Јас мислам дека пред да се зачлениш на форумов треба да се воведе верификација со лична карта за да се избегнат типови на луѓе што прават профили само да манијачат по форумов. Јас кога го направив профилов, после 2 дена си заклучив пораки. Уште немав ни едно мислење во Секс категоријата веднаш почнав да добивам 'мрсни' пораки.
Сеуште не зошто сабајле се расправав на телефон со доставувач, а веќе мернав нешто друго за земање. Ако најдиш лек - пиши ми!
Не пишувам често во секс темите, можеби еднаш во неколку месеци, ама и на тоа еднаш обавезно добивам покана за секс во лп. Не планирам да го заклучувам тоа заради очајници, а и фала бого тие биле одма банирани после моето пријавување. Незнам кој кажа погоре, треба да се почне лична карта да им се бара на мажите шо сакаат да се зачленат овде . Жими се, најискрено треба. Па нека пише, ќе добие бан, и да биде објавен тука кој е и шо е. А после тие шо го знаат, нека го искодошат дома на жена му, мајка му, ќерка му, сестра му....
Или писмо да добие дома дека е баниран од страна Фемина поради тоа што користи вулгарни коментари па нека му ја мисли дома.
Далеку од тоа дека форумот ако е женски треба само "домаќински" теми да има. Сексот е за сите не само за мажи така да и женска тема е и тоа.. Дека најголем дел се тролови во тие теми тоа сигурно, некој постојано само во тие теми да пишува и специјално за таму се зачленуваат.. Треба да постои категориија секс, ама темите кои што се во таа категорија повеќето, како што рече некој погоре не ми се за 21век..
Искрено пред некој ден случајно напишав нешто во темата секс па си реков себеси " Мече што ќе ти е овој коментар, нема потреба" па го избришав иначе не гледам нешто лошо во тоа некој да коментира таму. Не треба да е табу тема и не значи ако искоментира кој знае што ќе направи... обично тие што многу зборуваат малку прават што се однесува до лп јас ги заклучив деновиве... некои мислеа ако сум долго без секс, или како да се изразам? Во таква состојба брачна... дека уствари можно е да сум очајна не добија пријава, не се сетив само излегов од разговорите а заклучив за да не се замарам. Немам нешто што би пишала во темата секс... не би да се објаснувам таму што сакам... би објаснала лично каде што би сакала
Зашто ја напаѓаш членката беспотребно и во друга тема исто искоментира ко дежурен полицајец, од кај да знаеме дали ти немаш уште еден профил со кој манијачиш? Мислам ако не бравос..
Никоја не си го бара да ѝ пишуваат грди коментари. Само за мене, жени што се фалат нонстоп со кого се ебеле ми се исто толку сељанки колку и мажи што се фалат со истото.
А ти дрвен адвокат си ? Доволно сум долго овде да не се срамам да пишам ма темава на нешто што ми е чудно..