Не е логично да биде добра комбинација, дека и двете имаат рогови, а не смртоносна? Одсекогаш мислев дека овен, јарец и бик скоро па исти се , дека се животни и имаат рогови.
Не знам дали само јас поубаво се осеќам кога комуницирам со луѓе од форумов, отколку со луѓе од реалноста,......толку злобни луѓе , толку себични, дволични, користољубци еден куп, луѓе материјалисти, алчни за пари, околината е карастрофална околу мене луѓе, крајно апсурдно, не постојат пријатели, ниту пак вистински вредности, а среќа на тие што ги имаат....
Не верувам во хороскоп од мал го сметам за неточен. На погрешни основи се базира. Секогаш кога некоја ќе ми спомне хороскоп сум потретпазлив со неа. Имам лоши искуства со верувачи во хороскоп.
И јас не верувам во хороскоп во оној дел со судбините, а во карактерот често се поклопува да е навистина така. Инаку јас сум девица со подзнак рак, а девојка ми е рак со подзнак девица.
Како функционирате вака исти? Може па не сте исти Многу предрасуди се има околу хороскопот. Ми се деси да штом го кажам знакот да ми речат: Ааа не се слагам ја со овните Или за една друга истата рече дека не ја сака пошо е овен.. Ок, боли ме курац ако не се слагаш, уште поарно. Не ме сакаш, не те сакам
Не зборувајте глупости за јарците, најдобар и најпринципиелен знак! Вие што не можете да се разберете со јарец веројатно до вас е, не си држите на збор.
Јас почнав да верувам уште во основно кога ни ги даваа тие списанијата,не знам како се викаа, и во хороскопот ми пишуваше дека ќе одговарам по предметот историја, и вистина наставникот по историја ме скорна да одговарам наредниот ден знам дека е коинциденција, ама ете. Исто скоро имав нешто што ми погоди хороскопот, не се сеќавам точно што беше, ама се сеќавам дека ми предвиди. Иначе и јас сум јарец ама декемвриски. И не знам што разлика имаме со јануарските. Мислам јарец е јарец
Не сме многу исти, може малку ама и доста сме различни. Нема врска до толку знакот за одма со некој да не се слагаш. Не можеш да процениш некој каков е на основа на знак од хороскоп, тоа е малку претерано користење на хороскоп. Подобро е за тебе што не те сакаат таквите, полошо од било кој знак е опседнатоста со хороскоп.
Еве, јас не верувам во хороскоп. Не ми ни погодуваат многу. Само отварам чат пат и зборам со некој колку за забава. Ама, ако веќе тргам по ова да се ориентирам, најлошо искуство сум имала со јарци. Од сите јарци што ги знам, само 5ца се ок луѓе.