Ministerstvoto za obrazovnie oslobidilo od fizicko prisustvo ucilishta od Gazi Baba. A drugite? Primer eve Opshtina Ilinden kolku e blisku do Trubarevo. More treba vo celo Skopje da se zatvorat nekoj period.
Не е баш исто додека трае облакот од чад и додека се расчисти и спадне, честиците после некое време се лепат по површините, не левитираат у воздух али првите денови од горењето се у воздухот
Превземено од КЕРБЕР МК. најјаки ми се овие "среќно омажениве" штумфети, ко ќе те викнат на кафе за 50:50 муабет. пола те жалат а пола те советуваат. Нарачуваш кафе и блееш и чекаш да умреш, или да има земјотрес, додека ја слушаш како е среќно омажена, а јас се знам со ДЕВОЈКАТА НА МАЖОТ, у врска се 2 години, сите знаат само умренава не, е сеа таа ми соли памет како не е прифатливо јас да сум стара мома, бракот е свето нешто, сите се мажени само јас не, ПА ШО МИ ФАЛИ. Земи било што, па као некои не ме викаат на седенки да не им ги шмекам умрените мажи, као немам со кој да ме седнат на свадба, кај ќе седам на дечји роденден, да не се дотерувам превише ако се излезени парови. После следи ЗНАМ ЕДНА БАЈАЧКА, па да ти дам број. Па време е да раѓаш, знаеш каде вака, ако немаш маж, барем дете. Си викам зашо не ми сипаа отров, место кафе, зашто јас не ја советувам умренава да се разведе пошо овој не ја рока веќе 2 години. Ама јас ќе бидам лошата, таа шо е љубоморна на нејзината СРЕЌА и сака да и го расипе мракот. И ТАКА МИ ТЕКИЊА ДЕКА НЕ СУМ ЈА ИСКЛУЧИЛА ПЕГЛАТА. @Adidas888, ме потсеќа на тебе
А шо бараш на кафе со некоја умрена ? Со која немате ни почит ни муабет? Или другарствово ви е дај шта даш исто како шо е нејзиниот брак? И ќе падне селфи за да има материјал да се лепне на денот на роденденот со натпис "срцка моја најсакана, хепи брдеј" Очаен е постот, колку шо е очаен сексуалниот живот на авторката. Сори.
Кога сме кај загадувањево, ако аптеките ги поскапат маските, вака скромно да им посакам за лекови да ги дадат тие што ќе ја донесат таа одлука. Нема поголемо гоВно од човек што печали на сметка на туѓо здравје. ФМП
Сеа бев до ЗЕГИН - морав да земам терапија за смирување. К N91 немаа ми рекоа и дај велам др да видам и ми даде некоја бугарска за 80 ден. Ме мрзи да станам да појдам онаму да сликам. А, дома имам вакви.
Толеранцијата за луѓе кои се мешаат каде што не им е место ми е баш нула. Секаков вид на прашање кое НЕ СМЕЕ да биде поставено добива специјален третман од мене. После толку години попуштање на луѓе и размислување што и како да одговорам на прашања кои ме повредуваат или едноставно ми прават немир, станав тежок идиот и сум многу горда на себе бидејќи поради тоа бев под постојан стрес. Сега ми е сеедно кој што мисли, не ни пробувам да се објаснувам. П.с со фини, културни луѓе сум злато
Делиција се супер за многу работи, ама трилече никогаш веќе од кај нив. Не знам што не беше ок, ама 5 души со стомачни тегоби. Бар да вредеше на вкус.
Сакам снег многу снег. Ме фаќа Божиќна носталгија, ама за онаков Божиќ со снег. Убаво е и летото, плажа, сонце, море, ама некако многу повеќе сакам зима, обожавам снег и зимска облека.
сдк дека конечно се најде малку време да го оладам мозокот на фемина послем цел ден учење пун ми е со шеми и графикони дури и ги сонувам
Утре сабајле во 7:30 ќе има протест. Додека се организирам како да оставам бебе, дали е подобро со точак и n95ка да одам без да ме погази некоја кола, си мислам јас не сум токму, или сите околу мене не се? Денеска не излеговме низ влезна врата. Маж ми до кантата позади во двор само за да фрли посрани пелени ебате. Не сме скроз блиску до чудовиштето, ама далеку па ич. Деца не ни ѕирнаа преку врата. Се мислам дали да оди во школо утре големата. А од друга страна имаш собиранки по паркови, деца шетаат, се смеат сите. Па дали се нормални? Пишувам во групата од школо, токмаците тотално незаинтересирани, не знаат ни која смена се децава од утре. Како бе, како? Не е можно сите да се до толку отидени. Не за џабе просечен IQ во земјава ни е 86. Гранична интелигенција my ass. Тешка ретардација.
Сдк ви го препорачувам овој подказ на сите да го погледнете, мене баш ми се допадна. Дава слика како би требало да изгледа здрава брачна врска и како да не влеземе во токсични врски... Дури и на оние кое не се христијани или кои што не се верници им го препорачувам иако генерално се е поврзано преку Библијата дава и реална слика од дешното време, начинот на живот.. Мене целиот подказ многу ми се допадна и ми разграничи доста мислења, и баш се согласувам со мислењата. Уште воведниот дел ме натера целиот да го изгледам и уште тогаш си реков "После сите брачни и љубовни проблеми што ги прочитав на форум морам да го споделам". Спојлер: Мотивација за верници Иако целиот подказ ми се допадна многу се пронајдов во последните реченици, затоа што од неодамна почнав повеќе да се интересирам за религијата. И исто како што кажаа на подказот " Најчесто луѓето од нездрава врска излегуваат за време на пост", точно на мојот прв Велигденски пост раскинав долгогодишна врска, врска за која што јас мислев дека е совршена, и мислев дека сум со човек со кој можам низ сите препреки да поминам, на крај се случи да ми раскине на најлош можен начин, да изманипулира со мене, а најмалку од неа го очекував тоа... Како и да е се прашував "Зошто баш сега кога постам Бог ми одзема најсакана личност од мојот живот кај ли згрешив" , сакав и да се откажам од постот ама издржав. За многу брзо по тоа, дури можам и да кажам додека бев во фаза на раскинување (или подобро да кажам молење на личност да остане и да ми каже кај е проблемот) ми се појави ново девојче во животот. Со неа сега и седев и го изгледав овој подказ и го коментиравме.. И дури сега во оваа врска разбирам што е здрава врска, дури сега гледам колку ни на секунда во предходните врски не сум си ги симнувал розевите очила. Ама сепак благодарение на тие врски денес често знам да погледнам и без очилата.. Уште еднаш си го потврдив она "За да дојде подобро, треба да замине лошото". И уште си реков "колку бил голем Бог" .. Може на некој и нема да му се допадне и нема да има исто мислење, ама посакав да споделам со вас.
На оние што возат брзо им блендирам демек има полиција за да намалат... иако нема. Боже прости ми, подобро ова отколку нови жртви.
Понекогаш влегувам во библиотеки како турист. Не за да читам книги. Туку за да уживам во тишината. Една од најубавите библиотеки во кои сум бил е во Хелсинки. Друга прекрасна библиoтека е British Library во Лондон. Трета убава библиотека каде сум бил е во Амстердам. Копенхаген исто така има прекрасна библиотека. Сите се со бесплатен влез. Библиотеките се туристичка атракција во многу градови. Има топ листи на најубавите библиотеки во Европа или во светот.
Nothing beats a jet2 holiday во Септември... Ама оваа година толку ми се погоди одморот што сакам пак да одам.. секој ден сонце, топла температура, одлична атмосфера, многу убавина и егзотична дестинација. Се чувствувам како на фабрички поставки да сум ресетиран. Нека потрае само вака и во вториот дел од месецов.
Оваа страницата на фејсбук шо ја држи Кербер поискомплексиран или поискомплексирана личност немам прочитано.. ми се чини некој бумер е