Од една тазе дипломирана докторка слушам оти тие разголените што ги силувале, сами си го барале. И утре недајбоже ти се случи нешто и нели ќе ти треба преглед за докази и ќе дојдат вакви створења да те убедуваат дека сама си крива додека ти се тресеш од страв Дај воведете психолошки тестови за лиценца за доктор, молим вас. И било која професија што бара работа со луѓе, особено осетливи категории. Ми е гајле дали сте учеле 24/7, 6 години, ако не знаеш со луѓе, не треба да работиш.
Многу ми е убаво на душата кога така прегрнати, заљубени, разменувајќи нежност, ќе помине случаен минувач и ќе не' погледне со блага насмевка Топење
Има улици во градов што ме асоцираат на толку грди работи, што кога и да поминам нозете ми иде да си ги исечам. Ти ебам Скопјето ти ебам, толку те сакам, ама толку те мразам истовремено, уф.
Има и други позаљубени вајда Шала на страна, баш сме слатки ние двајца Кога ќе си се погодиш и најдеш, тоа е тоа На моменти не знам како ме трпи, он си знае.. Душа бе, знае колку го сакам
Значи градов смрди на изгорено и уште на топлово кога и нема воздух и никој не се замара и не ги боли уво, до кога вака
Ми тежи морам да си кажам! И туку така,беззначајно ја дочекавме нашата прва деценија...без романтика,без подароци,дури и без прстенот кој одамна не ми го собира на прстот. Мислев ќе се сетеше да ме изненадиш со нов на годишнината,сепак беше јубилејна. Не знам што да мислам повеќе... Дали дека сега застанав да здивнам па ме навјасаа сите грижи и барам проблем таму кај што нема? Или проблем имало само сум била презафатена да го видам? Ќе покаже времето.