Појдов пак кај истиот мајстор да му кажам за работава ми вели не те памтам, ама ова нештово сигурно е до "ракетата" и ќе те кошта околу 1500 до 3000 денари.
Извини ама ако таквите насилници не се плашат од нашево социјално и полиција тогаш нешто стварно не е во ред со институцииве. Тука во странство во такви места, врие од обезбедување. А во мк, во социјално влагаш исто како на кафе да си одиш. На место кај шо треба да се осеќаш најбезбедно, тебе може да те убијат. И да, треба да напраат нешто. Ако они веќе неможат, тогаш обезбедување треба да има. И јас сум претрпела трауми во тоа социјално, кога татко ми се дигна да не тепа сите, и мене и нив. Ако неможат да ме заштитат, шо кур ќе ми се?
Да не ме сватите погрешно, а уствари сватете ме као сакате, кој не живеел Скопје у лето на четеиесет и кусур степени, па и од дома да морал да искача околу 2 секој ден, и плус немал кола и клима, секако дека нема да му биде јасно оти мрзи некој лето.