Среќа немаме фашистички и крајнодесничарски партии, таквите ќе ги гласаа и на секој митинг ќе им излегуваа.
И ти во Европа го јадеш шеќерот, тост лепче, газирано сокче, итн итн. Разликата е само дека ние готвиме 90 посто повеќе а тие јадат многу Мекдоналдс.
Не јадам тост лепче ниту сокче. Ја испосник сум Мислам дека нешто друго е, никој во Европа не готви 90% освен јас
Читам сеа на онкологија на некој човек од џеб му украле 800 евра... Крадецот го виделе на камери. А сеа дали им е гајле зашто некој на онкологија има потреба толку пари со себе да носи, тоа небитно....
Ќе имало годинава нова сезона од Stranger Things. Дали ќе ја гледам? Секако дека не. Заборавив што се дешаваше во серијата, нова сезона на четири години пуштаат, од имињата на ликовите само Мајк го памтам, да ги видам ликовите нема да ги препознаам (2016 е почнато снимањето) итн. Наместо нова сезона, треба да снимат нешто во стил "Како да ти се одмили омилента серија, Rule #1..."
Многу членови има на форумов што пишуваат колку да се пише нешто. Да се тресне нешто било што. Се збори на одредена тема, се споделуваат искуства и мислења и секогаш се наоѓа некој што нема ни појма зошто е темата ни што се збори.
Да исто. Не мислам дека ќе ја гледам ни јас. Малце го претераа. А да ја изгледам од почеток до крај пак за да се потсетам, е тоа мало сутра.