Ја разбирам што сака да каже. Не треба ама ете се случува да има луѓе во одредена професија со лоши ставови, што не значи дека треба да си ја искинат дипломата или не се добри во тоа што го прават. Затоа ете и Ненад го зедов за пример. Мене ми идело да си приповратам од некои негови статуси на Фејсбук додека имам пријателка која толку го испофали колку бил добар и професионалец во својата работа, а таа презадоволна како негова пациентка.
Не ми е страшно доктор/ка да се исмева за изглед, не ми ме попречило ако работи добро. Ама, за силување да вели дека жената сама си го барала, ми е скроз одвратно и кај таква личност не би имала доверба за да му/ѝ стапнам во ординација или сала. Без разлика колку добро работи...
И Жан Митрев е одличен хирург, ама не значи дека не треба да ја изгуби лиценцата со криминалите што ги направи. Реков, работата со луѓе си бара одредени морални принципи.
Пред некој ден едно мало мое пациентче држи во рака Телетабис црвен. Викам дај тете да го види Лабубу Така да, се сложувам
Па баш гинеколог може и да има такво мислење, затоа што тие знаат што точно и како се абортира плодот. Ние мислиме дека е едноставен процес, но погледни го видеото. Во второ тромесечие и мене ми е поделено мислењето дали треба да се дозволи прекин на бременоста. Воедно, самата постапка носи ризици. Не е така наивно како што размислуваш. Не знам, ама ако на тебе ти е во ред, распарчосување дел по дел на плод оформен со раце, нозе, глава, тогаш во тебе е проблемот. Не зборувам за конгенителни деформации или забременување при силување. Ама во сите други случаи, да имаш во тебе здрав и жив плод треба да се обрне внимание, да не дојде до забременување, а не, како да се изврши абортус. Така да, можам слободно да кажам, да, гинеколог може да биде против абортус, затоа што тој е должен, да вади екстремитети и дел по дел од бебиња. Ти би можела тоа да го правиш?
Јас кај докторка што мисли дека разголените сами си го барале зашто ги силувале никогаш не би тропнала на врата. Се гледа дека е проста и злобна чим има ваков став, а за доктор треба да имаш добра душа и да сочуствуваш со луѓето и нивните судбини.
Ако не сум грешка, абортус е дозволен до 12та недела, после тоа е со комисија само ако животот на жената е во опасност или плодот има аноналии. Така да ти нема смисла прашањево. И знам како се врши абортус, у реду е. И збориме дека не може некој да е гинеколог ако треба ОН да одлучи. Значи изборот треба да е на жената. Со комисија и такви работи, океј. Ама да ми соли памет да го родам, а од оправдани причини не сакам, не треба да работи ко гинеколог.
Последниот пасус, буквално ти дава право од било која причина да абортираш. Има ли смисла сега прашањето? Кој ќе ти утврди и како. Ќе кажеш немаш пари, си анксиозна, таткото не го сака бебето, имај само фантазија. Заборавив дека кај нас институциите одлично си ја бркаат работата. Гинеколог не може да одлучи, затоа што законски смееш да абортираш. Впрочем тебе и мислењето ти оди во насока дека гинеколог не смее да размислува да биде против абортус, а не дали треба или не треба да одлучува. И тоа ама буквално нема врска со компетентноста на докторот.
Преплавен ми е инстаграмот со 816384748 memes, references и еден куп други заебанции со мажот и жената што ги фатија на дело на концерт од колдплеј!
Сакам да кажам дека ко ќе долго пишиш со некој и прв пат го видиш во живо и тој некој е уше поубав чоек (физички и карактерно) - man, gotta feel lucky. Денес така се осеќам. Додатно, природа, покрај целата активност, ми даде многу енергија. I love.
Гинеколог треба да биде ЗА избор. А кога велам против абортус, се знае на кого мислам, на типични заостанати створења што им е гајле само за фетус, не за родени деца, така да џабе вртиш да докажеш поента. Гинеколог не смее да те убедува да родиш ако не сакаш.
Ама и јас сум за избор да имаш, но сум против абортус ако немаш реална причина и не користиш кондоми и само знаеш деца да правиш како животно. Ти како фетус го гледаш, затоа што уште немаш родено. Јас на ултразвук гледав бебе со глава и тело. На крај краева познавам неколку посвоени деца на кои им е дадено прекрасна шанса да растат со премногу љубов. А дека има луѓе кои се очајни да станат родители, има. Патем гинекологот буквално треба и смее да ти каже за ризиците од абортус и да те извести за процедурата. Тоа не е убедување, туку факти. А понатака не може ни Господ да те предомисли, ако имаш намера да абортираш. Како што ти очекуваш за некоја операција да ти кажат кои се придобивките и дали има ризици, така и на гинекологот тоа му е работа. Пример, на блиска особа и кажаа дека не треба да прави операција, затоа што ризикот е поголем отколку придобивката. И сега таа личност, може да ризикува, кој може да ја спречи. Што е поразлично за гинекологот и неговата пракса. Глупава ти е споредбата. Какво и да е мислење да има, не значи дека нема да изврши абортус. И јас имам одредени мислења за мојата професија, што за себе не би сакала да ми бидат правени тие работи, но не значи дека друг ако сака, нема да го услужам. Не ме прави помал професионалец, туку човек со искуство и кој си ја знае работата. И секако дека ако некој ми побара совет, ќе кажам што се опциите и дали се прифатливи според мене, понатака што сака нека прави. Инаку имаше една, читав, со транспаренти за абортус, самата имаше изјавено дека има направено неколку абортуси, не од медицински причини, туку од што и се јебело. Тоа во ред е? Таа треба матката да и се извади, а не опција да има за нешто друго.
Мицко пред избори коа ќе доеме на власт уште одма по 5000 денари покачување пензија. Мицко откако дојде, ќе ви даеме ваљда по 2500 ќе биде процентуално, нема веќе линеарно како до сеа. Мицко сега, ќе ви дадеме 2000 линеарно, 1000 у септември и 1000 наредна година у мај. Ахх бе колку лажете толку да немате. Ама ќе имате сега од 7те милијарди, таман ќе си лапнете. #ЌеСиЛежите
Во Македонија единствено Скопје е што нуди повеќе шанси за работа и од малите градови се селат таму...
па со 100.000 евра можеш да отидеш и надвор од Мк и да напраиш многу повеќе од тоа што ќе купиш стан од 50м2 на пример.