Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.479
    Допаѓања:
    6.012
    Во склоп на муабетот погоре, уште пред година или нешто така, прочитав дека најновите истражувања се дека и жените биле ловци: впрочем, нивната анатомија дури била и подобра/посоодветна за тоа. Причината зошто се сметало дека само мажите биле ловци било заради тоа што при ископ на женски гробишта, кога имало алати закопани со жената, се претпоставувало дека тоа се алатите на маж ѝ, или дека церемонијално биле закопани со неа :D. Men diminishing women's contributions since the dawn of time :D:D:D.

    Нејсе, генерално се согласувам дека со оспособувањето на жените, многу мажи знаат да го злоупотребат тоа, и ако во класично патријархално семејство мажот во најмала рака барем од срам пред други ќе прави „машки“ работи, во денешно модерно семејство не чувствува потреба да го прави дури ни тоа. Ама не може жените да се кочат себеси да станат поспособни оти со тоа мажите ќе станеле понеспособни. Не може друг да ми е виновен пошто јас сум станала мрза :D. Ако некој е таков, тогаш не го бива, очигледно нема доволно самосвест за да не прави така, т.е. тоа е негов недостаток, не на жената.
     
    На DragonFly22, Nausicaa, sino.o.oka и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.116
    Допаѓања:
    31.835
    Пол:
    Женски
    Ако жената треба да се покори на мажот за он да се осети како маж, глава на фамилијата, тогаш он неможе да биде лидер по природа, нели :D.
     
    На DragonFly22, Nausicaa, Gosh и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Машки
    Ако ја гледаме природата жената има подобри лидерски способност од мажот.

    Секаде кај животните кај што се лидери женките многу подобро опстојуваат, затоа што кај што се главни женките тие се базираат повеќе на сојуз и задничко гласање или е лидер најстарата и најпаметната женка, кај што е главен мажјакот фокусот е на тоа кој е најсилен и се трудат секој мажјак да доминира над сите и често сами себе се истребуваат.

    Системите кај што мажјакот е главен се покажуваат подобри само ако често се напаѓани од други животи, па е потребно заштита.
    Нас луѓето никое друго животно не не напаѓа, така што сигурно подобро би функционирале жените ако се лидери.

    Пример ќе дадам со лавот, се смета за крал на животните, ама лавицата е таа што одлучува кога и каде ќе се лови и кога е време за преселба и ловот го водат лавиците, лавот дури и ретко учествува во лов. Лавот служи за да ја штити глутницата од друг лав или хиени, затоа што е многу посилен. Ама дури и тоа што има многу поголема сила од лавиците, сепак ако претставува закан за глутицата и се однесува грубо кон малите, лавиците го бркаат.

    Секаде па и во нашата природа ние мажите сакаме да доминираме не само над жените туку над сите, секој маж сака да е подобар од другиот и се фокусираме повеќе на борба и доминација отколку на донесување правилна одлука.
     
    На ThrinaMist, FlirtBerry, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Curious cat

    Curious cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2023
    Пораки:
    885
    Допаѓања:
    3.185
    Биолошки, мозокот на жената има подобри лидерски карактеристики, но исто така има повеќе емпатија и желба за групирање на луѓето.

    Другиот пол го нема ова, има спротивни себични начини и желби за доминација, затоа се качуваат во корпоративниот свет. Без лидерски карактеристики, ама со себичност да земе све за себе. Има разлика.
     
    На Adidas888, Gosh, eliesaab и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.528
    Пол:
    Женски
    А сакаш да кажеш дека у принцип не треба мажот да се грижи за децата?

    Аман, освен доење шо трае до кај година ипол, другото можат двајцата.

    Имав еднаш ситуација, детенце пациент со татко дојдени и да им земам податоци, го прашувам таткото датум на раѓање на детето....абер немаше кутриот. Столб на фамилијата my ass.
     
    Последна измена: 24 јануари 2026
    На LiquidLuna, Gosh, eliesaab и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Машки
    Освен да го роди не може*.
    Може млеко од цуцла да му даде.
     
    Последна измена: 24 јануари 2026
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.578
    Допаѓања:
    55.601
    Пол:
    Женски
    Ретко се советувам со ChatGpt, ама нешто ми беше досадно и го прашав која држава ја сака повеќе, онака општо, дали Македонија или Бугарија, ми одговори дека и двете држави му значат исто, дека не прави делби по никаков основ, ама првично почна да ми пишува на бугарски, па го подбрав малку и ми се извини:D
    Чувствата додатно ми ги скрши кога го прашав што мисли чии наследници сме, на Александар Македонски или на Старите Словени, ми одговори дека немаме никаква генетска поврзаност со Александар. Тука сакав јако да го опцујам, ама се воздржав:tmi:
     
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.205
    Допаѓања:
    83.418
    Пол:
    Женски
    Медиумиве треба да намалат со објавување црна хроника од соседни држави, од Балкан, од Европа, од светов. Не да намалат, воопшто да не објавуваат. Доволна ни е нашава црна хроника, нè трујат и со поширок регион и само со тоа сме опкружени. Од сабајле до вечер само читаме и слушаме кој кого убил, нападнал, загинал итн. Со што нè хранат и што ни ставаат во мозок, толку им вредат кликови на таква содржина?
     
    На christinnn, M&M, Billy Idol и 8 други им се допаѓа ова.
  9. AlmaOculta

    AlmaOculta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2026
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    Јас започнав да ги тргам. Забележав премногу дека почнаа да ми влијаат, по цели денови зборував само за тоа што имам прочитано, мислев, се сочувствував. На крај, сфатив дека треба да ги тргам сите црни хроники.
     
    На Billy Idol, pinklipstick и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    17.420
    Епа тоа сакам да кажам. Далеку се тие таквите модерни "мажи" денес од "глава" на фамилијата кога сè поголем терет денес паѓа на жената. Во денешно време се сè понежни и понеспособни.
     
    На KiT му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.528
    Пол:
    Женски
    Епа те прашав, според тебе што треба да прави мажот, што жената?
    Пошто стварно не разбирам како изгледа за тебе идеалниот маж.
     
  12. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    17.420
    Мажот да не ги користи придобивките од феминизмот и се поголемата вклученост на жената во сите сфери во негова корист, само како негово растеретување од обврските додека жената жонглира помеѓу работа, домаќинство и деца.
     
  13. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.528
    Пол:
    Женски
    Значи мажот само да работи, а дома да не се грижи за децата?
    А жената само се грижи за децата и не работи?

    Пошто у патријархална фамилија така е:)

    И ако муж ти ти го отежнува животот - лошо си се омажила, не е до феминизмот.
     
  14. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.435
    Допаѓања:
    17.420
    ОК не се сфаќаме очигледно. Продужи даље и престани да ме цитираш.
     
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.528
    Пол:
    Женски
    Ја само ќе си го цитирам ова, чисто потсетување вашите ќерки што ќе трпеа да не беше феминизмот.
    Барем секој здраворазумен родител сака детето да му расте во праведен и фер свет.
     
    На AlmaOculta и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  16. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    5.001
    Допаѓања:
    24.804
    Пол:
    Женски
    Па, во право е за тоа последното, немаме врска со Александар Македонски. :)
     
    На FriendOfDorothy, pinklipstick и Adidas888 им се допаѓа ова.
  17. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.116
    Допаѓања:
    31.835
    Пол:
    Женски
    Убаво кажа она, само не ја разбра ти.
    Со феминизмот, жените се повеќе вклучени во сите сфери, работа, деца, дом, сметки....
    Порано, мажот одел на работа а жената дома, ама денес и жената оди на работа и плус и за сметки и за домот се грижи, а тоа денешните мажи го користат во своја полза. Ем си одат само на работа ем сметките платени по пола, а останатото исто си останува на жената.
    Епа не бива така.
    Мора и они да се вклучат исто во сите сфери како и жената, ако сакаат да не си останат стари ергени довека.
     
    На AlmaOculta, bertold, Eunoia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.315
    Допаѓања:
    27.528
    Пол:
    Женски
    Епа нека се мажат со поспособни мажи. Не е до феминизмот, не знам на кој јазик да ви се каже тоа.
     
    На Mr.Limonko му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    3.995
    Пол:
    Машки
    Ама ова се работи за кои и што се бори феминизмот, без феминизмот нема ништо од ова.. Не е виновен феминизмот.
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.116
    Допаѓања:
    31.835
    Пол:
    Женски
    Ех манчи, незнам дали знаеш ама ај да не речам 90 посто, туку 80 посто од машката мк популација ни е неспособна. Некои си се искрени дека се неспособни а некои и асвалтот ќе го изораат со четкичка за заби само за да ни направат лажна слика дека се способни.... не дај боже да сретнете таков....
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.