Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    29.684
    Пол:
    Женски
    Ни буква неам прочитано од весник :rofl::rofl:. Буквално.
    Секој ден ми носат тука весници, ама си ги собирам за чистење прозорци. 8)
     
  2. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    23.630
    Пол:
    Машки
    Ти си милениал ко мене седи не се понашај ко бумер.
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.336
    Допаѓања:
    197.826
    Еднаш имам работено една таква интересна работа, прва утринска задача ти е да ги прочиташ сите весници. Тогаш разбрав зошто бело се облекува само на свадба:D

    Е прозори како се чистат со весник никогаш не разбрав.
     
    На Трагедијаупмм и Adidas888 им се допаѓа ова.
  4. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.665
    Допаѓања:
    23.630
    Пол:
    Машки
    Државава конкретно мојов град значи чиста мизерија.

    Денеска уапсија уште еден човек што работел во финансии во државната болница и присвоил околу 15 милиони денари.

    Украсувањето на градот секоја година се помизерно.. А колку идеи имам да го украсат, да направат некое импровизирано пазарче на сред плоштад тоа би било одлично... загрев ламбички користат од пред 10 тина година колку да се рече нешто..


    Мизерија, се надевам со овие работи ќе заклучиме 2025...
     
    На Aleks.mar, Mumoftwo30, SummerGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Mrs. right

    Mrs. right Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    16.863
    Пол:
    Женски
    Аман бе, од ваши баби/дедовци или други постари лица не читавте?

    Ја у основно бев, петто - шесто одделение, весници секој ден купуваше дедо ми. Окако он и баба ми ќе го прочитаа, читав и ја, баш интересно беше, па и за политика и за разни други рубрики.

    Си имав една опсесија да сечам едни сликички од едно ко стрип, ама и од некои глумци, и си ги собирав. :inlove:
    Им го уништував весникот, ама за тоа не ме караа ич ^_^
    Дури и тој јакиот мирис на тазе весник искочен од печатница го обожавав :inlove:

    Времиња бе :(
     
    На LiquidLuna, Трагедијаупмм, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Veseli _cvetovi

    Veseli _cvetovi Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2025
    Пораки:
    204
    Допаѓања:
    516
    Пол:
    Женски
    Шо се замараш шо се докажуваш ем знаеш ем сакаш да дискутираш кој не знаат кој р пити гули и 1903 шѕп знсчо нсбтџибкс Ќе гледаат во интернет батали
     
  7. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    2.448
    Пол:
    Машки
    Јас не читав од весниците чекав да ги прочита дедо ми и да ми ги даде капи да си правам. :inlove:
    И си замислував дека сум молер. :angel:
     
    На Biljarkata, SummerGirl, Adidas888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    29.684
    Пол:
    Женски
    Е е е , баш тоа! И капи правев од нив :rofl:
    Значи се правев, само не ги читав :rofl:
     
    На Mr.Limonko, Biljarkata и SummerGirl им се допаѓа ова.
  9. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.159
    Допаѓања:
    25.836
    Инфлуенсери би лајк -
    "Протеините се најбитни и да бидете во калориски дефицит, то је то"
    Ај златна наведи што функции имаат протеините општо во телото (освен градење мускул хехе), што се влакна и од што се изградени. Исто така кажи ми барем 3 стероиди и што се стероиди. За витамини ич да не прашувам.
    Или
    "Ова ќе ви ги регулира хормоните"
    Кажи какви хормони имаме и наведи барем 3 со нивна функција.
    И кажи ми зашо мускулите не учествуваат во нормализирање на гликоза во крв?
    "Ова е за детокс, за исфрлање токсини"
    И тука на форумов пеесе пати сум прашала кои се тие токсини јеботе што се исфрлаат, одговори њама.

    И така ако не си тупел глава со работиве, здравствени совети јавно да даваш, уште да заработуваш од тоа не треба.
     
    На Aleks.mar, Angie1432, Mr.Limonko и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    2.448
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам конечно ми се оствари желбата да чувам дете. Ќе чуваме дете еден ден со дм.:inlove:
    После понеделник можам да дадвам совети за деца, без да ми речете "не смееш ти да даваш совети не си чувал дете". :devil:
    Искрено не ни знам што треба да правам со тоа дете. :worried:
    Добро е што уште не оди не можам да го изгубам.:rofl:
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.159
    Допаѓања:
    25.836
    Сори што се убацувам вака ама ова дм увек кај тебе го читам дечко ми, а не девојка ми:rofl:
     
    На Katie90, LiquidLuna, KiT и 8 други им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.605
    Допаѓања:
    180.389
    Пол:
    Женски
    Јас ко ќе се фиксирам на одредена тема, нема назад. Така да сакам да си продолжам за темата од вчера, минус мачки и кучиња.

    Релевантно:
    Често кога гледаме дека некој е во одреден тип врска, ние го гледаме то површното, то шо решаваат да ни го кажат. И често сами си земаме за право да дајме совет. Пример: „јас не би дозволила вака некој да ми погази границите“,„никако да не преговараш - ако не функционира стави ултиматум и замини“, „апсолутно не мора да ги објаснуваш своите граници на некој,едноставно мора да имаат разбирање“итн.Постои некакво охрабрување да се постави граница,ама граница во која нема објаснување,не кажваме зошто дојде до таа граница,не кажваме како се осеќаме и не оставаме простор за дискусија и туѓите чувства (и граници). Накратко,даваме ултиматум.И зошто сакам да зборам доминантно за романтични врски,за мене,ултиматум е огромно црвено знаменце и deal breaker зошто ми зборува дека тој партнер не можи да комуницира со мене и дека не можиме заедно да најдиме заеднички јазик.Да,има моменти за сериозни теми каде ултиматум постои,ама тие се исклучоци.Башка шо,ако партнер остани со мене под некаков услов,без да стигниме до заедничко решение шо функционира за двата - како ќе биди тој среќен во ситуација која за него е непријатна и никогаш нема да се промени?

    Тука е клучна комуникацијата.Зошто?Јас треба да сум способна да искомуницирам што сакам и каков проблем имам за да можи да видиме дали ќе најдиме решение кое одговара на двете страни (компромис)или е ситуација во која не можам да прифатам компромис па се оддалечувам - deal breaker. Пошто ако имам партнер кој е агресивен со мене - ставање ѕид измеѓу е разумното решение.И не мора да објаснам,се штитам себеси и својата безбедност.Ако имам колега кој постојано ме искористува да прај тој помалку работа од мене,и јас ставам строга граница меѓу нас - се заштитувам себеси од прегорување,од преработување и општо да бидам искористена.Има низа ситуации каде треба да поставиме ригидни граници и да не се помрднуваме од положбата во која сме.Но,во исто време,имаме блиски со кои доколку отворено комуницираме - ќе го решиме проблемот.Ама ние решаваме да ставиме ултиматум или строга граница без објаснување.Тогаш се ставаме себеси и само себеси во центарот,неопкружени од тие кои ни се блиски и носиме одлуки без да размислиме дека таа особа која ја сакаме - ќе ја повредиме со нашето однесување. И не само неа,често се повредуваме и себеси.Има решение за пак да продолжиме да бидиме среќни,ама одбираме да бегаме.Поставување ригидни граници во здрави врски - ги уништуваат тие врски.

    Кога тоа што се врши врз нас е насилно,агресивно,контролирачко,манипулирачко - ставање на строга граница ни дава чувство на ослободување,ни дава чувство дека победивме и оставивме dead weight во минатото. И сакам да вервам дека баш така знајме дека е точната одлука. Но,кога ставаме непроменливи и некомуницирани граници со блиска особа само зошто имаме одреден конфликт - ни дава чувство дека сме осамени и кнедла во грло. Поентата на овај дел е дека ако ситуацијата налага,здравото поставување на граници вклучува комуникација за потребите кои ги имаме ние,и слушање на потребите кои ги има партнерот.Конфликтите се дел од животот и интерперсоналните врски и учење како да ги решаваме и да поминуваме низ нив на здрав начин кој функционира за сите засегнати страни е клучно.

    Какви можи да бидат границите?

    За да можиме да видиме како точно да поставиме граници,мора да знајме какви граници има.Имаме слабо диференцирани или умрежени граници,здрави и ригидни. И овие претставуваат спектар од врска која нема граници и има поголем ризик за злоупотреба до врска која не е флексибилна и има недостаток на тоа што е клучно - комуникација.Исто би рекла дека е важно да се спомни тука дека пред да ставиме граница,прво сме имале барање.За да дојди до поставување на граница значи дека тоа барање не е слушнато.И то е доста карактеристично за токсични врски,ние имаме барање,но тие барања се сметаат за невалидни.

    Од кога го дефиниравме ова,одиме кон поважното, кој е здравиот начин на поставување граници?

    My avoidant ass, или како шо реков во претходниот текст - црната мачка во мене,има проблем со поставување здрави граници и почесто паѓа под категоријата на луѓе кои горат мостови.Така да заедно ќе повториме/научиме како се поставуваат граници кога тој пред нас „не знае“подобро.Повторно,при екстремни ситуации (пр.Насилство) строги граници и оддалечување е единственото точно решение.

    Како и шо спомнав погоре,здрави врски не значи дека се врски без конфликти или врски без несогласувања. Не е возможно да сме 100% согласни со некој цело време. Клучното во здрава врска е то дека при конфликт ние пак кон другата страна пристапуваме со почит и љубов.Ако мене ми е грижа за тебе и твоите потреби ќе сакам да најдам решение кое ќе ги задоволи тие потреби,исто како шо ти,ако се грижиш за мене и моите потреби ќе се трудиш да најдиш решение кое ќе ги задоволи тие потреби. Некогаш и не можиме веднаш да најдиме решение,ама се гледа трудот и почитта и се земаат во обзир при градењето врски.Затоа и постои (искрено)извинување и прифаќање на грешките.Да прифатиш дека згреши не е слабост,туку е доблест.

    Пред да почниме,важно нешто кое треба да го знајме за себе е - што ние бараме од та врска?Не можи некој да ги задоволи моите потреби,ако јас не сум свесна кои се моите потреби.Прашувај се работи како:„Кои однесувања ми сметат?“, „Какви особини сакам во врска?“, „Какви квалитети ценам во другите“итн.Потоа е важно да видиме како се чувстуваме со партнерот (велам партнер,ама ова е за сите интерперсонални врски точно), дали не прај среќен,дали ни е непријатно и зошто.Дали можеби направи некој мајтап кој едноставно ме „промарши“и напрај да се чувстуваме непријатно и непочитувано?Дали можеби напрај да се чувстувам небезбедно зошто подвикна?Дали се чувстувам како да мора да направам нешто за да сум интересна и вредна?Дали сум можеби престимулирана од барањата кои ги бара?

    И се почнува со разговор за нашите граници.Добро би било доколку имаме добар тајминг (пример,двете страни да се релаксирани,а не да сме во активен конфликт); биди припремена (во моментот можи да си нервозен и е од корист доколку си запишиш поенти кои сакаш да ги направиш); исто како шо спомнав и во претходниот текст - користи „јас“реченици за да нагласиш како се чувстуваш; биди јасна во барањето за да не остани простор за недоразбирање; и биди отворен кон фидбек,шо ме носи до наредните точки:

    1. Многу е од корист доколку поставуваме барање и граница,да сме способни да објасниме зошто ни е важно тоа.Не сите мислиме исто и не можиме да очекуваме дека сите сме исти.Сакам да сум способна да дам closure на партнерот и објаснување.Ако партнерот не знај дека јас се чувствувам на одреден начин,конфликтот ќе се продлабочува.А,ситуацијата седи дека јас чекам промена,додека партнерот не знај дека треба да има промена.И затоа кога ставаме граница,убаво е да се објасни зошто ја бараме таа граница,дали е дискутирана претходно или не,кои моменти биле кои не навеле дека ситуацијава е непријатна за мене и сакам промена.И најважно,дај до знаење дали ја поставуваш оваа граница зошто потребите не ти се задоволени или зошто едноставно си престимулирана,уморна?Објаснувањето не значи дека бараш оправдување зошто поставуваш граница.Ни пак значи дека мора да докажиш дека ти треба таа граница.Едноставно даваш објаснување за другата страна да има фидбек на ситуацијата и да можи да ја свари.
    2. Исто многу од корист би било ако оставиме простор за емоциите на партнерот.Нормално е партнерот да е тажен,повреден или разочаран од таа граница и да му дај некаква несигурност со тоа каде седиме.Но,зошто зборуваме за здрави врски,ние не треба да сме отсечни туку да му кажиме на партнерот дека е безбеден со нас,дека таа граница е за „добро“и дека го гледаме,и сме спремни да ги валидизираме емоциите кои ги има во моментот.Ова не значи дека ние ја менваме границата,туку дека едноставно влидизираме дека оваа граница има влијание на нашиот партнер.
    3. И најважното тука е компромисот.Има одредени ситуации кога ако некој постави услови и строга граница е game over и нема напред.Зошто ако се продолжи напред едната страна добива се,а другата губи се.И таа страна која губи се евентуално ќе стани доволно фрустрирана.И тука иди до компормис.Некогаш едноставно мора да се најдиме во средина.
    И тука размислував дали да зборам и за токсични врски и ригидни граници.Се решив за „да“ зошто многу сакав да коментирам одреден случај.Односно,ликнатите пораки на Џона Хил како водилка на то шо има да се кажи за „како не треба“.

    Има причини зошто ни е тешко да поставуваме здрави граници:
    • Желба за контрола - некои луѓе едноставно користат граници за да манипулираат други.И тука е уствари делот кој го спомнав со Џона Хил,кој прати листа на барања до партнерката и како та да се промени за да ги почитува неговите граници и неговото ментално здравје.И многу беа на негова страна пошто листата вклучуваше „да нема слики во бикини на Инстаграм“и „да не оди на сурфање со мажи“ и се поврзуваше со реторики за „лесни“и „достапни“жени и како не е „за брак“. Ама зошто е уствари проблематично?Самиот факт дека Сара Брејди пред да биди со него имаше слики со бикини,и е инструктор по сурфање и то вклучува и учење на мажи да сурфаат.Кога влегваме во врска веќе знајме некои работи за тој човек.И ние ги прифаќаме ако сметаме дека тој е тој за нас.Ако ни се допадни само физички и сметаме дека можиме да ги „попрајме“работите кои едноставно не ни се допаѓаат - тоа е веќе желба за контрола и моделирање на партнер без да се земи во обзир неговиот карактер.
    • Страв од одбивање - ни е страв дека партнерот ќе замини од нас ако се побуниме и си дозволваме да бидиме во некој од екстремите - умрежени или ригидни,зависно како тој партнер се врзува за нас.
    • Немање искуство со поставување на граници - како растиме во семејството ние учиме да поставуваме граници,или не учиме да поставуваме граници.Некои семејства се умрежени,некои се многу дистанцирани.И ние тој стил на ставање граници си го носиме со себе и во возрасните години и во возрасните врски кои ги градиме.
    • Личност која се согласува со се - или т.н. ''people pleaser'' гради умрежени врски каде дозволва да биди искористен за било што,дури и на сметка да прај активноста да ни е непријатно,само за да ја задоволи другата страна.И ова е тесно поврзано со „ниска самодоверба“каде личноста смета дека неговите потреби не вреди да бидат кажани.
    И многу зборуваме за тоа како ние поставуваме граници.Но,што кога нас ни поставуваат граница?

    Кога некој ти поставува граница,можи да не е најпријатното чувство.Често можи да се осети срам или фрустрација.Можеби ќе забележиш некои негативни емоции како се јавуваат и како осеќаш потреба да се одбраниш и да станиш дефанзивен.Тука е важно да имаш едно нешто на ум,а тоа е дека иако личи како живот или смрт ситуација,ти не губиш ништо.Туку добиваш знаење за човек кој ти е важен и инструкции како да го правиш да се чувстува безбедно и среќно.

    Дај си време да дишиш и да слушаш и прифати дека човекот кој ја поставува границата најдобро знај што е најдобро за него.Секој знај шо е најдобро за себе.И е многу важно да се потсетиш дека сите сме различни луѓе,и различно процесираме емоции и ситуации.Не можи да претпоставиме дека ако нешто функционира за мене,дека ќе функционира и за партнерот.И зато слушаме,слушаме шо функционира за партнерот.И учиме. Доколку е потребно - и извини се.

    [​IMG]
     
    На Angie1432, eliesaab и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  13. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    42.883
    Пол:
    Женски
    Темава ми е мојатa Roman Empire.... :D не можам да не прокоментирам.

    Амаа, стварно е загрижувачко колку многу луѓе делат здравствени совети на тикток и инстаграм и колку многу луѓе ги следат само зашто користат buzzwords кои се лесна мамка за многу прегледи. Токсини, хормони, детокс како што рече, а имам приметено дека многу сакаат и квантно да користат и да комбинираат манифестација во целава каша.
    Буквално киропрактичари и некакви измислени професии(сори, life coaches) се претставуваат како доктори на социјални мрежи и без никаква одговорност делат толку сигурно медицински совети.
    Баш читав дека индустријата за суплементи е дупло повеќе профитабилна од фармацевтската, нешто за кое верувам дека голем удел имаат овие ликови. После тоа вакцините се отровни, ама некоја смеса што ти ја продава астролог на инстаграм е тоа што ќе ти помогне да оздравеш од :*:нерегулиран нервен систем:*:(ова ми е омилена нивна дијагноза).
     
    На Annath, sino.o.oka, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    21.336
    Допаѓања:
    197.826
    Озбилно ова?
    upload_2025-12-13_11-39-39.png
     
    На KiT, Mumoftwo30 и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  15. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    12.191
    Последна измена: 13 декември 2025 во 11:58
    На Ugly Duckling, christinnn, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.159
    Допаѓања:
    25.836
    За суплементи сум поделена.
    Витамини, електролити и пробиотици земам и јас по потреба оти инаку нема да функционирам понекогаш, сум кажувала што проблеми си имам, а од доктори добив одговор само дека е нормално.:D
    Или за "лесни" проблеми као ПМС, мускулни болки, настинки итн, ако сакаш да пробаш дали ќе ти помогне, океј.
    Али па кога ќе бидам ѓавол ипол скапи витамини, тоа еден пролив да те фати ќе банкротираш за да се опоравиш, е јасно ми е дека и тоа е за профит, нажалост.

    Него дали луѓе знаат низ што треба да пројде некој за да може да биде нутриционист? Газ да изгради не:D
     
    На theowndemon и Angie1432 им се допаѓа ова.
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    2.448
    Пол:
    Машки
    А што забрането е дечко да имам?:makeup::rofl:
    Од сега без кратенки ќе пишувам. :rofl:
     
    На Gosh, Biljarkata и Munchmallow20 им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    42.883
    Пол:
    Женски
    Да, земам и јас некои суплеементи што реално не ги добивам доволно, ко вит. Д или додатоци магнезиум зашто ми помагаат после тренинзи и тоа е сосема нормално, да пиеш според потребите. Но фрлање илјадници денари за 15 видови суплементи е само фрлање пари во wc шоља. Никому не му требаат енормни количини мултивитамини за да преживее настинка или да го истурка денот.
     
    На Amellie13, Munchmallow20 и theowndemon им се допаѓа ова.
  19. Tomasa

    Tomasa Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2023
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Вчера водев разговор со еден маж кој има од 40-50 години.
    Си правивме предтоа општо муабет за животот и наеднаш ми вели немој да ме сфатиш погрешно но ете имаш 26 години треба да почнеш сериозно да размислуваш за животот, за врска, брак, деца, годините си летаат. Покасно за бременост е тешко а и ризично.. итн.
    Знам дека добронамерно ми го кажува тоа бидејќи се знаееме, комшија ми е.
    И јас му велам, као те разбирам и јас го сакам сето тоа нормално.
    Но како некому да објасниш колку е тешко во оваа денешница да најдеш некој нормален.
    А и плус ете што ако имам 26 години, кога моментално не ми е ни до маж, ни до врска..
    Имав 7 годишна врска која завраши неубаво, и иако од тогаш поминаа 2 години јас не сум спремна пак да се впуштам во нешто такво..
     
    На christinnn, Amellie13, Трагедијаупмм и 4 други им се допаѓа ова.
  20. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    12.191
    Јас на најдобра другарка која беше сингл 8 години овакви добронамерни совети не ѝ давав, дека треба да најде маж и да роди пошто биолошкиот часовник ѝ лета, не па на комшии. А и сите овакви ,,совети" започнуваат со - да не ме сфатиш погрешно ама (ова и ова треба да направиш, за твое добро, пошто ептен си ми драг/а)... Фала за советот али ај бркај работа ти Богу на добродушноста. Мене таксист ми даваше овакви добронамерни совети откако убаво ме испраша за години, брачен статус, предци, педигре и слично.

    Гледаш ли како сељакот комшија, ради добронамерниот совет те натерал да размислуваш, ти создал притисок, да го напишеш ова на форум, да имаш потреба да се ,,правдаш" и преиспитуваш зошто си сингл. Е па такви коментарчиња, не маваат во психа колку и да глумиме рамнодушност. Избегнувај го комшијата и луѓе кои ти даваат такви совети. А и 26 години си побогу, што му е на тој.
     
    На Panda00, Srckata28, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.