Де бре, де. Афект. Можи била изнервирана нешто. Верувам дека немала ни да го допре детето. Иначе, ако си во Скопје, како што се овде разгалени децата мислам дека нема нигде на друго место. Сами сме си криви. Си ги чуваме децата во пластично ѕвоно. 4 години и не е 2 или 3. Од др страна па можи и родителот си го воспитува детето ама ете. Пак ќе речам, зависи и од годините на детето..
@Mr.Limonko не е работата @Youknow да воспита нечие дете со тепање туку работата е која култура ја покажува детето да не речам дете од пелени спрема постара особа во јавност? Стварно непријатно.
Студии на случај колку сакаш на форумов, а и вон од него. Ќе претепува нечие дете од ✨️вкупно 4✨️ години кое покажува среден прст и кое со сигурност не ни знае што значи тоа, за да се мочало од страв кога спие оти детево е психо. И имаш потоа даа измавај го, подмолни се родени некои дечишта. Колективно побарајте стручен совет или барем држете се понастрана од невини душички плс.
Прочитав еден пост, вика што им било убаво порано на луѓето во пештера кога живееле, нема работа, нема стрес, само уга буга уга буга цел ден..
И за тоа заслужува ќотек? Кога ќе престанете да употребувате насилство како воспитна мерка и децата нема да растат во насилници.. Треба пример да бидеме на тие деца како треба а не како не треба... Децата се најмалку виновни, сигурно тоа не му текнало само видело некаде... Подмолни деца. Дете ти е најневино суштество, најубаво нешто, по добар душа од дете нема ние сме тие кои што сме им лош пример....
@Youknow сигурно немаш деца сеуште. Кога ќе имаш свое ќе ти се смени мислењето ќе видиш. Па замисли да земе некој твоето детенце да го истепа зошто во градинка слушнало пцовка и ја кажува на некој возрасен и тој го измлати. А вие дома никогаш не сте го учеле така. А тоа пусто ни разбира ни знае што кажало. Што правиме тогаш? Не е можно оваа ситуација да била и во случајов?
Не мора да имаш свое дете за да разберш дека со насилство не се решава ништо и не се воспитуваат деца со насилство без разлика дали е твое или не е...