Студии на случај колку сакаш на форумов, а и вон од него. Ќе претепува нечие дете од ✨️вкупно 4✨️ години кое покажува среден прст и кое со сигурност не ни знае што значи тоа, за да се мочало од страв кога спие оти детево е психо. И имаш потоа даа измавај го, подмолни се родени некои дечишта. Колективно побарајте стручен совет или барем држете се понастрана од невини душички плс.
Прочитав еден пост, вика што им било убаво порано на луѓето во пештера кога живееле, нема работа, нема стрес, само уга буга уга буга цел ден..
И за тоа заслужува ќотек? Кога ќе престанете да употребувате насилство како воспитна мерка и децата нема да растат во насилници.. Треба пример да бидеме на тие деца како треба а не како не треба... Децата се најмалку виновни, сигурно тоа не му текнало само видело некаде... Подмолни деца. Дете ти е најневино суштество, најубаво нешто, по добар душа од дете нема ние сме тие кои што сме им лош пример....
@Youknow сигурно немаш деца сеуште. Кога ќе имаш свое ќе ти се смени мислењето ќе видиш. Па замисли да земе некој твоето детенце да го истепа зошто во градинка слушнало пцовка и ја кажува на некој возрасен и тој го измлати. А вие дома никогаш не сте го учеле така. А тоа пусто ни разбира ни знае што кажало. Што правиме тогаш? Не е можно оваа ситуација да била и во случајов?
Не мора да имаш свое дете за да разберш дека со насилство не се решава ништо и не се воспитуваат деца со насилство без разлика дали е твое или не е...
Леле дете ќе тепале, 4 годишно дете! Еве син ми е скоро 5г. абе не дај боже да го допре некој со мал прст!!! Значи велам не дај боже! Зошто е дете, и не разбира што е тоа, дете е побогу! Возрасни сте и не разбирате некогаш, а не па дете од 4-5 години! Колку и да му укажувам и зборам дома, некогаш знае да каже лош збор, зошто е дете! Вас треба некој да ве превоспита како возрасни, очигледно. Не може дете да биде лошо, или злобно, само гледа од страна што се случува и имитира понекогаш, нема поискрено од дете, ама тешко е што не знаат со емоциите да се справат. Лечете фрустрации на друго место, да не ви се погоди некој родител, па да земе да ве срамни со земја, ако му допрете дете.
читав низ темите мајки деца нешто со дружења на дева и имаше баш мајки што пишуваа дека има подмолни родени деца, подмолни воспитани. Не беше овој член беа жени други. Не знам ни кога беше ни каде точно ама имаше такви муабети, муабети ехееееј
Не трпам невоспитани деца. Реагирам кај родителите. Дома на таван нека ти се качи. Кај мене дома не може така. И надвор не толерирам.
Така е, нека ми каже, ако не видам у секундата, зашо до секунда пазам што прави моето дете надвор, и јас го прекорувам ако лошо се однесува, не може било кој да дојде и да го удри или "заплеска" така дома на своето нека си прави.
Ми се десило циганче да ми покаже среден прст искрено смешно ми беше, точно невоспитано е али уопште не ме вознемири, дете е не значи дека ќе остане такво, видело од некој. Повеќе ми смета кога вриштат и викаат на јавно место а родителите мува не ги лази А @Youknow искрено вознемирувачки е тоа што го пиша, преиспитај се.
Ви завидувам на мнозинството како сте толку зен Никогаш ништо не ве нервира? Фигуративно не се изразувате? Веројатно на 4 години детето нема појма коа е значењето на среден прст, ама и те како има погани деца.
И што дека ќе го истепаше детето? Мислиш дека ќе постигнеше нешто тепајќи дете кое не ни знае што значи покажување на среден прст? Има мн воспитани и културни деца кои никогаш не јаделе ќотек, и има дрски и безобразни што секад биле тепани за беља и никогаш не им кажувале зашто ги истепале.
Ме нервира кога вриштат тоа не можам да поднесам и обавезно фрлам остри погледи кон родителите ..а често не им е гајле на нив
Кога гледаш дека детето твое му пречи некому, треба да реагираш. А не да си ја п.... на стол. Факт е дека има несовесни родители.
Во секоја манџа мора да ставиш запршка. Не знам како не се измори Има разлика помеѓу немирни и невоспитани деца.
Да и јас имам вишок време еве. Во смисла ја фативте за гуша членката оти рекла ќе го истепа не знам шо, а не верувам така да би направила само момент на нервоза. И то е то.