Среќа немаме фашистички и крајнодесничарски партии, таквите ќе ги гласаа и на секој митинг ќе им излегуваа.
И ти во Европа го јадеш шеќерот, тост лепче, газирано сокче, итн итн. Разликата е само дека ние готвиме 90 посто повеќе а тие јадат многу Мекдоналдс.
Не јадам тост лепче ниту сокче. Ја испосник сум Мислам дека нешто друго е, никој во Европа не готви 90% освен јас
Читам сеа на онкологија на некој човек од џеб му украле 800 евра... Крадецот го виделе на камери. А сеа дали им е гајле зашто некој на онкологија има потреба толку пари со себе да носи, тоа небитно....
Ќе имало годинава нова сезона од Stranger Things. Дали ќе ја гледам? Секако дека не. Заборавив што се дешаваше во серијата, нова сезона на четири години пуштаат, од имињата на ликовите само Мајк го памтам, да ги видам ликовите нема да ги препознаам (2016 е почнато снимањето) итн. Наместо нова сезона, треба да снимат нешто во стил "Како да ти се одмили омилента серија, Rule #1..."
Многу членови има на форумов што пишуваат колку да се пише нешто. Да се тресне нешто било што. Се збори на одредена тема, се споделуваат искуства и мислења и секогаш се наоѓа некој што нема ни појма зошто е темата ни што се збори.
Да исто. Не мислам дека ќе ја гледам ни јас. Малце го претераа. А да ја изгледам од почеток до крај пак за да се потсетам, е тоа мало сутра.
Па илевн веќе не е дете, девојка е. Може и се мажеше нешто, не сум сигурна. Така да се надевам само ќе ја завршат и толку. А баш сабајле помислив дали има друга сезона, пошто во последните години не знаев ден ли е, ноќ ли е, немав време ни за серии ни за бутур. Ете ништо не сум пропуштила, а во меѓувреме трудноча, работи менување, дете, селидба од еден во друг град итн итн итн. Јас ќе ја изгледам, ама не верувам дека ќе почнам од почетокот. Ја убија еуфоријата дефинитивно.
Скроз. Само пепси лајм ми е убав донекаде. Ко љубител на кока кола (зеро), обичниот пепси не можам да го сварам. Општо не обожавам да пијам шеќери, така да зеро или минерална вода (добра со лимон или праска) ми се гоу ту на пеколниве жештини.
Да. Ама цената што ја плаќаш за Аспартам е далеку поштетна од белиот шеќер. Белиот шеќер е отров ама Аспартамот е како Ланате во поблага форма. Е сеа, нема калории Пепси Макс/Лајм или Кола Кола Зеро, не дебели, не расипува заби како шеќерот, не го вивнува инсулинот ама има фенилаланин кој сам по себе ако се користи често знае да влијае врз хормонaлното здравје а тие се баш клучни за целокупното здравје и се двигател на цел оргамизам. Али ок, како луѓе секош го перцепираме помалото зло, ете дека нема калории, а тоа што има side effects е тоа е лошото..
јас обожавам кока кола обична. Зеро исто ми е мн блага некако, а пепси пробав после дооолго време и стварно не знам се лепи на заби. Кока кола си е кока кола за мене.
даа! Само на нетфликс мн малце филмови има од 2000та Пред некој ден го барав just my luck и тие во тој фазон ама го нема….