Исто и мене демек пребираш храна муслиманка да не си што не јадеш свинско месо,епа не јадам месо и што сега ,друг ќе ми кажува како да живеам?
Ова повеќе ми има смисла кај оние кои се од генерацијата на моите родители и постари, наместо млади. Јас лично никогаш не би сакала да имам со маж заеднички профил, да ми чита муабети што не го засегаат. Плус не знам дали би му се допаднал мојов алгоритам. Моиве на пример, немаат онака стандарден заеднички профил, само мајка ми има, ама и татко ми си скрола од кај неа на неговиот телефон бидејќи го мрзи да прави свој профил посебен. Ама тие не се онлајн постојано и не комуницираат типкајќи на тастатура.
Ти дојден си за да си ожениш македонско девојче? Девојки, ајде одма дајте слики како правите ајвар, да одбере дечково.
И да знаеш дека ке ги чита. И после ке биде а зошто ти на таа другарка ти и го кажа тоа,а зошто мајка ти ти го пиша тоа и слично.. И ете ти од фазла главоболка
Заеднички профил е безвезе. Кај постари парови кои прв пат прат профил на 40+ и ми е логично да иди до заеднички профил, прво зошто си одделен од социјални мрежи и полесно е со некој да се обидиш заедно да научиш, плус би додала дека кај многу има одредено ниво на (нездрава) вмреженост и страв да напрат нешто сами, па еве мора заедно. Би претпоставила и дека сепак доминантно еден го користи профилот. Друго, би рекла е и кај помлади парови - страв од неверство, имање љубомора и недоверба во партнер. Ко ќе видам помлад пар со заеднички профил многу е telling каква е динамиката меѓу нив ако профилот е заеднички. Следно, ако јас имав другарка која има заеднички профил со партнерот, дури и тој мене да ми е другар (шо е случајот со мажот на другарка ми) - мене би ми било непријатно да ѝ пишам било шо зошто не знам за кои очи го пишам то. И уште ова - ако некој сака да изневери, ќе изневери. Контрола и тензија нема да го спречи то. Ако треба ти да ставиш вончовечки напори да го спречиш партнерот да изневери - дали вистина вреди и натаму да се вложува труд во та врска? Сума сумирам - кринџ.