Од една тазе дипломирана докторка слушам оти тие разголените што ги силувале, сами си го барале. И утре недајбоже ти се случи нешто и нели ќе ти треба преглед за докази и ќе дојдат вакви створења да те убедуваат дека сама си крива додека ти се тресеш од страв Дај воведете психолошки тестови за лиценца за доктор, молим вас. И било која професија што бара работа со луѓе, особено осетливи категории. Ми е гајле дали сте учеле 24/7, 6 години, ако не знаеш со луѓе, не треба да работиш.
Многу ми е убаво на душата кога така прегрнати, заљубени, разменувајќи нежност, ќе помине случаен минувач и ќе не' погледне со блага насмевка Топење
Има улици во градов што ме асоцираат на толку грди работи, што кога и да поминам нозете ми иде да си ги исечам. Ти ебам Скопјето ти ебам, толку те сакам, ама толку те мразам истовремено, уф.
Има и други позаљубени вајда Шала на страна, баш сме слатки ние двајца Кога ќе си се погодиш и најдеш, тоа е тоа На моменти не знам како ме трпи, он си знае.. Душа бе, знае колку го сакам
Значи градов смрди на изгорено и уште на топлово кога и нема воздух и никој не се замара и не ги боли уво, до кога вака
Ми тежи морам да си кажам! И туку така,беззначајно ја дочекавме нашата прва деценија...без романтика,без подароци,дури и без прстенот кој одамна не ми го собира на прстот. Мислев ќе се сетеше да ме изненадиш со нов на годишнината,сепак беше јубилејна. Не знам што да мислам повеќе... Дали дека сега застанав да здивнам па ме навјасаа сите грижи и барам проблем таму кај што нема? Или проблем имало само сум била презафатена да го видам? Ќе покаже времето.
Окккк... Баш ќе изгуглам после. Ја зборов за прв пат, и само од бугари го иам слушнато. Каде се користи кај нас, кој дијалект е?
Не значи ако е дипломирана докторка дека учела 24/7 и дека има појма што прави во животот и дека знае да работи за жал.
Без разлика кој што е по професија, секој си има свои ставови по одредени прашања и теми. Ако има дебилно мислење, не значи дека не го бива за доктор, адвокат, сметководител, наставник итн. Мешање баби и жаби.
Не може при работа со луѓе да имаш било какви ставови на одредени теми. Дали е добар наставник ако смета дека ќотекот е излезен од рајот или смета дека булингот е "детски играчки"? Или добар гинеколог ако е против абортус? Или добар социјален работник ако смета дека тепаните жени не треба да се разведуваат? Или полицаец со истиве ставови, а ти кај него треба да пријавиш насилство?
Јас да чујам такво нешто од доктор или докторка, прво шамар ќе им упалам, па ќе ги пријавам кај шо треба да се пријават, па ќе ги објавам низ сите можни интернет страници. Таа докторка или доктор, чим има таков став дека жената сама си го барала чим се разголила, не треба уопште да се приближува до пациенти, оти според нејзината/неговата логика, докторите имаат право да те силуваат за време на операција или боцкање во гз. И да, има многу такви случаеви кај шо доктори силувале жени за време на операција, кома и царски рез под целосна анестезија, така да, јас не би се осеќала безбедно да знам дека ме лечи таква личност.