Ни буква неам прочитано од весник . Буквално. Секој ден ми носат тука весници, ама си ги собирам за чистење прозорци.
Сакам да кажам и да прашам блиски роднини ,преблиски.. чекате за именден да ве поканат или одите не поканети? мене ми е логично да поканат реално...
Еднаш имам работено една таква интересна работа, прва утринска задача ти е да ги прочиташ сите весници. Тогаш разбрав зошто бело се облекува само на свадба Е прозори како се чистат со весник никогаш не разбрав.
На татко ми му доаѓаа до пред Ковид пандемијата. Никогаш не каневме никого. Последниве пет години, џабе смремаме, јас давам идеја да се поканат истиве луѓе, мајка ми вели дека за име не се канело. Си јадеме сами, 3 дена гозба, јашааа. Значи според бумерскиот закон, не се канело за име, сами треба да ти се тупат.
Државава конкретно мојов град значи чиста мизерија. Денеска уапсија уште еден човек што работел во финансии во државната болница и присвоил околу 15 милиони денари. Украсувањето на градот секоја година се помизерно.. А колку идеи имам да го украсат, да направат некое импровизирано пазарче на сред плоштад тоа би било одлично... загрев ламбички користат од пред 10 тина година колку да се рече нешто.. Мизерија, се надевам со овие работи ќе заклучиме 2025...
Јас од она што сум сфатила досега, за именден се кани, а за слава не (тогаш можи кој сака да помини, не само блиски). Е сега, можеби зависи од крај до крај, секаде имаме различни обичаи.
И јас вака знам и леле исто. Се осеќам како имендениве да ми се "празни" за разлика од пред корона. Ко џабе да се спрема, а не можиш да спремиш помалку оти не знајш која година некој ќе реши да се врати зошто не каниш. За именден секогаш сите иделе непоканети и е визитарски наредено (помини-замини). За слава каниме и не канат одредени луѓе на ручек или вечера и се истите секоја година зошто се дава оброк. Иако по некоја логика на слава кој можи оди, ама ако јас не кажам и не поканам - никој нема да знај за да дојди сам (сем ако е селска слава), за разлика од именден шо ептен името е сам индикатор. За селска слава баба ми спремаше колку за три села да нагости и два дена ручек и вечера даваше за кој и да дојди. Ама за куќната слава не канеше истите гости секоја година. Така да не знам дали и ова игра улога или едноставно зависи од крај до крај.
После пандемијата очигледно се променило секаде. Јас знам дека ниту за именден ниту за слава се кани, и така сме правеле и така правеле луѓето за кај нас. Јас си мислев дека само ние сме останале со 0 гости.
Храна за три светови. До 9 чекам последниве години како тажно кутре до масата, откако ќе добијам одобрение, јадам сѐ освен пачата(пача се служела тој ден, можда затоа и не идат). За слава се кани и кај нас обично, ваљда у секој крај е различно.
Не е до пачата, еве ние не прајме и пак нема луѓе. Јас следен именден примам терапија и мачно ми е тегнење Ск-Бт во ист ден и ќе останам Ск. Не е ко да ќе пропуштам некој гостин. Сигурно пак само комшиите и куц туц некој роднина шо е слободен ќе дојдат.
Олеснете си го животот и себеси и на другите, јавете се по телефон дека ќе им дојдете на слава, именден, гости, што и да е. Селска слава, градска, ваква, онаква...
Аман бе, од ваши баби/дедовци или други постари лица не читавте? Ја у основно бев, петто - шесто одделение, весници секој ден купуваше дедо ми. Окако он и баба ми ќе го прочитаа, читав и ја, баш интересно беше, па и за политика и за разни други рубрики. Си имав една опсесија да сечам едни сликички од едно ко стрип, ама и од некои глумци, и си ги собирав. Им го уништував весникот, ама за тоа не ме караа ич Дури и тој јакиот мирис на тазе весник искочен од печатница го обожавав Времиња бе
Јас не ни прашувам дали сакаат гости. Ако не се јават, не одам. Не знам како некои сами се канат за слави
Шо се замараш шо се докажуваш ем знаеш ем сакаш да дискутираш кој не знаат кој р пити гули и 1903 шѕп знсчо нсбтџибкс Ќе гледаат во интернет батали
Јас не читав од весниците чекав да ги прочита дедо ми и да ми ги даде капи да си правам. И си замислував дека сум молер.