Сакам да си признаам нешто. Мислев дека само метла џогер и малце да завршиме прашина на прозорци и е чисто.. епа братучедите и девојкава ми докажаа спротивното вчера ко имавме акција ма чистење дома кај мене.. и срам ме фати голем.
Порано мислев дека е нормално двајца партнери да спијат посебно, за мир во куќа, ама како поминува време сфаќам дека тоа е мн нездрава врска.. Значи бирање кој ќе спие лево, кој десно, или спиење во различни соби, различни кревети, тоа е токсичност.. Здрава врска е двајцата на средина да спиете, еден врз друг, еден до друг, небитно, бирање на страна на кревет и секој да си спие на својата страна е токсичност.
Па нормално. Ако спијат одвоено и тоа подолго време така, ради разни причини што и да е, цимери у тој случај се, а на партнери.
Не дај боже да ти се погоди некој шо грми како косалица цела вечер, има да бегаш до соседниот град за спиење
Во денешно време има чаре за тоа. Спиењето на посебни кревети е како живот со цимер. И не е брак, туку развод на рати.
Девојчиња, не фарбајте тоа косите уште од 18 годиниииии. Баш ми е ќеф, јас што си ја носев нефарбана до пред некоја година.
Како па да не. Еве вчера спиевме одвоено. На него му беше ладно, мене ми беше жешко. Најпросто решение беше, секој во посебна соба. Во еден куп ситуации сме спиеле одвоено. Не се разведуваме уште, а и не планираме. Не е дека ми пречи неговата близина, ми значи сопствената индивидуалност и потреби. И нема чаре за се.
јас од тој период негде почнав и веќе 13г без прекин се правам…. И плаво ми стои толку добро, ко да сум родена така
Многу сакам да честитам родендени на луѓе кои ми значат. Мислам дека сечиј роденден заслужува да е одбележан некако и дека не е само "обичен ден". Така, денес му е роденден на пријател кој живее 8 саати поназад (а уште полесно ми е да памтам оти е роден на "метеорскиот дожд" ), и сношти пред легнување напишав убава порака и ја наместив да се прати кога кај него е 00:00, бидејќи тоа време по наше спијам. Се будам утрово и гледам пишал колку го израдувало што сум се сетила така да направам. Ми се полни душава кога успевам да разубавам нечиј (роден)ден.
Консултација во Систина е 5000 денари. Што се случува. Или ќе чекаш на државно дур душа не дадеш, или ќе си ја продадеш колата за навремено лекување. Срамота е што направија со нас, уште посрамота е како го дозволивме ова.
може и на држвно да се закаже приватен преглед. И реално има многу добри доктори, што за 1000ден или помалце ќе те прегледаат.
Вчера беше последен ден, јас да канам другар или познаник на кафе. Ајде бре, машки. Хаха. Ај ќе пишам реков, да им речам да се видеме, не знам што се дешава со луѓево. Да ги труев, да им ѕвонев на мобилен, да им одев на врата.
Аплицирав во една фирма за работа, и они стварно ме викнале на интервју хахахахха.. Не одговара моето ЦВ ни 10% од барањата во огласот, не знам ни зашто ме викнаа уфффф.. Абе нешто селекција ова она, јас така знам да си пратам ЦВ, не значи треба да ме викнат..
Моооре Нино од ко го зеде ајфоно ти тргна во живото да го живееш на висока нога Оди на интервјуто, кажи му го ова истото шо го напиша тука и замини си