Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.722
    Допаѓања:
    17.202
    Пол:
    Женски
    јас читајќи го ова легната во 5 а станата во 9 ….(facepalm) И веќе 15/6 години со неспиење навечер :rofl::rofl::rofl:
     
    На Mrs. right, nextredstyle, sino.o.oka и 3 други им се допаѓа ова.
  2. lorenn

    lorenn Активен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2025
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    424
    Не планирам да идам постепено, храната генерално не ми била со месо но и кога јадев скоро секој пат ми се лошеше, тешка храна ми е така да нема да ми биде тешко да прекинам наеднаш. Има и доста причини кои стојат зад одлукава.
    Имав колешка на факултет која перформативно не пропушташе прилика да се пофали дека е вегетаријанец и еднаш низ муабет се издаде дека јадела чварки и ја цела у прашалници: Чварки? Чекај, ти не беше вегетаријанец?

    Не можела да одолее. (facepalm):clap:
     
    На FriendOfDorothy и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.503
    Допаѓања:
    179.075
    Пол:
    Женски
    Епа добро, добро ќе е ко така. Со лесно ајде. :hug:
     
    На lorenn му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bratot

    Bratot Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    5.349
    Допаѓања:
    18.313
    Пол:
    Машки
    Мистер Љубе е цар, се газам од смеење со денешново видео за австралјанците, морее не се газам туку рикам од смеење :rofl:
     
    Последна измена: 15 ноември 2025 во 12:37
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.933
    Допаѓања:
    16.222
    Пол:
    Женски
    Нема поубаво од тоа да станеш у 12 ипол за викенд :inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:

    Полнам батерии, аман више од станување у 6 сред работна недела :doh:

    Телово си кажува оти му треба сон..

    Сеа уште саат време излежавање и одмарање од спиењето :rofl::rofl::rofl:
    Да се прашувам ја, потребно е баш такво одмарање и стабилизирање после сонот, а не нагло и брзо станување, и во трки со времето да си :( Ми се темни секој ден, освен вака за викенд..

    @Anie93 баш така, не разбираат дека не' има и ноќни птици за кои е 'нормално' да не спијат ноќе..

    Инаку ја имам способноста да спијам 4 часа, ама исто така и 14 часа :drunk:
     
    Последна измена: 15 ноември 2025 во 12:55
    На Mumoftwo30, quattro, ThePharmacist и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    13.931
    Пол:
    Женски
    Секој протест во оваа држава е организиран од партија, ако не застане партија зад протестот никој нема да искочи, и после протестите за Фросина од кога искочи татко и јавно или сестра и беше и им се измоча на сите што искочија на протест си реков никад веќе нема да одам на протест во Македонија макар цела држава да ја запали некој..
    Сега сдс се застанат зад протестите за настраданите во Кочани, само за да си вадат политички поени дека власта не прави ништо за нив, и така во круг..
     
  7. Oriental

    Oriental Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2023
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    1.077
    Знаете само што ми остана во мисли после подкастот меѓу Лазаров и Гоце Тодоровски?
    Гоце е олд тајмер, припадник на стариот свет.
    (За тие што имате гледано Blade Runner, Nexus 6 или 8 модел). 8-|
    Така да не ми е шокантно за негови години да има онакви ставови, ама моментот е што луѓево мислат дека денешните односи ако се стандардизирани по калап - пр. неверство по дифолт hard no no,
    се многу по автентични, коректни, долготрајни.
    Не се, баш напротив.
    Меѓу нашето време и тоа на Гоце има огромна разлика. Нивна генерација не пуштаа лесно, беа тука да се справат со последиците, коригираат, извинат, теоретски и практично.
    Не Гоце, ами другите, или бар повеќето.
    А, сега плачи пичка, се со краток фитиљ, одма она ,,пушти го/ја БЕ да си оди'' ако случајно се удри во сржта на егото и тоа демек било одлика на карактер, бре бре. (facepalm)
    Нема попустливост, компромис, поправање за да се зацврсти односот после криза ... се е некако борба на лична суета. (n)
    Иако за млади луѓе заедно, најбитно е да се слушаат и угодуваат еден на друг, а преку тоа растат и бидат среќни.
    Ама денес се е базирано на она ,,мене да ми е удобно, а партнерот нека трпи" и тажно е што е така.
    Фалат вредности ко взаемен реципроцитет на грижа, прошка, и затоа живееме баш у вакво време - невреме на несреќни љубови.
     
    Последна измена: 15 ноември 2025 во 13:58
    На Mrs. right и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. revolut

    revolut Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2025
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    218
    Пол:
    Женски
    Не верувам дека е до времето, до карактерот е.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.