Во склоп на муабетот погоре, уште пред година или нешто така, прочитав дека најновите истражувања се дека и жените биле ловци: впрочем, нивната анатомија дури била и подобра/посоодветна за тоа. Причината зошто се сметало дека само мажите биле ловци било заради тоа што при ископ на женски гробишта, кога имало алати закопани со жената, се претпоставувало дека тоа се алатите на маж ѝ, или дека церемонијално биле закопани со неа . Men diminishing women's contributions since the dawn of time . Нејсе, генерално се согласувам дека со оспособувањето на жените, многу мажи знаат да го злоупотребат тоа, и ако во класично патријархално семејство мажот во најмала рака барем од срам пред други ќе прави „машки“ работи, во денешно модерно семејство не чувствува потреба да го прави дури ни тоа. Ама не може жените да се кочат себеси да станат поспособни оти со тоа мажите ќе станеле понеспособни. Не може друг да ми е виновен пошто јас сум станала мрза . Ако некој е таков, тогаш не го бива, очигледно нема доволно самосвест за да не прави така, т.е. тоа е негов недостаток, не на жената.
Ако жената треба да се покори на мажот за он да се осети како маж, глава на фамилијата, тогаш он неможе да биде лидер по природа, нели .
Ако ја гледаме природата жената има подобри лидерски способност од мажот. Секаде кај животните кај што се лидери женките многу подобро опстојуваат, затоа што кај што се главни женките тие се базираат повеќе на сојуз и задничко гласање или е лидер најстарата и најпаметната женка, кај што е главен мажјакот фокусот е на тоа кој е најсилен и се трудат секој мажјак да доминира над сите и често сами себе се истребуваат. Системите кај што мажјакот е главен се покажуваат подобри само ако често се напаѓани од други животи, па е потребно заштита. Нас луѓето никое друго животно не не напаѓа, така што сигурно подобро би функционирале жените ако се лидери. Пример ќе дадам со лавот, се смета за крал на животните, ама лавицата е таа што одлучува кога и каде ќе се лови и кога е време за преселба и ловот го водат лавиците, лавот дури и ретко учествува во лов. Лавот служи за да ја штити глутницата од друг лав или хиени, затоа што е многу посилен. Ама дури и тоа што има многу поголема сила од лавиците, сепак ако претставува закан за глутицата и се однесува грубо кон малите, лавиците го бркаат. Секаде па и во нашата природа ние мажите сакаме да доминираме не само над жените туку над сите, секој маж сака да е подобар од другиот и се фокусираме повеќе на борба и доминација отколку на донесување правилна одлука.
Биолошки, мозокот на жената има подобри лидерски карактеристики, но исто така има повеќе емпатија и желба за групирање на луѓето. Другиот пол го нема ова, има спротивни себични начини и желби за доминација, затоа се качуваат во корпоративниот свет. Без лидерски карактеристики, ама со себичност да земе све за себе. Има разлика.
А сакаш да кажеш дека у принцип не треба мажот да се грижи за децата? Аман, освен доење шо трае до кај година ипол, другото можат двајцата. Имав еднаш ситуација, детенце пациент со татко дојдени и да им земам податоци, го прашувам таткото датум на раѓање на детето....абер немаше кутриот. Столб на фамилијата my ass.
Ретко се советувам со ChatGpt, ама нешто ми беше досадно и го прашав која држава ја сака повеќе, онака општо, дали Македонија или Бугарија, ми одговори дека и двете држави му значат исто, дека не прави делби по никаков основ, ама првично почна да ми пишува на бугарски, па го подбрав малку и ми се извини Чувствата додатно ми ги скрши кога го прашав што мисли чии наследници сме, на Александар Македонски или на Старите Словени, ми одговори дека немаме никаква генетска поврзаност со Александар. Тука сакав јако да го опцујам, ама се воздржав
Медиумиве треба да намалат со објавување црна хроника од соседни држави, од Балкан, од Европа, од светов. Не да намалат, воопшто да не објавуваат. Доволна ни е нашава црна хроника, нè трујат и со поширок регион и само со тоа сме опкружени. Од сабајле до вечер само читаме и слушаме кој кого убил, нападнал, загинал итн. Со што нè хранат и што ни ставаат во мозок, толку им вредат кликови на таква содржина?
Јас започнав да ги тргам. Забележав премногу дека почнаа да ми влијаат, по цели денови зборував само за тоа што имам прочитано, мислев, се сочувствував. На крај, сфатив дека треба да ги тргам сите црни хроники.
Епа тоа сакам да кажам. Далеку се тие таквите модерни "мажи" денес од "глава" на фамилијата кога сè поголем терет денес паѓа на жената. Во денешно време се сè понежни и понеспособни.
Епа те прашав, според тебе што треба да прави мажот, што жената? Пошто стварно не разбирам како изгледа за тебе идеалниот маж.
Мажот да не ги користи придобивките од феминизмот и се поголемата вклученост на жената во сите сфери во негова корист, само како негово растеретување од обврските додека жената жонглира помеѓу работа, домаќинство и деца.
Значи мажот само да работи, а дома да не се грижи за децата? А жената само се грижи за децата и не работи? Пошто у патријархална фамилија така е И ако муж ти ти го отежнува животот - лошо си се омажила, не е до феминизмот.
Ја само ќе си го цитирам ова, чисто потсетување вашите ќерки што ќе трпеа да не беше феминизмот. Барем секој здраворазумен родител сака детето да му расте во праведен и фер свет.
Убаво кажа она, само не ја разбра ти. Со феминизмот, жените се повеќе вклучени во сите сфери, работа, деца, дом, сметки.... Порано, мажот одел на работа а жената дома, ама денес и жената оди на работа и плус и за сметки и за домот се грижи, а тоа денешните мажи го користат во своја полза. Ем си одат само на работа ем сметките платени по пола, а останатото исто си останува на жената. Епа не бива така. Мора и они да се вклучат исто во сите сфери како и жената, ако сакаат да не си останат стари ергени довека.
Ама ова се работи за кои и што се бори феминизмот, без феминизмот нема ништо од ова.. Не е виновен феминизмот.
Ех манчи, незнам дали знаеш ама ај да не речам 90 посто, туку 80 посто од машката мк популација ни е неспособна. Некои си се искрени дека се неспособни а некои и асвалтот ќе го изораат со четкичка за заби само за да ни направат лажна слика дека се способни.... не дај боже да сретнете таков....