Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    721
    Пол:
    Машки
    Си го сменив аватарот и наидувам сега на мој одговор на тема и си викам "прв пат го сретнувам членов со овој аватар" кликнувам на аватарот и си го гледам моето корисничко име и дур ми текне дека јас си го сменив. :drunk: :rofl:
     
    На Anie93, GirlLove, DEFNEDEFO и 4 други им се допаѓа ова.
  2. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    16.809
    Велика Британија најавува воведување на задолжително дигитално ИД...
    почело је почело...:wasntme:

    #теоријаназаговор :bandit:
    #заколективнодобро :bug:
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.854
    Допаѓања:
    15.901
    Пол:
    Женски
    Како се препукнуваат во некои теми со денови и денови да оди разврската дотаму со спам нотификации (и сега некој ќе рече форум е, сакам нотификации од тоа што следам и никако спам), човек да помисли дека им останале недоразрешени муабети со минати личности во реалниот живот..па тука недолжни накалемуваат од нигде-негде. Член/ка со спротивно мислење од вашето не ве вреѓа вас, него вие сами се вреѓате докажувајќи некаква поента (која патем и така се губи оти реплицирањето е врз основа на разговори од други луѓе кои си ги имате „зачувано“ во главата).

    Менталното здравје пред сѐ останато.
    Додуша ене кај е светскиот ден на менталното здравје (10 октомври).
     
    На GirlLove, Космонаут, HappyMe123 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. BubamaraM

    BubamaraM Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2025
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    954
    Синхроницитети. Некогаш пречесто ми се случуваат и дури "страв" ме фаќа. :D

    А уште поголем "страв" кога само ќе помислам на нешто, без никаде да го спомнам на глас ниту да го пребарувам на интернет, апсолутно никаде, и одеднаш ќе почнат да ме "напаѓаат" реклами со таков производ.
     
    На Billy Idol и lorenn им се допаѓа ова.