Епа дечки, 2 недели ве частев со мое редовно присуство и често спамување на форумов, сега ми заврши распустот и повторно морам да сум роб на западњачка работна култура. Ама убаво беше, се осетив ко пак да го открив форумот. Дури еднаш пишав во Форумски игри, толку слободно време имав. Кисссс
Јас незнам шо не ви е јасно, или шо е проблемот со другите кафичи, јас како шо памтам кога живеев во Гевгелија, имаше преден дел од кафичот полуотворен за пушачите и внатре затворениот дел беше за непушачите. Секогаш пушевме во делот за пушачи, внатре не биваше, и ова е пред повеќе од 5г. А тоа ако газдите на кафичите не сакаат да го опремат како шо треба, тогаш нивен проблем.
Напоменав претходно дека во тие места каде што е забрането да се пуши, а се пуши и јас поддржувам да се испоказнат. Како што јас почитувам закон да седам на место каде што е полуотворено и да седам и да пушам, така треба сите да почитуваат. Ако си непушач сигурно свесно нема да седиш во простор каде што се пуши опколен со цигари. Ќе си седиш на место каде што не се пуши и никој нема да ти пречи.
Сегде се пуши во мојот град и имам дискутирано со тие главните што ги држат кафичите, вика ами брат ако не се пушачите нема да имам гости ич... ај сега ќе го видам откако ќе се спроведи законот.
Фактот шо непушачкиот и пушачкиот дел не се физички одделени туку се еден простор одделен со една лајсна на земја колку да се знај кои маси се во пушачки дел, кој во непушачки. Воздухот е ист, зошто нема физичка бариера измеѓу. И ова не е еден ваков, па да е фалинка и не зборам ко ќе е лето и сегде се е отворено посекако. Сите се такви со ептен ретки исклучоци. Неопходен е построг закон за ваквите „дупки“ да се пополнат зошто непушачи на овај начин не можат да изберат да не пушат, дури и ако ја избрале непушачката маса.
Не им е. Ај на форумов барем се наоѓа разумен човек, читаш на Фејсбук коментари какво беснило ги има фатено? Ништо не е важно, само нивната нездрава зависност.
Во Гевгелија, Кавадарци има посебен дел за пушачи и навистина е затворен и посебен дел за непушачи. Не се осеќа миризбата поради тоа што голем број од нив се граничат со стаклени големи прозори. Ако седнеш ти во непушачки дел и запалиш цигара веднаш ти кажуваат да си се преместиш во пушачкиот дел или да излезеш надвор. Инаку за ова сега за законот, веќе почнаа угостителите да се бунат дека многу им е паднана работата. Уште пред овие закони да се донесат сега во Гевгелија беше распоредено така, пушачки и непушачки дел, сега пишува со законот дека и во пушачките делови ќе биде забрането да се пуши.
Подолго сум издржувала без мочање, храна и вода (2-3 саати ЗАМИСЛИ) него овие што можат без цигари. Мајке ми, стварно не ви е арно Пушење не е физиолошка потреба, не е неопходна терапија/лек за здравствена состојба, па не гледам зашто некој да ви обезбедува простории.
Кај нас не е така како што пишуваш. Една просторија е, поделена на 2 со лајсна, воздухот е тој. Кога го објавија ова, кога им падна прометот. Да видам да не верувам
Оперисани сме од осет како колектив одамна. Сега е она "шо ме боли кур негов проблем" мајндсет, знаеш. Наместо да имаш чувство и за туѓ дискомфорт. Ама нема да ти е гајле дур не те бапне на твој грб. Иначе да. Пушач/коцкар-имаат иста завист. Едниве само не се социјално прифатени до толку. Ама еднакво неподносливи според себична потреба. Не сите, секако има исклучоци.
Епа добро е чим го изгласаа законов тогаш. Во гвг ко шо памтам, овие делови беа заградени/одделени со стакла, џамови. И треба да им се удри по џебовите на таквите газди, шо не сакаат да го опремат кафичот ко шо треба, дали за пушачи или непушачи, дали за противпожарни курци палци....
Кажавме претходно. Нема во секој кафич добра поделба на непушачки и пушачки дел. И нема почит. Пушачите си палат и ваму и таму и не добиваат опомена. А, непушачите имаат и пушачи во друштвото и семејството и не е можно секогаш да ги избегнат или да седат посебно. Кога веќе е докажано каква и колкава штета прават цигарите, разумен човек треба да ги остави цигарите и да не загрозува ни свој, ни туѓ живот. Ама, кај вас пушачите ретко кој е разумен.
Благодарам на комплиментот, не би требало да мислиш за нас пушачите толку. Си знаеме ние доволно, секој за себе си одговара нели. На крајот од денот, излегувај и седи на места каде што не се пуши, не барај столче каде што седат пишачите и прават дим.