Едно ми е чудно ,како отвораат децава пари? 5 години има ќерка ми нормално се радува на подароци особено играчки и секоја знае кој и ја купил и донел. А додека да се пари одма ги остава и ова и е од кај 3 тиот роденден дури и свекрва ми потоа наместо пари почна да и купува подароци И беше криво дека од другата баба кажуваше што добила а од неа не
Мене некогаш ми е стварно шокантно колку Инстаграм им пере мозок на луѓево на теми околу фитнес и изглед. И ај да се работи за млади тинејџери па ќе разбереш. Али замисли, возрасни жени не им е јасно зашто одреден фитнес тренер изгледа "просечно" кога се сликала негде рандом на кафе и е поразлична него ли слики од теретана. Или дебели биле оти бутовите и стомакот им спласнувале кога седеле, или имале оние свадбарки. И единствен критериум за фит им е голем газ и даска рамен стомак. И тоа пошто фала богу дека инфлуенсерките не ве подучиле дека кога вежбаш, мускулите се контрахирани, имаат зголемен крвоток и затоа се поистакнати него ли кога си ја прчиш лабаво надвор или дома. А самиот мускул е месест, па спласнува кога не го користиш и затоа бутовите ви се такви кога седите, исто и стомакот. И свадбарките иако се дел сало, дел се уствари опуштен трицепс. И листот на ногата е ко желе кога лежите или седите, а тврд кога стоите. И многу повеќе ќе си го сакате телото кога ќе го цените по тоа што сѐ може да направи, а не како изгледа. Моево ме носи пешки со километри без замор, ме држи 8 саати будна на работа, растрчана на сите страни, истрпе ужасни болки со неспиење у потколеница од трчање, па после издржа 2 + саати константно трчање со брзо темпо, без да застане, се врати во 10 пати подобра форма после операција. И може уште многу што досега не сум пробала. И затоа не паѓам на евтините реклами за стварање комплекси.
Сакам да кажам дека од скинќер најтешко ми е да го напрам на вечер. На утро ми е дел од рутина, ама на вечер ми е мачење. Не е дека користам 29429462042 производи. Сум имала така комплицирана рутина, ама скроз само некои основни работи прам сега. Особено на вечер. Едноставно еве во овај даден момент како шо си седам на кауч, само сакам да се навалам. Неќам да станам и да мијам лице. Неќам да мачкам. Неќам да чекам да се суши за друго да мачкам. Things we do for beauty. Ај, станвам.
Луѓето се неблагодарни. Еј, се онесвести еден другар пр.ед мене и се обидов да го вратам во, и претходно сум го носела до кола за да го земат во ваква ситуација. Ни фала не ми рече шо ме спаси. И ден денес, дојде да ме понижва и потсмева пред други. Толку сме неблагодарни суштества станати. И кренав раце и од него, не ми е близок поќе. Бог е голем, нека плукаат другите по мене
И тоа сум добивала, и рамки, па имаше период кога си носевме по 100/200 денари на подалечни и повеќе на поблиски пријатели дефинитивно и кога бев поголема сум добивала и некој поклон кој може не бил баш за тинејџерка (се сеќавам дека добив часовник и вазна како украси) ама ми беше многу мило што другарката дојде и поминавме квалитетно време заедно. Сосема е во ред да носиш пари ако ти така си одлучила, јас лично комбинирам и пари и играчка/било што поврзано со деца и досега барем мислам сум погодувала. Нормално дека не можеш секогаш сѐ и на сите да погодиш ама try your best
Јас баскет имам добиено, а не правев разлика меѓу кошарка и фудбал, со кукли си играв. Можда и затоа пишуваат ,,поклон у плик", ради овакви испади... Со парите барем ќе си купев цел барби дворец.
Ја сакав Playstation, добив барби куќа. Искрено толку беше fancy што верувам беше поскапа од Playstation-от.. Да не звучам неблагодарно..
На скоро никој не му е гајле уствари да биде во добра форма ради здравје, затоа. Глупоштините што ги гледам што ги прават и глупоштините што ги слушам што ги зборуваат за исхрана, физичка активност, тело, изглед,... малтене ретардирани се. Јаде 5 парчиња тонус со грекос јогурт, диета држела. Бонжитки, овесни бисквити, бејкролс, СМОКИ наместо оброк, само домат и краставица наместо оброк,... диета држела. Јаде корнфлејкс, овесни каши во ќеса, оризови галети, ама битно леб не јадела. Од утре, немала да јаде ич, морала да ослабе. Цел живот на диета е. По цел ден збори за мевот, ама пар скали нејќе да искачи, зошто да се замара покрај лифт. Стомачни ќе праела, ќе го тргнела мевот. Една недела раскажува како правела вежби од јутуб, после тишина. Не можела да крева тегчиња, тешко било. Не можела да пешачи, изморена била. Немала друштво. Немала време. Заборавала. Заборавала и вода да пие. Хронично дехидрирана е, ама некако заборавала вода да пие. Глава ја боли секој ден, не можела ништо да праи. Врат ја боли, укочена била. Стари коски, хе хе. Страшно неедуцирани се луѓето за најпрости работи. А ти мислиш ќе знаат за мускули, кондиција, издржливост, шознам. Сè им е тешко, ништо не можат да направат, само зборуваат и тераат по старо.
Се имам слушнато од луѓе низ годините ама за ова бев flabbergasted ко го слушнав. Бејкролс место балансиран оброк и ко замена за леб. Уште сум збунета.
Јас многу луѓе знам што једина активност им е тие неколку саати во теретана во неделата, а иначе се изморуваат ако пешачат. И НИШТО друго не вежбаат. Ама "активни" биле. Да важи. Или она класичното "џабе вежбање без средена исхрана" од истиве инфлуенсерки пошто све е низ призма на слабеење и ставање мускулна маса. Кондиција, флексибилност, подобар сон, подвижни зглобови left the chat. При трчање пред 2 месеца заебав нешто кај колкот, не можев да ја дигнам ногата без болка скоро цел месец па ајде барав вежби, пробував и лека полека го оправив, а не прекинав со трчање воопшто, сега не осеќам ништо. (Инаку ќе одев да проверувам што е). Џабе вежбањето било, оќеј. Или не земале програма од некоја бодибилдерка да не изгледале ко неа. Оф бе златна...
На форумов сум од 2013. Јас во 2025 година дознав дека можам да ги листам сите теми кои ги надгледувам. Како беше она, поарно некогаш, него никогаш.
Многу се комплицираат работите, кога со многу малку може многу да се постигне, само треба конзистентност.
Ојдов во „Твои Новости“ листав нешто и под него имаш ова: И ко ќе притисниш, ти ги дава сите теми шо ги надгледваш како во листа. А, можи да одбериш и да ги листаш и тие во кои немаш непрочитани мислења, т.е. сите теми шо ги надгледуваш.
Родендени и пари, сВе си е тоа убаво усогласено. Утре други ден кога ќе ги седнат на обвинителна клупа за нивните криминали ака Рашко да се оправдаат дека тоа е калапено од родендени, крштевки, мекици...и разно разни забави со подароци в плик. Не е ова за обичната и поштена раја да се замара, за другиве е обмислено. Пих ништо да не се разбирало.