Ја разбирам што сака да каже. Не треба ама ете се случува да има луѓе во одредена професија со лоши ставови, што не значи дека треба да си ја искинат дипломата или не се добри во тоа што го прават. Затоа ете и Ненад го зедов за пример. Мене ми идело да си приповратам од некои негови статуси на Фејсбук додека имам пријателка која толку го испофали колку бил добар и професионалец во својата работа, а таа презадоволна како негова пациентка.
Не ми е страшно доктор/ка да се исмева за изглед, не ми ме попречило ако работи добро. Ама, за силување да вели дека жената сама си го барала, ми е скроз одвратно и кај таква личност не би имала доверба за да му/ѝ стапнам во ординација или сала. Без разлика колку добро работи...
И Жан Митрев е одличен хирург, ама не значи дека не треба да ја изгуби лиценцата со криминалите што ги направи. Реков, работата со луѓе си бара одредени морални принципи.
Пред некој ден едно мало мое пациентче држи во рака Телетабис црвен. Викам дај тете да го види Лабубу Така да, се сложувам
Па баш гинеколог може и да има такво мислење, затоа што тие знаат што точно и како се абортира плодот. Ние мислиме дека е едноставен процес, но погледни го видеото. Во второ тромесечие и мене ми е поделено мислењето дали треба да се дозволи прекин на бременоста. Воедно, самата постапка носи ризици. Не е така наивно како што размислуваш. Не знам, ама ако на тебе ти е во ред, распарчосување дел по дел на плод оформен со раце, нозе, глава, тогаш во тебе е проблемот. Не зборувам за конгенителни деформации или забременување при силување. Ама во сите други случаи, да имаш во тебе здрав и жив плод треба да се обрне внимание, да не дојде до забременување, а не, како да се изврши абортус. Така да, можам слободно да кажам, да, гинеколог може да биде против абортус, затоа што тој е должен, да вади екстремитети и дел по дел од бебиња. Ти би можела тоа да го правиш?
Јас кај докторка што мисли дека разголените сами си го барале зашто ги силувале никогаш не би тропнала на врата. Се гледа дека е проста и злобна чим има ваков став, а за доктор треба да имаш добра душа и да сочуствуваш со луѓето и нивните судбини.
Ако не сум грешка, абортус е дозволен до 12та недела, после тоа е со комисија само ако животот на жената е во опасност или плодот има аноналии. Така да ти нема смисла прашањево