Како можете да му верувате повеќе на некој кој го знаете 5 месеци во споредба со некој кој го знаете 5 години.
Млада си ти, тоа се веќе богати подароци. Порано се носеше завиткани во украсна хартија: тетратка, молив и убавезно смоки едни да даде волумен на подарокот. Иначе мислам дека е чудно и малце глупо, деца да отвараат пликоа со пари за родендени, посебно ако гледа кој колку пари подарил, мислам дека би направило доста проблеми во перцепцијата на детето за гостите.
Едно ми е чудно ,како отвораат децава пари? 5 години има ќерка ми нормално се радува на подароци особено играчки и секоја знае кој и ја купил и донел. А додека да се пари одма ги остава и ова и е од кај 3 тиот роденден дури и свекрва ми потоа наместо пари почна да и купува подароци И беше криво дека од другата баба кажуваше што добила а од неа не
Мене некогаш ми е стварно шокантно колку Инстаграм им пере мозок на луѓево на теми околу фитнес и изглед. И ај да се работи за млади тинејџери па ќе разбереш. Али замисли, возрасни жени не им е јасно зашто одреден фитнес тренер изгледа "просечно" кога се сликала негде рандом на кафе и е поразлична него ли слики од теретана. Или дебели биле оти бутовите и стомакот им спласнувале кога седеле, или имале оние свадбарки. И единствен критериум за фит им е голем газ и даска рамен стомак. И тоа пошто фала богу дека инфлуенсерките не ве подучиле дека кога вежбаш, мускулите се контрахирани, имаат зголемен крвоток и затоа се поистакнати него ли кога си ја прчиш лабаво надвор или дома. А самиот мускул е месест, па спласнува кога не го користиш и затоа бутовите ви се такви кога седите, исто и стомакот. И свадбарките иако се дел сало, дел се уствари опуштен трицепс. И листот на ногата е ко желе кога лежите или седите, а тврд кога стоите. И многу повеќе ќе си го сакате телото кога ќе го цените по тоа што сѐ може да направи, а не како изгледа. Моево ме носи пешки со километри без замор, ме држи 8 саати будна на работа, растрчана на сите страни, истрпе ужасни болки со неспиење у потколеница од трчање, па после издржа 2 + саати константно трчање со брзо темпо, без да застане, се врати во 10 пати подобра форма после операција. И може уште многу што досега не сум пробала. И затоа не паѓам на евтините реклами за стварање комплекси.
Сакам да кажам дека од скинќер најтешко ми е да го напрам на вечер. На утро ми е дел од рутина, ама на вечер ми е мачење. Не е дека користам 29429462042 производи. Сум имала така комплицирана рутина, ама скроз само некои основни работи прам сега. Особено на вечер. Едноставно еве во овај даден момент како шо си седам на кауч, само сакам да се навалам. Неќам да станам и да мијам лице. Неќам да мачкам. Неќам да чекам да се суши за друго да мачкам. Things we do for beauty. Ај, станвам.
Луѓето се неблагодарни. Еј, се онесвести еден другар пр.ед мене и се обидов да го вратам во, и претходно сум го носела до кола за да го земат во ваква ситуација. Ни фала не ми рече шо ме спаси. И ден денес, дојде да ме понижва и потсмева пред други. Толку сме неблагодарни суштества станати. И кренав раце и од него, не ми е близок поќе. Бог е голем, нека плукаат другите по мене
И тоа сум добивала, и рамки, па имаше период кога си носевме по 100/200 денари на подалечни и повеќе на поблиски пријатели дефинитивно и кога бев поголема сум добивала и некој поклон кој може не бил баш за тинејџерка (се сеќавам дека добив часовник и вазна како украси) ама ми беше многу мило што другарката дојде и поминавме квалитетно време заедно. Сосема е во ред да носиш пари ако ти така си одлучила, јас лично комбинирам и пари и играчка/било што поврзано со деца и досега барем мислам сум погодувала. Нормално дека не можеш секогаш сѐ и на сите да погодиш ама try your best
Јас баскет имам добиено, а не правев разлика меѓу кошарка и фудбал, со кукли си играв. Можда и затоа пишуваат ,,поклон у плик", ради овакви испади... Со парите барем ќе си купев цел барби дворец.
Ја сакав Playstation, добив барби куќа. Искрено толку беше fancy што верувам беше поскапа од Playstation-от.. Да не звучам неблагодарно..