Трет ден беше муабетот Би ве почастил еве со две "патриотски" песни на српски од нашиот Спасен, кој овој пат може да ви предизвика уште еден шок и неверување и со неговите вокални способности
МАЖ не е МАЖ. Ако не ти мафне со гордо исправената глаа и не ти ццццни као 'станувај си идеме оттука', од гости де. Као собирај децата, а тој со ташлако в раце напред и ти трчаш по синовите да си ги собереш и идете зад него. Тоа е МАЖИШТЕ бре.
Сдк Многу ме нервира кога ќе се наместам удобно,ќе си легнам и пред да заспијам ќе ми се примоча,па мора од 3ти кат да се симнувам за у вц.
Има нешто посебно во врнежливи ноќи, ги обожавам додека сум дома под ќебе и си го слушам дождот надвор.
Денес последен ден од одморот, утре назад на работа. Следниот подолг одмор ќе биде за најмалце 10 месеци,ама времето брзо поминува!
Не знам кој член беше, ама некој на форумов ме убедуваше како трчањето долги дистанци е убиствено за телото оти маратонците изгледале ко исушени стапови или па можело да доведе до дебелеење ради кортизолот и тоа што тие што трчаат јадат многу јаглехидрати. А и од оној што ја води страната Мускултура сум читала исто. И еве ме, маратони не трчам, обичен рекреативец сум, како и повеќето што трчаат и не изгледам исушено, не сум здебелена, мускулите не ми се отидени. Мислам ако трчам секој ден огромни дистанци, можда ќе беа. Напротив, нозеве ми изгледаат најубаво до денес, а газов уште ми се нема срамнето. Ама и просечен рекреативен трчач има и денови за одмор, вежба и со тежини, не се замара премногу со постигнато време туку трчањето му е хоби. Едноставно си наоѓа баланс, за разлика од професионалци што цел живот им се врти околу трчање. А овие gymbros ќе видат некој слаб и висок Кениец и одма "ако трчаш долги дистанци ќе изгледаш како него", а типот трча маратони за добро утро, додека ти 40тина -50 километри неделно. Затоа малце согледуејте факти, статистики и генерална слика пред да се прајте паметни.
глупости. Тоа што маратонците изгледале така како што се опишани тука не значи воопшто дека е тоа убиствено за телото. Јас на пример имам читано и слушано од луѓе дека маратонците, луѓето кои се бават со физичка работа и спортистите демек имаат тенденција после 40тата да имаат ослабено срце и покачување на притисокот. прво малку да се побараат истражувања,научни факти и сл па после да се "плашат" луѓето со свои мислења и ставови
Абе кај професионалните спортисти да бидеме реални, си има последици од претерано спортување. Ама затоа реков, најголем дел од луѓето што се бават рекреативно со спорт, не вежбаат/трчаат до бесвест, па да ги споредуваме со овие првите дека така ќе изгледале или ќе останеле без мускули.
Од сите хумористично реални емисии во минатото и сега за мој вкус единствено К-15 и Зевзекманија имаат оставено траен белег. Толку реално ги опишуваат сите економски социални и политички феномени актуелни во државичкава и на сатиричен начин знаат да ги парафразираат и да ги насмеат луѓето. Секоја чест и на младиве и нови луѓе од тип на Никола Ниџо, Томски и слични но сепак сеуште им треба време за докажување.
Ај што беше контраверзна локацијата на Рустикана(Roosty), сега треба да се толерира и паркирање, возење и блокирање на тротоарот и велосипедската патека до ресторанот. Никаква сообраќајна и инфраструктурна култура и обзир не постои, ужас.
Еден од моите најубави и најомилени романтични филмови кои ми ја враќаат вербата во љубовта е филмот "Pride and Prejudice" од 2005 година. Мис Елизабет Бенет и Мистер Дарси нема да се заљубат на прв поглед. Ни на втор, ни на трет... Ќе се заљубат после неколку случајни и неслучајни средби. Преку тие средби, ќе откријат дека се слични еден со друг, ќе се заљубат еден во друг и на крај ќе си ги признаат меѓусебните чувства. Ми се допаѓа таа контра-логика на заљубување и љубов. Тие дури на почетокот на филмот мислат дека воопшто не си одговараат. За да на крајот од филмот тие се заљубени еден во друг. Љубовта не се случува на прв поглед и по автоматизам. Љубовта не е телефонска услуга и да избереме опција: За да се заљубите притиснете 1, за да не се заљубите притиснете 2. За да се одљубите притиснете 3, за да раскинете или да се разведете притснете 4. И заљубувањето и одљубувањето и разделбите се случуваат низ подолг временски процес. Сите што раскинеле врска или се развеле, на почетокот мислеле дека вечно ќе бидат заедно. Мис Елизабет Бенет и Мистер Дарси мислеа на почетокот дека никогаш нема да бидат заедно. На крај, тие ќе бидат засекогаш заедно. А ние гледачите ќе плачеме од среќа на последната сцена.
Мислам дека секоја година овој период го пишувам ова, но секогаш ме фаќа некаква меланхолија ова време, кога ептен се приметува дека денот е намален за разлика од пред месец, месец ипол. И среќна сум навистина дека нема повеќе пеколни жештини да трпиме, што ќе можам да прошетам пред работа раат, но сепак тоа чувство ми се јавува. Август отсекогаш се чувствувал како "неделата во годината", а денес е ем 31 август, ем недела, сега ем навечер. И многу ми е такво меланхолично и чудно. Но треба време додека привикне човек. Небаре ќе одам утре на училиште, а не втора смена на работа од дома. Но приметив душава ми е спремна за есенски пејсажи, шетање и слушање музика на облачно свежо време, eastern european vibes. Септември лани ми беше најубавиот месец последниве години, нека и овој биде барем пола од тоа.
Време е за малку посвежо време. Време на посериозни врски т.е. кога летните авантури знаат да прераснат во нешто посериозно. Време е за потопла облека. Есенска елеганција и многу љубов и прегратки. Есенски лисја коишто шушкаат под нозете.
Не чини слепо да му се верува и да се консултира за све. Пред некој ден сведок бев коа истресе една невидена глупост и глумеше доктор специјалист. Во ред е да го користиме, да ни се наоѓа, али.. со усул сепак. Превише се забега со вештачкава интелигенција, не ми се верува што се луѓето праат.