Заеднички профил не е решение за стравови од неверство, љубомори и сл. ако тоа е причината. Јас ги избришав тие профили од другарки кои беа потпишани Тасе Таска Тасесвски. И пишувам на Таска, ми вика чекај Тасе овде. Па после зошто ова пиша, зошто она пиша што ќе рече Тасе... Им кажав дека ќе комуницираме на други апликации, ама се лутат. Друга исто интересна категорија ми се Таска Тасевска ЕХ Танасковска, или Тасе Таска Тасче 1 Тасче 2 Тасевски. Со се деца, не знам како свекрвата не ја впишале.
Постари ли сме ма тие 40+. Ај да речеше 60+, ама ние 40+ го измисливме интернетот (искрени да бидеме, Винт Серф е дедо, 70+ ама нема везе. ) Ај, ај, ќе дојдеш ти пак кај нас со некој дедо симпатија па ќе видиш како ќе си поминеш
И ја се зачудив на муабетов, 40 ако се до толку прости да се занимаваат со глупостиве, стварно не знам шо да кажам.. А 40 веќе за нас, мене еве, не се тетки и чичковци, туку дадички и батаковци 60 плус више да сфатам да заостануваат, мада и тие се искурназија, за машала се. Нема поголем булшит од имање заеднички профили, не знам зашо будали праите од себе.
Па на толку години беа луѓето ко почна да се популаризира ФБ пред 15-20 години. Прв контакт со social media. Сега 40г деф во рана адолесценција беа то време, и имат некаков пристап до социјални мрежи, ама дефинитивно не колку генерациите после. Јас имам социјални мрежи од основно. Да не се сфатиме грешно, јас то го сметам за проблем. Ама па не можам сега на скоро 30 некој да ми речи да избришам профил за да имаме заеднички и јас то да не го сфатам како црвено знаменце. Така да како rule of thumb 40+ Ги вклучва и тие шо не користат многу социјални мрежи и тој дел од луѓето кои користеле (мирц, скајп, омегле), а ги вклучва и тие 50-60+ шо биле 40 годишни ко почна растот на користење социјални мрежи. Пошто не можам да речам 60+ за во 2025 кога растот на социјални мрежи кај нас иди декади поназад.
Малку ми е кринџ. Моја си е приватноста. Имам муабети со другарки, со мајка ми итн. Татко ми со мајка 30г во брак никогаш не и пипкал по телефон, он си користи вибер, телеграм... Не берам гајле, само коментирам дека не ми е јасно. Слободно може некој од форумов да искоментира дека не им е јасно зошто јас си имам посебен профил, ќе си објаснам. Делиме мислење.
А бе да, декади, ние на абакус пишувавме дипломски. Декади, ако не и столетија, иди поназад железница, метро, такви ствари, технологијата не баш. Менталитетот што оди назад, тоа е друга тема.
Декада = 10 години така? 15-20 години = декада и пол или две (множина декади), така? Мислам дека многу добро знајш шо сакам да кажам.
Нејќам женска ми или жена ако имам да ми ги чита муабетит со другарите, и онака се канцерогени и расистички рилс, нема ништо освен да ти се исуша мозочните келии шо че видиш хааха. Така да ова бесмислено ми е.
За ова со заедничкиве некој имаше на заебанција пишано демек ако добиеш дикпик од профил Ана и Ристе, треба да се чудиш дали патлакот е на Ана или Ристе
Добро дали се сериозни новите членови со никовите и профилните слики на форумов..? Додуша ко ќе размислам најпоасни се оние - прикриените, шо досаѓаат во пп, демек бараат друштво. Барем на овој, јасна му е намерата... П.С., на ФБ можи има заеднички профил со сопругата..
Колку е точно ова, некои навистина опасно играат. Имаше еден ми пиша лп откако коментирав нешто во темите за религија и прво како за религија нешто. За пост беше сега ми текна ми кажуваше како се пости ова она и јас си мислам религиозен човек сака да помогне, а него сосема други намери му биле.. После за брзо го банираа..
Знам луѓе што денес имаат слава.. Среќна слава на сите што ви е денес. Спојлер: . Се надевам после ова ќе ме покани некој на слава вечер. Ми се јадат домашни кифли.
Да си жив. А за кифли лесна работа ех, ќе најдиме и нешто помрсно како скара, оти на колата некогаш мора и адитив да и туриш не само бензин Воедно сдк, овај период од годината ми е еден од најомилените периоди, период кога почнува зимското сметање на часовникот, зимата доаѓа а со неа и славите, Божиќ и Нова Година. Како да има некој посебен мир и топлина во воздухот, како да се чувствува пополека Божиќната и новогодишна магија
Епа еден таков имав означено во мислењево што си го цитирала, ама го тргнаа и банираа оти беше еден од таквите што ги кажуваш, а и Адам и Ева ги имаше на профилна слика.
Еве нели отидов да коментирам So, counting Се намачив додуша шо да коментирам, глуп подфорум, глупи муабети, бооо